Мене Сакам книги ми се топ. Преводите им се многу добри, за разлика од другите издавачки куќи кои знаат да извадат книга со превод на некој си дијалект, куп печатни грешки, србизми и слично. Особено ми се свиѓа тоа што вадат само најнови наслови кои се мометално популарни во светот, а не некои бајати книги што цел свет ги прочитал пред 7-8 години.
Едвај го чекам саемот на книги, го посетувам секоја година, некогаш и по два пати. Нема којзнае каква понуда ама не можам да речам ни дека е лошо, цените се океј, а најмногу ми се свиѓа атмосферата. Не се враќам дома без помалку од 10-15 книги.
Не знам што ќе купам годинава, ќе видиме. Се сложувам за тоа дека лани книгите на Матица беа поскапи отколку кај нив во книжарница, па ќе чекам да видам какви им се цените сега. Знам само дека ќе купам 5 книги од штандот на сакам книги за да си добијам подарок чаша. Ги имам скоро сите нивни книги, освен најновите 3 и немаат утка. Не би се сложила баш дека сите книги им се чик литература - имаат 5-6 трилери, кој од кој подобар и имам дома 3 нивни драми што исто така се одлични. А и чик книгите се екстра романтични комедии, не може да не и се свиѓаат на било која девојка која гледа романтични филмови. Не гледате романтични филмови, не ви се свиѓаат Pretty woman, Dirty dancing, Sex and the city...?
Јас не сум чула за девојка која не сака вакви филмови и книги, ретко. Камо среќа сите издавачи да вадеа такви нови модерни книги, ќе не знаев што да купам, преку глава ми е од едните исти Шелдон, Даниела Стил, Аманда Квик, Нора Робертс и толку.