Сакам да кажам/Сакам да прашам

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Сдк:Нема Луксембурска амбасада во мк...Сдп: Знае некој кој е преставник од Луксембург во амбасадите тука,да не е германска амбасада или.?се надевам ме разбравте што сакам да прашам..

Значи бараш кај да се обратиш? :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Badgirl

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Да..некој ми кажа има Луксембурска амбасада во мк,а други пак да нема...:^)
Нема амбасада. Ама пошто во компјутеров имам секакви pdf срања, налетав на нешто за визен режим.
Вели вака:
Луксембург нема амбасада во МК, ама затоа има телефон за контакт. 3109250. Го проверив во именик на T-Home и дава резултат:
АМБАСАДА НА КРАЛСТВОТО ХОЛАНДИЈА
ЛЕНИНОВА 69/71
02 3109250

Значи најверојатно треба да се обратиш во холандска амбасада
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Badgirl

Badgirl

Староседелец
4 јануари 2013
1,477
3,258
1,133
30
Najubaviot grad ------> SKOPJE :D
Нема амбасада. Ама пошто во компјутеров имам секакви pdf срања, налетав на нешто за визен режим.
Вели вака:
Луксембург нема амбасада во МК, ама затоа има телефон за контакт. 3109250. Го проверив во именик на T-Home и дава резултат:
АМБАСАДА НА КРАЛСТВОТО ХОЛАНДИЈА
ЛЕНИНОВА 69/71
02 3109250

Значи најверојатно треба да се обратиш во холандска амбасада

Ти благодарам многууууууууууууууууууу........:D(hug)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ночной охотник

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Фраерот што ја прскаше бабичката со пиво е откриен -тој е син на сопственикот на ТВ Амазон, на фејсбук е најден по псевдонимот Дон Амазон.
timthumb.php


Епа гнидо една, пред да направиш лошо дело размисли 10 пати дали нормално тоа што го правиш.Резил еден (muscle)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Е! Мрч моуд, бежите са пута.
Абе, како да ви кажам, ама силата на една индивидуа не се манифестира преку „храброста“ да се самосожалуваш јавно. Оти сепак самосожалување е, да се разбереме, а тоа најчесто се граничи со атеншн хор синдромот на невидливост. Психосоматски симптом.
Страшно ме иритираат женчиња без достоинство што не знаат да повлекуваат прави линии. Или линии воопшто. (не, не мислам на кокаин (shake))
А да го мрднеше самосожалувачкиот задник и да направеше нешто што ќе те исполни, наместо да се лепиш на некој пастув или мисирка за потпора, чиниш со папочна врвка сте поврзани, па тие се Јинг во твоето Јанг, и обратно?
„Оо, ама не сфаќаш, јас сум реброто на мојот Адам, ми треба, морам со него.“ - вели до вчера еманципираната, „ај донт нид а мен“ мамасита.
Мораш да умреш, а ќе ти умре и Адам.
Реалноста вели дека шансата да завршите ко Ромео и Јулија е речиси нула. Не за друго бе, ама глупо е во умреница да ти пишува дека си се напил мишомор.
И мажи бе, смешно делува од страна кога паѓате на две-три однапред добро осмислени солзички, па се осеќате ко Херкул потоа.
Hollywood called, they want its cliche back.

Онака, една песничка за сите лоши, храбри кучки и мачо фраери кои мислат дека ги држат ситуациите под контрола.

Едит: Да, фала за „Тежок зависник“ трофејот баш за мислење во кое спомнувам кокаин. Симболично.
Најдете си тортичка на гугл и почастете се на моја сметка. (sun)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle, JaMi and True_Blood

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Добар ден, односно веќе вечер.
Зошто е вака замрено тука? Јунски мрзливо, пред време распуштено?
А сепак сакам друго да кажам...
Пред некое време, тазе, ми прелета цел живот пред очи. Додека се борев за здив, помислив дека не сакам вака да завршам. Мислев колку брзата помош ќе задоцни, ако воопшто имам сила да ја викнам. Кога се' сезаврши некако благодарение на татко ми, млитаво се тресев во неговата прегратка, како пред 20 и кусур години. И плачев, и се губев, и бев цијанотична истовремено.
Овој животец што по случаен избор го живееме, сепак вреди. Вреди многу повеќе од што мислиме.
Сфатив дека вреди да се борам, да верувам и да не се пожалам веќе дека ми е тешко.
Вреди да се љуби, вреди и да се биде повреден, вреди да се плаче и да се радува.
Вреди да се заврши факултет, вреди и да не се заврши.
Кој колку може, со колку е задоволен поточно.
Додека внесувам кислород и исфрлам СО2, додека ова мое срце чука, иако знае да прескокне циклус, јас знам дека живеам. А овој животец ми е доделен мене. Ќе се потрудам да не заборавам.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Farfalla, замрено е затоа што тековните теми за дискусија се пресушени од нас, старите членови. Потребна е свежа крв како и ентузијазам за нови квалитетни теми, кој за жал ние го запуштивме.

Инаку баш ми е мило што се врати и најбитно од се`, си здрава и жива. Не можам да замислам низ кои трауми имаш пројдено. Stay positive и ова нека ти биде еден огромен поттик за да се надоградиш самата во уште подобра личност.