СКД дека она "денот по утрото се познава'' дефинитивно се исполни денес...
И така јас додека слатко си спиев сабајле во 7ипол саат ме разбудија страшни болки.. велам во множина затоа што ме болеа повеќе работи истовремено..како на пр : јајници,бубрези,стомаци
, главата,грбот,коските...ко некој да ми буричкаше внатре во телото
ко породилни болки да имав (не дека ги имам почувствувано ама сакам да направам споредба отприлика)
едвај станав да зеам апче! Бувнав еден кетонал (и покрај тоа шо знам дека веќе имуна станав на него) ама си реков,ај може ќе имам среќа овој пат!И како и што претпоставував,ништо!
: После еден саат помина се!Ок,заспав јас пак...
По пола саат се уклучи аларм на некоја кола надвор!Ко за инает..Си мислев во себе : не се нервирај,не се нервирај! ок ај заспав пак....
По саат време телефонот!!
и одбив на другарка ми едно 24.769 пати,ама упорност бре тоа да видите, невозможна упорност!!Заспав јас пак...
По 15 мин ете ја баба ми : Не стануваш?
Неможев веќе...морав да станам и онака изгубив желба за сон...
И шо дека станав? Цел ден ме боли глава,со сите се испокарав,на нерва дека ненаспана
и дечко ми си го доби,ни крив ни должен,и неможам да го поминам рекордот во Temple run...
И така...