Грејвс укажува на суровите култови кои ги изведувале следбеничките на божицата на Месечината, а особено свирепа била култната пракса поврзана со Артемина(применвана на Таврида, меѓу дивите Тавријци) каде свештеничките ги убивале машките жртви, на брутален начин: жртвата ја врзувале за светото стебло(најверојатно круша - бидејќи дивата круша поради белиот цвет ѝ била посветена на Месечината), а потоа ја удирале со ремен направен од врба сѐ додека жртвата не добие еротска ерекција и не исфрли семе, оплодувајќи ја земјата со својата сперма и крв.