Саеми на книги

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Не.
Немаш ли нивни број или фејсбук па да ги прашаш дали ти ги имаат издадено книгите?
Прееска звонев. Не ми креваа. Звонев крај 12 па потоа крај 3.
Барав бев страна, во изработка им била, а фејсбук немам за да ги побарам таму.
 
Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Одам на саем уште од пред 4-5 години секоја година и обавезно си купувам по 6-7 книги :zelen Многу сакам да читам, ама не купувам книги од типот "Како да го заведете дечкото шо го сакате" или "како до поуспежен бизнис" и други од тој тип, нит купувам незнам енциклопедии, библии, си купувам книги шо можам да си ги читам секогаш кога ќе ми биде досадно. Купувам и на англиски доста, пошто тоа студирам и нтересно ми е, сакам да си читкам на англиски, си се вежба јазикот многу. Иначе за цените, да, на некои штандови стварно претеруваат, па д аму е**м мајката затоа е саем на книга, за да бидат поефтини не поскапи :cool:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Јас сум во план да одам Недела. таман тој ден сум по слободен и плус ке бидам во друштво на млада госпоѓица шо обожава книги па може како изненадување да ја однесам на саем. Не сум во план да земам многу книги ама то шо ке го земам ке биди нешто во областа на либертаризмот.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Saladin

Да ти одговорам денес на она што бев повикан да одговорам вчера.
Разочаран.
Тотално.
Порано, одев и останував минимум 2 часа разгледувајќи, а потоа почнував со купувачката акција. Сакав да го чувствувам мирисот на нови книги. Сакав да го гледам џганот насобран да купува.
Годинава... застанав на штандот од просветно дело да прашам дали ги има другите делови од Вамприски дневници, и пред мене „прошиша“ девојка, сигурно имаше 17 години, и ја побара „Книгата од Џастин“ и се фукна 300 денари за НИШТО. И среќна задоволна истрча кај другарките.
Книгите што „владееа“ на саемот беа бестселери, некој глупави приказни кои ми се повраќа да ги слушам како ми ги раскажуваат а не да ги читам.
Не сакав да останам долго време. Не можев, едноставно не ме збираше место. Затоа се качив на вториот спрат. „Скенирав“ кај имаат штанд Табернакул, кај има Матица, кај има Три итн итн, го извадив списокот, собрав се’ што имав планирано и се вратив, тотално разочаран.
П.С. „Монахот“ е последната книга што ќе ја купам од Бегемот, се колнам. Па толку неуслужни и нељубезни луѓе немам во живот сретнато.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy

Делумно би се сложил ако се рече дека онаа листа на книги што си ја планирал пред саемот, не ти се остварила па оттука разочарувањето.
Во последните 2-3 години сфатив дека нема потреба да правам некоја совршена листа освен ако речам некоја округла бројка на книги за која би ја задоволил буџетот. Сепак не идам таму да „шопингувам“. Книгите кои ги планирав излегоа со следењето на саемските каталози што излегоа непосредно пред почетокот на манифестацијата. И да бидам искрен, оноа што го најдов, ми се допадна. Најпрво би додал фактот за некои штандови имаа ненормално ниски цени. Да речеме за Академска книга и ПНВ публикации со понудата 100 денари од класик (на англиски) е ненормално исплатлива. Потоа би ги додал Антолог и Темплум за мало експериментирање. Рецимо ако сакаш да запливаш во други води покрај бестселериве, овие ти го нудат тоа за доста попристапна цена. А ако познаваш неколк автори кои се издадени оттаму, тогаш удираш во т.н. златен рудник на литература. Со книги од по 150 200 можеш да пробаш. Магор истотака им се придружува тука, делумно.
Табернакул... Е сеа вака. Таа нивна саемска политика никогаш нема да им ја сфатам. Од една страна имаат некој попуст на одредени дела, додека другото е безначајно и смешно. Од 490 на 450? 5 дена саемот е, нема да умрат ако малку отидат во загуба. Вака никој не им купува, премногу им беше непосетен штандот.
Втори се III, кои своите стари изданија ги продаваа за поприфатлива цена, но се` што им е ново,цената им беше напумпана до небо.
Матица не сакам да ја спомнувам поради тоа што се придружуваат во друштвото на Ѓурѓа. Тука некаде е и Култура, која новите книги и` се релативно со катастрофална преработка. Како за пример ја земам „Битката за Цариград“ која неодамна ја позајмив од библиотека. Катастрофалниот тек на мислата (поради лошата преработка) како и константните печатни грешки, ме натераа после 20тата страна да ја вратам назад. Бегемот бегло ги погледнав, се гледа дека не им оди на арно поради политиката ептен брз развој води кон ептен брз пад. Минатата година беа едни од најпопуларните поради издавање на доста добри наслови. Оваа година ништо. СЛово се држат на некоја сламка, имаат предобри наслови како и антологии на романи, така и историографски книги. Професионалци со многу тивок глас. Топер и Феникс ги прошпартав, сепак би ги ставил како масонерија на чик литература или па нешто со нетолку длабока поента. Но одлични се во тоа што го работат/издаваат. АЕА се заспани увелико или пак немаат веќе што да издадат. Имаа една од најдобрите школи за тоа како се преведуваат и обработуваат книги, но изгледа нешто не е со нив како што треба. Икона се ригидни со своите цени, но ако не можеш да најдеш ништо кај нив, нема шанса да најдеш кај другите.
Ми се допадна оноа што имаше и т.н. антикварници на книги каде за доста евтини пари можеш да си купиш добри наслови и стари книги со квалтетниот превод од Екс Ју.

Инаку денес бев по втор пат со малку послаб улов, зедов 3 книги но овој пат поиспланирано. Од Магор се почастив со Гулабот од Патрик Зискинд (Парфем). Од Академска книга зедов научната фантастика I Robot од Исак Асимов со ненормална цена од 300 денари (за пример, минатата година беше 700) и од третите (не ми текнува сеа чив беше штандот,) ја зедов Разговор со Спиноза од Гоце Смилевски (Сестрата на Зигмунд фројд ми се допадна).
Се` на се` оваа година како и минатата малку повеќе сум задоволен, иако имам уште неколку неостварени желби. Како на пример, да почнам да го собирам Барико со сите негови книги.
 
Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Ништо посебно оваа година, се некои книги со досадна содржина, се како нешто веќе видено.
Штандот на Три ми беше најиснтересен најубави книги некако ми имаа, па си ја збогатив колекцијата со:
  1. Кодот на Да Винчи- Книгата долго време сакам да си ја купам и конечно!
  2. Тhe partner- Имав зацртано да си купам некоја книга на англиски за ефтини пари, не знам од кој штнад ја купив, ми ја препорачаа,криминалистичка е. Нивото е upper-intermediate тие од advanced не ме привлекоа. :giggle
  3. Мирисот на твојот здив- исто од штандот на Три, случјано ја видов па описот ми се виде интересен и ја купив.
Очекував дека на штандот на сакам книги ќе има некоај интересна, но не. Се мислев за продолќетокот на игрите на гладните, но се предомислив.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Многу еротичка книга. Од Мелиса П. Нели? Малечко книгиче, го купив и јас пред некоја година ме привлече пеперутката ми се чини на корицата... И ми се допадна книгичето за ослободување на мозокот :)

Saladin

Не ми се допадна саемот затоа што изброт на книги беше катастрофа. Се’ што лани видов, видов и годинава. Можам да набројам на рака прстиве од една рака колку нови преводи забележав. И секако го забележав Игор Џамбазов во Три, и ја зедов книгата, не за друго туку, двете му ги имам, па да ја дополнам колекцијата. Исто така од Три ја зедов и Девојката што го урна осилото, по втор пат, затоа што првиот пат ми ја побара некој, и не ми ја врати и сега ми беше нецелосна триологијата...
А тоа што го кажа за каталозите... Па јас списокот го правам преку каталозите. Ама од ко почнав да одам на саем одам со ливче и тефтерче и запишани книги... така ќе продолжам :)
Една пријателка ме прати во штандот од Култура, да и’ ја купам „Продавачка“, и покрај таа книга која беше патем 99 денари добив гратис уште една „Љубовта на Стефани Плам“ не знам што тематика се книгите затоа што не ги ни отворив, ама сепак, тоа ти е добра политика за оние што си ги сакаат насловите од Култура.
Ѓурѓа само минувам покрај штандот не застанав, ама првото врвење слушнав „Ајдете сите книги на нашиот штанд за 100 денари“ а потоа„Два наслови од Ѓурѓа за 100 денари“ - имаат одлична политика, камо да беа толку одлични и преводите.

Јас ги силував: Или-или, Три, Топер, Магор, Табернакул, Македонска реч, Македонска литера, Штандот на Институт за Македонски Јазик, и толку.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Ете ги бебињава

SDC17540.JPG