Јас да сум некој фактор во државава, она аск.фм со закон ќе го забранам. Не, озбилно, како што на школо фејсбукот едно време ни го блокираа, така ќе го забранам. Ако некаде ми дошло желба да ги наплескам сите оние збеснати дечишта, е тогаш е кога ги прочитав постовите.
Пост 1: Анонимен: ХХХХХХХхххххххххххххххххх скината си?
Наде: Бегај бе манијак еден!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!1
Пост 2: Ку4ко може6 да ми се фати6, само се бламира6 кога сака6 да ме копира6.
Пост 3: - Досадно ми е.
- Ај да се е***е
- Јас со тебе? НИКАааааааааааАААААААААААДдд.
Пост 4: линк од некое дечиште со фризура Џастин Бибер и напрчено муце и под него прашање УБАФФФ ти е?
Пост 5: Панче 5д и Цене 4а.
Не бевме вакви ние бре, вистина не бевме. Уште не знаат мрсулите да си ги избришат, пишуваат за кинење, дупење и што ти уште не.
Новиве генерации се поненормални и поненормални се.