Имаше едно време некоја отвори тема дали тука или на друг форум мислам гласеше „Дечко ми е коњ“. Уште не сум 100% сигурен дали таа му „тепаше“ со комплименти или беше крајно исфрустрирана и сакаше да го вреѓа.
Трпко ако си толку упатен и сакаш да се правиш паметен ќе знаеш дека е тоа за неговото воскресение а не смрт.
Пошто за коњи сте збореле погоре, ко за почеток, еве човек ги смислил мреживе каде секој може да ја шири својата пропаганда, не коњ, па колку и да бил интелигентен и веган.Зошто човековиот живот е побитен од животот на некое животно ?
Грешка си. Човекот не е корисен за никого овде на планетава, не само што уништува се околу себе , туку си се уништува и себеси како вид, И животните сами си прават живеалишта, нашите живеалишта се копија на нивните, порано нашите дедовци граделе од кал и слама, а тој начин го научиле од птиците. Термитите на пример без да користат технологија и без да го вложуваат целиот свој живот во образоваие, градат толку совршени живеалишта со толку совршено осмислена циркулација на воздух, за да соврпено се затоплува секој дел од живеалиштет, осмислиле дури и посебни ходници за излез, посебни за влез... Медицина велиш... ете јас не ретко приметувам дека кога јадат лоша храна, мачките и кучињата јадат одредени билки за да им помогнат во стомачите тегоби, многу животински видови (ако не и сите) се лекуваат со гладување кое денес е и како популарно кај нас и било застапено одсекогаш во нашата алтернативна медицина. Веганството од луѓе смислено . Како може јадењето исклучиво растителна храна да е смислено од луѓе? Ај нема да коментирам.Не ви се мешам во веган вс. месојад темата, ама ова...
Пошто за коњи сте збореле погоре, ко за почеток, еве човек ги смислил мреживе каде секој може да ја шири својата пропаганда, не коњ, па колку и да бил интелигентен и веган.
Затоа што без човекот не би постоеле живеалишта, не би постоела електрична енергија, ниту медицина, не би знаеле вселената на кој принцип работи, па еве, ниту дека веганството е поздраво од другите начини на исхрана - и тоа е од луѓе смислено, не?
Е сега, не би постоеле ни мал милион негативни работи без човекот, ама интелигентниот коњ (или било кое животно) не игра апсолутно никаква улога ни во позитивниот, ни во негативниот развиток на светот. Затоа човечкиот живот е побитен.
Човекот гнаси, но и краси... коњот само галопира и егзистира, додуша ко и многу луѓе-амеби, али тоа е веќе друга тема...
Дали, ако се најдеш во ситуација да можеш да спасиш само едно, би спасил ждребе или бебе?
Јас не ја оправдувам ниту модата со веганството, неколку пати го имам кажано тоа. Веганските производи од соја се чист отров, готовите производи - исто. Незнам за другите ама јас и Трпе се дома сами си правиме и не го подржуваме помодарското веганство, ниту пак купуваме готови вегански производи. Затоа треба човек да е свесен за секоја своја постапка, а не да следи трендови или однапред наметнати животни стилови. Суплементи исто така не земаме, не ни фали ништо. Б12 го има природно во устата и во цревата, довоно е само да се мијат забите со природни пасти за заби и да не се пијат антибиотици, витаминот Д се добива од сонцето, доволно е пола саат дневно да си на сончева светлина, па и помалку, а витамин А има во многу други растенија.Имам само една јакна со вештачко крзно малку на капата, друга облека со крзно немам. Исто и козметика која не е тестирана на животни, користам essence, maxfactor и ретко deborah, имам исто од gosh ајлајнер, ама мислам и тие не тестираат на животни Претежно на essence ми е козметиката.
За еволуцијата, забите и дигестивниот систем и те како имаат улога во начинот на исхрана, за забите веќе се изјаснив, истото е и со цревата. Кај карниворите во желудникот има кисела pH, исто и кај луѓето, тоа е за да можат да ја сварат многу подобро храната. Кај хербиворите има базична pH оти се хранат само со растенија. Значи анатомски, сепак сме со "ѕверовите" послични. Ја спомна пандата, не знам дали си свесна дека пандата е аномалија? Нивниот дигестивен систем е сличен на оној на мечката, а се хранат со бамбус само. Бидејќи нивниот дигестивен систем не е создаден за таква храна, мораат да изедат околу 30/40 килограми бамбус за да преживеат. Пандата е една од најинтересните генетски аномалии.
Да не заборавиме дека Б12 витамин нема во растенија, витамин А исто. Во морковите има каротен, а вистински витамин А нема. Исто и витамин Д.
Суплементите што се земаат кои се излезени од фабрика мислиш дека се поздрави од природните протеини и витамини? Јас колку што знам и во веганска храна има еден куп соја и адитиви кои не се баш здрави. Плус веганството е релативно ново, ќе видиме какви реперкусии ќе има врз човековото здравје допрва. Сега за сега е многу рано да се зборува за тоа. Јас не велам дека треба само месо да се јаде, ама исто мислам дека не треба да се исклучи. Ниту јас не јадам месо секој ден, не е ни здраво само месо да се јаде. Јас сум си за баланс - односно од се по нешто. За тоа колку и растенијата се изобличени денес да не правиме муабет, прскани, немаат вкус, не се знае дали домат јадеш или тиква. Не можеш да ме убедиш дека омега киселините, рибата, животинските протеини се штетни за здравјето. Е сега за да го јадам јас тоа, треба да го купам од некаде. А ако мислиш дека само индустријата за храна е крвава, во заблуда си. Сите гиганти имаат експлоатација на вработените, да видиш како само работат луѓе вработени во фабрика за веганска храна, во кои услови врват половина ден. Немој да мислиш дека оној што ти овозможува млеко од бадеми е најголемиот хуманитарец и дека не гледа профит. Денес се е профит. Со самото тоа што ти ќе купиш вегански продукт правиш поддршка на човечка експлоатација, знаеш тоа нели? Со тоа што ќе направиш шат даун на гиганти за прехрамнбени производи од животни, ќе фрлиш семе за развој на гиганти за растителни производи, каде исто владеат одвратни услови. Е сега ако ми кажеш дека ти дома се сама спремаш и не купуваш такви производи, тогаш океј, на планетава и требаат такви луѓе, али и требаат и доктори, електроинженери, правници, градежници, архитекти... Е сега за да завршиш медицина и да лекуваш луѓе, или да завршиш право и бркаш администрација или судски процеси немаш време сам дома одгледуваш растенија. Јас спаѓам во горенаведените и верувај немам време дома јаболкница да насадам, да берам јаболка цел ден и така да живеам. Пошто порано или подоцна луѓето кои го прават тоа пак ќе дојдат во позиција да им притреба некоја услуга од горенаведените. Тоа е и едно општество впроочем.
И аман не се навредувам толку лесно, ама ако мислиш дека со тоа што на некој ќе му речеш мршојадец, убиец и сите оние "пофални" зборови си помагаш за теоријата, грешка си. Конкретно не за тебе, ама за сите така што дебатираат не покажуваат поента, покажуваат ниво на култура
Како што можеш да приметиш не плачам дека ме навредил некој, убаво си дискутирам, смирено, ама некои не прифаќаат дека не сите мислиме исто.
Али дојде време да треба да се извини човек што си поседил дома со роднините на 7ми Јануари и што направил трпеза дома. Тоа и ми беше првичната поента, дека дојде времево да се извинувам оти сум си зела одмор и оти сум сакала да каснам нешто "попразнично". Тоа што дискусијава завзеде друг тек, тоа е друга работа.