Саеми на книги

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Посетувам редовно саеми на книги.Ама година во година се се по катастрофа.Ми се деси лани на штандот на Матица,книги кој што на нивниот попуст во јануари биле 250 ден, за саемот да бидат 450 ден.И нивното објаснување беше дека се последни изданија, а нема врска.Годинава едвај чекам да одам како и скоја година, ама баш ме интересира што ќе биде со цените. Може да си се вратам дома без ниедна книга.:(
 
zombie#

Полноправен Член
11 април 2012
72
65
18
29
Кога имам можност одам, затоа шо сепак живеам во Охрид а сите саеми во Скопје се така да..
Али годинава планирам да одам на овој саем сега шо е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Eva

She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
569
393
Саемскиот каталог од сакам книги си нема врска. Чик лит еден куп. Понудата е безнадежна во последно време, како што гледам. Прирачници за подобар живот, подобар секс и уште незнам што има, само квалитетна книга нема.
 
Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Саемскиот каталог од сакам книги си нема врска. Чик лит еден куп. Понудата е безнадежна во последно време, како што гледам. Прирачници за подобар живот, подобар секс и уште незнам што има, само квалитетна книга нема.
Ни мене не ми се свиѓа воопшто понудата на Сакам книги. Се е чик литература,а ич не сакам такви. Ама чудно ми е од другиве издавачки куќи што нема каталози. Обично две недели пред саем се знаеше кој книги,попусти и такви работи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Eva

Лејди М

Нов член
20 април 2012
16
15
3
39
Скопје
Мене Сакам книги ми се топ. Преводите им се многу добри, за разлика од другите издавачки куќи кои знаат да извадат книга со превод на некој си дијалект, куп печатни грешки, србизми и слично. Особено ми се свиѓа тоа што вадат само најнови наслови кои се мометално популарни во светот, а не некои бајати книги што цел свет ги прочитал пред 7-8 години.

:wavespin Едвај го чекам саемот на книги, го посетувам секоја година, некогаш и по два пати. Нема којзнае каква понуда ама не можам да речам ни дека е лошо, цените се океј, а најмногу ми се свиѓа атмосферата. Не се враќам дома без помалку од 10-15 книги.

Не знам што ќе купам годинава, ќе видиме. Се сложувам за тоа дека лани книгите на Матица беа поскапи отколку кај нив во книжарница, па ќе чекам да видам какви им се цените сега. Знам само дека ќе купам 5 книги од штандот на сакам книги за да си добијам подарок чаша. Ги имам скоро сите нивни книги, освен најновите 3 и немаат утка. Не би се сложила баш дека сите книги им се чик литература - имаат 5-6 трилери, кој од кој подобар и имам дома 3 нивни драми што исто така се одлични. А и чик книгите се екстра романтични комедии, не може да не и се свиѓаат на било која девојка која гледа романтични филмови. Не гледате романтични филмови, не ви се свиѓаат Pretty woman, Dirty dancing, Sex and the city...?(wasntme) Јас не сум чула за девојка која не сака вакви филмови и книги, ретко. Камо среќа сите издавачи да вадеа такви нови модерни книги, ќе не знаев што да купам, преку глава ми е од едните исти Шелдон, Даниела Стил, Аманда Квик, Нора Робертс и толку.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma

Прво добре дојде на форумов, гледам дека си нова.:)
Секој си има различен вкус за книги. Јас да, сакам да гледам романтични филмови, ама само да гледам,а не да читам такви книги. Сакам книги почнаа со премногу чик литература, јас обично не читам толку бестселери (мада ако ме привлече книгата знам да ја купам), повеќе сакам од автори што не се толку познати. Инаку ми се свиѓа целата замисла на Ивана од Сакам книги и како ја рализира. Од читател, со голема љубов кон книгата отвори издавачка куќа. И не секој е по новите модерни имиња од автори. Тоа е мое мислење.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trouble and She

Лејди М

Нов член
20 април 2012
16
15
3
39
Скопје
Фалааа:) Барав на гугл нешто за саем на книга 2012, многу малку инфо, па така налетав на форумов. Убаво е да се дискутира на теми што те интересираат:)
 
zombie#

Полноправен Член
11 април 2012
72
65
18
29
Ако некој не ја видел рекламата за саемов. Од 24-29 ќе е.
Иначе јас не знам дали ќе одам затоа шо од напкола не ми се сигурни многу многу, а викендот можда за Србија и Романија да заминам-.-
 
Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Јас најверојатно ќе одам, од училиште нешто се организира. Па и ефтино оваа година (за превоз). :)