Саеми на книги

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
И јас ќе одам, најчесто штандот на просветно дело бидејќи секогаш има прирачници за граматика, биологија, хемија... а се многу ефтини.
Исто и на сакам книги го посетувам, оваа година не планирам многу да купувам само книги за на училиште.

http://issuu.com/iki001/docs/sakamknigi_katalog_2013
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Саемот на книгата ќе започне утре а ќе трае до 15ти Април. Овој саем е 25тиот по ред.
Мислам дека нема никаква потреба да пишувам дефиниции за тоа што е саем, да ја објаснувам неговата поента, и да раскажувам историјати.
Има потреба да кажам дека поранешните саеми многу повеќе ми беа по ќеиф. Последниве две години сум толку негативно изненаден, што веќе ја изгубив онаа волја, да одам на саем, и да се вратам товарен, доволно квалитетно за да имам што да читам цела година.
e_kniga_2013.png
Вие што ќе кажете? Ќе одите на саемов?
Кој ден ќе го резервирате за него?
Планирате да купите некоја книга?
Одите ли и вие како мене, со една дооолга листа и шетате од штанд на штанд па после не можете да се одвлечкате? :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Одев изминатите 3 години, оваа за жал нема да можам а баш би сакала. Има што да се види, што да се купи, посебно ако си љубител на пишаниот збор :sram
Да се надеваме в година и мојата книга дека ќе ја има на саемот :p
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Цела година си правам список и го чекам саемот да си купам некоја книга...ако не можам јас обавезно праќам некој да ми ја заврши таа работа...:)
а особено му се радувам на саемот на МАтица...имам членство со голем попуст, па таму листата е малку подолга...:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe and Arkantos

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Ми кажаа дека имало ваква тема... јас пак не можам да ја најдам. Ќе си средат модераторите.
Се извинувам...навистина.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Само шо се вратив оттаму, има разновиден колаж. Мене мерак ми правеа „Антолог“, „Магор“, „Темплум“, „Или-или“ донекаде и „Табернакул“ и понешто ситно од „Три“, „Кавказ“ и Америчкиот/англискиот центар што се тиче ефтини класици.
Табернакул има од Кундера доста избор иако нетака висок попуст, но еве рецимо „Идентитет“ беше за 200ки што е доста пристапна цена. Од Или-или па доста сум задоволен. Некои книги имаше и по пола цена, као „Колекционер“ од Фаулс. Шлинк го имаше истотака. Од Антолог го зедов Барико со неговата најнова книга - „Емаус“. Темплум со нивните едиции и комплети беа по багатела цена со по 150 денари книга (книжуле додуша) но со далеку подлабока содржина од сиот оној шунд накупен во некои од другите издавачки куќи. Оттаму си ја зедов „Девствено море“ од Андреј Платонов, како вљубеник на дистописката содржина. Од Слово како што си ветив после прочитаните све „Визатискиот Комонвелт“ и „Падот на Константинопол“ се почастив со уште една историографска „Османската империја (класично доба)“ од Халил Инанџик. Типот малце беше изгубен да ми подраскаже дали има уште некоја нова, така да малку ме разочараа со односот. Од ПИВ публикации (бившо Кавказ) имаше класици за багатела од по стотче од книга (јесда на англиски ама што има везе). Си ја зедов The picture of Dorian Gray од Oscar Wilde, да вежбам јазик летово. Едно нешто ме зачуди, кога бев во Американскиот центар, видов една книга за крстоносци (историска фикција) со тврд повез, за смешни пари и ја зедов. Сеа коа дојдов дома, висов што било финтата - тоа да ти било трилогија а јас сум ја имал само првата книга. Не е голем губитокот, ваљда добра приказна ќе има. И тоа е тоа за сега.
Видов дека Џамбаз има издадено нова, но да бидам искрен, не ми се свиѓа више. Досаден е со таа негова напумпаност и комерцијала секој саем да вади по нова книга.

И секоја чест за типот со винтаж книги и постери/плочи од Битлс што се наоѓаше некаде у средина на халата.

За следно идење дефинитивно „Разговор со Спиноза“ од Гоце Смилевски.
Толку за сега. Хабардов центар ги поштедив од тролање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Redhead

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
e_kniga_2013.png

Јубилеен 25-ти саем на книгата .
Меѓународниот САЕМ НА КНИГАТА, како една од најзначајните културни манифестации во земјата обезбедува најголема концентрација на дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста.
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
сум бил два пати до сега во Скопје ама искрено не сум по книгите многу поќе ојдов пошто ми се одеше Скопје :D