Саеми на книги

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Бев.
Првиот пат извршив истражување на пазарот, вториот пат зедов 7-8 комада. Ќеф ми направија Темплум со Фаренхајт 451, исто Кавказ со евтините класици. Конечно го начекав и Гол Човек од Џамбаз за поевтино. Истотака 2 книгичиња од Владимир Петрушевски. Се` на се` топ. Некои 1000 денари спискав ама задоволен од изборот. I, Robot од Асимов ќе почека од библиотека - прескап беше. Истотака Табернајул имаа добри книги само да беа уште маааалку поевтини. Вештица ќе ја зимам ваљда ако идам трет пат.
n.b. За следен пат мислам да се разгледа идејата делење на детска литература од литература за постари. Имаше мноооогу мали деца, а имаше и избор. Нека биде втората хала за нив, а нас обичните смртници да не` остават на раат да разгледуваме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: She, The Tramp and redhead

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Морам да кажам дека сум разочарана од саемов.Бев денеска и немаше некоја добра понуда на книги барем според мене.Тие книги што сакав да ги купам од Табрнакул од Орхан Памук беа се по 500 ден. Земав од АЕА трилогијата "Александар" од Валерио Масимо Манфреди, се за животот на Александар Македонски и од Сакам книги (ова ми е прва книга купаена од нив, баш сакав да го видам квалитетот на оваа издавачка куќа) "Момчето во пижами на риги" се работи за две момчиња за време на втората светска војна (едното е германче,а другото еврејче).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Морам да кажам дека сум разочарана од саемов.Бев денеска и немаше некоја добра понуда на книги барем според мене.Тие книги што сакав да ги купам од Табрнакул од Орхан Памук беа се по 500 ден. Земав од АЕА трилогијата "Александар" од Валерио Масимо Манфреди, се за животот на Александар Македонски и од Сакам книги (ова ми е прва книга купаена од нив, баш сакав да го видам квалитетот на оваа издавачка куќа) "Момчето во пижами на риги" се работи за две момчиња за време на втората светска војна (едното е германче,а другото еврејче).
Аман бе? А оттрча бар до Кавказ, темплум, бегемот, Магор, Или-или? Бестселери увек се со цена (и со право). Табернакул држат истотака но со право - ем се масовни ем квалитет - за разлика од темплум и Или-или. За другиве со право иначе.
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Аман бе? А оттрча бар до Кавказ, темплум, бегемот, Магор, Или-или? Бестселери увек се со цена (и со право). Табернакул држат истотака но со право - ем се масовни ем квалитет - за разлика од темплум и Или-или. За другиве со право иначе.
Бев и до нив. Ама некако не ми фати око. Јасно ми е за бестселерите и за цените, али сепак. Дали мене ми се менува вкусот многу што знам, порано од саем не си одев без најмалку 8 книги. Единствено нешто што ме израдува од Матица ми кажаа дека биле во преговори за издавањето на најновата книга од Зафон. (bravo)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Бев и до нив. Ама некако не ми фати око. Јасно ми е за бестселерите и за цените, али сепак. Дали мене ми се менува вкусот многу што знам, порано од саем не си одев без најмалку 8 книги. Единствено нешто што ме израдува од Матица ми кажаа дека биле во преговори за издавањето на најновата книга од Зафон. (bravo)
За зафон, и јас одвај чекам. За фаќање/нефаќање око треба да се проба. Искрено чим ја имаа Дипломец (Чарлс Веб) обработено ми се отворија троа повеќе очите - да не речам бев ококорен :rofl. Се сменија вредностите а и вкусот откако почнаа да штанцаат другиве лоши преводи на анемични книги.
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
За зафон, и јас одвај чекам. За фаќање/нефаќање око треба да се проба. Искрено чим ја имаа Дипломец (Чарлс Веб) обработено ми се отворија троа повеќе очите - да не речам бев ококорен :rofl. Се сменија вредностите а и вкусот откако почнаа да штанцаат другиве лоши преводи на анемични книги.
Познат ми е муабетов за анемичните книги на Ѓурѓа така? :rofl Покрај нив само си поминав, али многу луѓе купуваа од кај нив. А да и заради преводот се премислував многу. Некако солиден и е на АЕА и едвај чекам да ја отворат новата книжара. А за Сакам книги реков сакам да видам за квалитетот нивни дека многу ги фалат, мада не ми свиѓа што се се само бестселери ама ете они се ориентирани кон тоа. И за книгите од Табернакул здравје, ќе ги купувам книга по книга :sreken
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Оваа година повеќе ќе се осврнам кон стручната историографска литература. Восхитен од претходните две (Падот на Константинопол од Стивен Рансиман и Византискиот комонвелт од Димитрије Оболенски), издадени од издавачката куќа Слово, би сакал да си ја докомплетирам колекцијата со уште 2-3 поврзани со Отомансото и селџучкото владение на овие простори.
Истотака ако буџетот ми дозволи уште малку повеќе, би ги посетил Магор, Или-или и Табернакул. Можно е да земам уште некоја книга со утопистички/дистопистички сфаќања, пишувана некаде од средината на 50тите/60тите. Налик на 1984/Фаренхајт 451. Матица и Ѓурѓа ќе ги прескокнам како и минатата, така и оваа година. Едино можда ќе видам кај англичаните за Асимов.
 

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
36
Неготино
уште некој ден и одам на саем,не за друго заглавувам таму по неколку саати и излегувам со празен новчаник и празна картица
секогаш редовно ги посетувам саемите,и барам стручни книги и онака за разонода,сакам да прочитам повеќе стилови на пишувања,да се изненадам