Сакам да кажам/Сакам да прашам

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Дај ми податок дека b12 го има во уста, те молам. Оти барам ама не можам да најдам.
Исто сакам истражување дека веганите немаат дефицит на b12.
Дијабетесот и срцевите заболувања не се добиваат од јадење месо, туку од нездрава исхрана, јадење само фаст фуд, јадење препржено. Јас не го предлагам тоа. Да вадам научни трудови за дијабет и кардиоваскуларни заболувања?
Пак ќе се повторам, за веганството какви реперкусии ќе има допрва ќе видиме, релативно нова појава е, нека поминат години па ќе видиме како ќе се одрази врз човековото здравје.
Не е се во образованието и стручнста. Живеалишта се граделе дсекогаш и пред факултетите за кои си го жртвувате слободното време, медицина одсекогаш си постоела... знаењето не е врзано за дипломата ниту пак стручноста е.
Aбе медицината си постоела, ама порано знаеш колку бил пократок човечкиот век?
Знаеш кој прогрес се медицинските напредувања? Свесна си дека се исчистиле БОЛЕСТИ со нејзина помош? Свесна си дека недај Боже (никако не го посакувам тоа), утре сите може да се разболиме? Дај молим те имај барем малку почит кон луѓе кои учат минимум 6 години плус специјализација за да можат да лекуваат. Утре ако ти се погоди некој недоветен да сака да ти земе од имот или да те украде свесна си дека треба адвокат да те брани? Да треба да дадеш документи некаде свесна си дека некој треба превод да ти направи на тоа така? Имај почит кон луѓе на чија врата можеби ќе треба да тропнеш некогаш.
И аман не те провоцира никој, си дебатираме. По 100000 пат, нема ништо лошо во тоа да си веган, лошото е што се пробуваш да го извишиш тоа а другото да го омаловажиш. Јас прва те поздравив дека е за восхит твоето, ама не можете да сфатите дека не секој така сака да живее.
Цело време со ладна глава пишувам, ама ми се смачи и мене се вртам како киша око Крагуевца.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Priroden

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Од кога на админите им е дозволено тролање? Да ги пишуваше тие глупости некој друг предпоставувам ке беа избришани мислењата
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BioTrpe

BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143
Имам само една јакна со вештачко крзно малку на капата, друга облека со крзно немам. Исто и козметика која не е тестирана на животни, користам essence, maxfactor и ретко deborah, имам исто од gosh ајлајнер, ама мислам и тие не тестираат на животни :) Претежно на essence ми е козметиката.
За еволуцијата, забите и дигестивниот систем и те како имаат улога во начинот на исхрана, за забите веќе се изјаснив, истото е и со цревата. Кај карниворите во желудникот има кисела pH, исто и кај луѓето, тоа е за да можат да ја сварат многу подобро храната. Кај хербиворите има базична pH оти се хранат само со растенија. Значи анатомски, сепак сме со "ѕверовите" послични. Ја спомна пандата, не знам дали си свесна дека пандата е аномалија? :) Нивниот дигестивен систем е сличен на оној на мечката, а се хранат со бамбус само. Бидејќи нивниот дигестивен систем не е создаден за таква храна, мораат да изедат околу 30/40 килограми бамбус за да преживеат. Пандата е една од најинтересните генетски аномалии.
Да не заборавиме дека Б12 витамин нема во растенија, витамин А исто. Во морковите има каротен, а вистински витамин А нема. Исто и витамин Д.
Суплементите што се земаат кои се излезени од фабрика мислиш дека се поздрави од природните протеини и витамини? Јас колку што знам и во веганска храна има еден куп соја и адитиви кои не се баш здрави. Плус веганството е релативно ново, ќе видиме какви реперкусии ќе има врз човековото здравје допрва. Сега за сега е многу рано да се зборува за тоа. Јас не велам дека треба само месо да се јаде, ама исто мислам дека не треба да се исклучи. Ниту јас не јадам месо секој ден, не е ни здраво само месо да се јаде. Јас сум си за баланс - односно од се по нешто. За тоа колку и растенијата се изобличени денес да не правиме муабет, прскани, немаат вкус, не се знае дали домат јадеш или тиква. Не можеш да ме убедиш дека омега киселините, рибата, животинските протеини се штетни за здравјето. Е сега за да го јадам јас тоа, треба да го купам од некаде. А ако мислиш дека само индустријата за храна е крвава, во заблуда си. Сите гиганти имаат експлоатација на вработените, да видиш како само работат луѓе вработени во фабрика за веганска храна, во кои услови врват половина ден. Немој да мислиш дека оној што ти овозможува млеко од бадеми е најголемиот хуманитарец и дека не гледа профит. Денес се е профит. Со самото тоа што ти ќе купиш вегански продукт правиш поддршка на човечка експлоатација, знаеш тоа нели? Со тоа што ќе направиш шат даун на гиганти за прехрамнбени производи од животни, ќе фрлиш семе за развој на гиганти за растителни производи, каде исто владеат одвратни услови. Е сега ако ми кажеш дека ти дома се сама спремаш и не купуваш такви производи, тогаш океј, на планетава и требаат такви луѓе, али и требаат и доктори, електроинженери, правници, градежници, архитекти... Е сега за да завршиш медицина и да лекуваш луѓе, или да завршиш право и бркаш администрација или судски процеси немаш време сам дома одгледуваш растенија. Јас спаѓам во горенаведените и верувај немам време дома јаболкница да насадам, да берам јаболка цел ден и така да живеам. Пошто порано или подоцна луѓето кои го прават тоа пак ќе дојдат во позиција да им притреба некоја услуга од горенаведените. Тоа е и едно општество впроочем.
И аман не се навредувам толку лесно, ама ако мислиш дека со тоа што на некој ќе му речеш мршојадец, убиец и сите оние "пофални" зборови си помагаш за теоријата, грешка си. Конкретно не за тебе, ама за сите така што дебатираат не покажуваат поента, покажуваат ниво на култура :)
Како што можеш да приметиш не плачам дека ме навредил некој, убаво си дискутирам, смирено, ама некои не прифаќаат дека не сите мислиме исто.

Али дојде време да треба да се извини човек што си поседил дома со роднините на 7ми Јануари и што направил трпеза дома. Тоа и ми беше првичната поента, дека дојде времево да се извинувам оти сум си зела одмор и оти сум сакала да каснам нешто "попразнично". Тоа што дискусијава завзеде друг тек, тоа е друга работа.
Твоето име на профилов ме тераше да мислам дека си попаметна .. но девојко ..... не си ипак, сори
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Дај ми податок дека b12 го има во уста, те молам. Оти барам ама не можам да најдам.
Исто сакам истражување дека веганите немаат дефицит на b12.
Дијабетесот и срцевите заболувања не се добиваат од јадење месо, туку од нездрава исхрана, јадење само фаст фуд, јадење препржено. Јас не го предлагам тоа. Да вадам научни трудови за дијабет и кардиоваскуларни заболувања?
Пак ќе се повторам, за веганството какви реперкусии ќе има допрва ќе видиме, релативно нова појава е, нека поминат години па ќе видиме како ќе се одрази врз човековото здравје.

Aбе медицината си постоела, ама порано знаеш колку бил пократок човечкиот век?
Знаеш кој прогрес се медицинските напредувања? Свесна си дека се исчистиле БОЛЕСТИ со нејзина помош? Свесна си дека недај Боже (никако не го посакувам тоа), утре сите може да се разболиме? Дај молим те имај барем малку почит кон луѓе кои учат минимум 6 години плус специјализација за да можат да лекуваат. Утре ако ти се погоди некој недоветен да сака да ти земе од имот или да те украде свесна си дека треба адвокат да те брани? Да треба да дадеш документи некаде свесна си дека некој треба превод да ти направи на тоа така? Имај почит кон луѓе на чија врата можеби ќе треба да тропнеш некогаш.
И аман не те провоцира никој, си дебатираме. По 100000 пат, нема ништо лошо во тоа да си веган, лошото е што се пробуваш да го извишиш тоа а другото да го омаловажиш. Јас прва те поздравив дека е за восхит твоето, ама не можете да сфатите дека не секој така сака да живее.
Цело време со ладна глава пишувам, ама ми се смачи и мене се вртам како киша око Крагуевца.
И јас пишувам со ладна глава, незнам зошто ти се чини дека не е така.
Не мислам дека имате против моето веганство, ниту јас против вашето... само морам да си кажам што мислам, а тоа што го почитувам изборот на другите не секогаш значи дека и го подржувам...
Ке ти најдам факти за тоа во наредните два - три дена. Сум читала научни студии од светски универзитети и ке ги најдам, само ми треба време. исто така тука низ форумот имам постирано неколку предавања од врвни лекари и научници, ке ги побарам и тие и секое предавање е основано на факти и е поткрепено со истражувања, а и интересна работа, се работи за снимки од пред 15-20 години, па и повеке. Веганството не е нова ствар, кај нас можеби е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BioTrpe

BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143
Aбе медицината си постоела, ама порано знаеш колку бил пократок човечкиот век?
Бил пократок? Денес едвај доживуваме по 60 години, тоа е радост и реткост, повеќето прерано умрат од тумори, ракови, срцеви и мозочни удари и слично, што не се појава кај вегните ;)
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Да, затоа се регистрирав јас овде, оти ми треба признание од луѓе зад псевдоним дека сум паметна :D Ич не ми треба, верувај :) Си знам колку вредам, си ги знам сите маани, свесна сум дека и од мене има попаметни. Нема потреба што да се извинуваш, така ме перцепираш ти, твое си е тоа.
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Од кога на админите им е дозволено тролање? Да ги пишуваше тие глупости некој друг предпоставувам ке беа избришани мислењата
Не сакам да се вклучам во дискусијата и неам намера, ама ако се админи не значи дека им е рушено правото на слободно изразување како останатите членови. Тоа што имаат неколку опции плус на форумов не значи и дека не смеат да се изразат како останатите.
Пријатно.
 

BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143
Не сакам да се вклучам во дискусијата и неам намера, ама ако се админи не значи дека им е рушено правото на слободно изразување како останатите членови. Тоа што имаат неколку опции плус на форумов не значи и дека не смеат да се изразат како останатите.
Пријатно.
Не станува збор за слободно изразување туку за тролање, неколку пати ми има избришано мислења затоа што само тој сметал дека е тролање ... ова негово не е?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Не сакам да се вклучам во дискусијата и неам намера, ама ако се админи не значи дека им е рушено правото на слободно изразување како останатите членови. Тоа што имаат неколку опции плус на форумов не значи и дека не смеат да се изразат како останатите.
Пријатно.
Нека си дискутира де, ама он трола од преска. На трпе му беа бришани некои слични постови, зошто сега овие на егзистенс никој не ги брише?
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Зшто само интелегенцијата ја воздигнувате како особина, па и останатите видови си имаат способности кои се важни за нивниот опстанок. Некои опстојале поради брзината, некои според остриот вид, сетилото за мирис или слух, ние поради способноста да мислиме... Сите тие се подеднакво битни за природата, интелегенцијата е најбитна за нас, бидејки во одсуство на истата човекот не би напредувал и не би постојал на планетава, но зарем е причина да се омаловажуваат останатите видови?
Глупаво е да го поставите прашањето кој е побитен. Секој за себе си е најбитен.
Ама како што реков, треба објективност за да може да се дискутира на темава.

Сме граделе облакодери на месечината.... голема работа... уште умираат деца од глад и од недостаток на вода. 80% од светското население живее во тешка сиромаштија, 20% од населението нема покрив над глава. Најголемите реки во светот пресушуваат, изумираат животински видови, секој втор развива рак во себе, немаме воздух веќе за дишење, се сечат шуми, се вадат минерали, се исцрпуваат последните извори на нафта... сме граделе облакодери на марс.... браво за нас како вид... браво.
Постот што го цитирав збореше за интелигенција и тоа дека коњот бил поинтелигентен од луѓето, што нема никаква логика.
За другово, затоа и реков - човек краси и човек гнаси. Мора нешто да се жртвува за да се напредне на друго поле.
Дури и да се свртиме сиот свет кон веганство, ќе требаат долги и долги години пред да дојде до евентуално сценарио ко што мислите - дека ќе бидеме едно со природата, ќе живееме во хармонија и сите ќе сме здрави и сити. Дотогаш и во третокласна земја мора тој човек да проба да преживее, а еве, таму полесно е да уловиш и ставиш на оган животно да те спаси од глад отколку да одиш да збираш бобинки по пустелиите што изумираат и да се надеваш дека не се отровни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene