Полека почнуваат зимските новогодишни саеми на книга.
Од вчера (20.12.2013) започна зимскиот фестивал на книгата на Издавачката куќа Три кој ќе трае до 15 јануари 2014 год. Официјален онлајн каталог нема, туку попустите ги има на нивниот сајт.
Издавачката куќа Сакам книги има онлајн саем на книги кој ќе трае до 31.12.2013 год и книгите ќе може да се порачуваат само преку сајтот kupikniga.
Еве и
каталог .
Исто и издавачката куќа Магор има новогодишен зимски саем на книга, кој веќе е почнат од 18 декември, а ќе трае до 31.12.2013 година.
Еве и
каталог .
Од денеска 21.12 па се до 28.12.2013 се одржува и мал
новогодишен саем во Гем клуб, Стара чаршија.
Ќе учествуваат издавачките куќи: Темплум, Бегемот, Култура, Слово, Табахон, Сигма, Прес, Готен, Блесок, Азбуки и Фабрика Књига.
Планирате ли да посетите некои од овие саеми?
Мене највеќе мерак ми прави попустот на Магор особено за "Деца на полноќта" - Салман Ружди, Снег и Се викам Црвено од Орхан Памук, Лолита од Набоков и Сликата на Доријан Греј од Вајлд (иако некои од овие ги имам прочитано, сакам да ги имам за себе). Едвај чекам да видам какви попусти ќе има во Или-Или и во Табернакул.