Денес се обвив во смуртеност и мрзеливост.
Не сакам никој, не љубам ништо.
Некогаш те исполнува фактот дека ти се растопуваат две коцки Белисимо чоколатче во уста, некогаш чиниш дека ни твојата успешна работа и среден живот немаат смисла...
Оди сфати се. Дефинирај се...
Ете, расцепканоста низ емотивниот приоритет, некако суптилно те облекува за пред сопственото огледало.
Некои ги раскрвавија петите од газење врз лешеви, некои родија на 22, а јас уште душкам низ пакетов со милион прашалници, уште се удирам во гради, а мижуркам...уште сум досадна и недефинирана.
И уште не научив дека ова време, не се продава магла на форум туку се спие и се љуби.
Пријатно.