Саеми на книги

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Сè убаво, ама цени? Разбирам дека цените ги има на нивниот сајт, ама...
Можеби каталогот им е планиран за цела година, не само за саемот...
Издавачки центар ТРИ каталог
Табернакул:
Снежана Јаначкоска- Богдановска Сани ќе ја промовирала нејзината "Моите стории мојот живот"(прва книга за мода во МКД).
ПРОМОЦИИ НА ШТАНДОТ НА ПРОСВЕТНО ДЕЛО
1. Вторник, 12.04.2016 - 11 часот
- Креативна работилница за изданијата Цртаме чекор по чекор

* 12 часот
- Презентација на новите наслови за рано учење и развој

* 14 часот
- Презентација на насловите Креативна работилница по математика според Кембриџ за 4, 5, 6 одд.

2. Среда, 13.04.2016 – 11 часот
- Презентација на насловите Јазични игри, Весело читање и Распеана букварка

* 12 часот
- Промоција на романот Зошто пцујам од Ведрана Рудан

* 13.30 часот
- Презентација на насловот Секој има право да се храни здраво

3. Четврток, 14.04.2016 – 11 часот
- Презентација на учебниците за учење англиски јазик од светски реномираната издавачка куќа National Geographic Learning/Cengage Learning за која Просветно дело е ексклузивен застапник

* 13 часот
- Промоција на романот Дрво на животот
Гостин: Кристина Ковач

4. Петок, 15.04.2016 – 11 часот
- Презентација на на учебниците за учење германски јазик од издавачката куќа Cornelsen за која Просветно дело е ексклузивен застапник

* 13 часот
- Промоција на книгата Да се љуби и да се умре на Карибите
Гостин: Исидора Бјелица
image.jpeg
image.jpeg
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
@Ditto+Maker да имаа уште цени, Антолог богами ќе направеа `ршум на саемов. Но имаат многу непознати писатели кои вреди да се видат. Башка го донесоа Гиљермо... Мераци.
Сеа ќе видам ТРИ што ќе понудат. Ако си со планиран буџет, направи си листа на книги кои ти се сигурни и книги кои би ги разгледал. Така јас си правам секоја година.
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
@Ditto+Maker да имаа уште цени, Антолог богами ќе направеа `ршум на саемов. Но имаат многу непознати писатели кои вреди да се видат. Башка го донесоа Гиљермо... Мераци.
Сеа ќе видам ТРИ што ќе понудат. Ако си со планиран буџет, направи си листа на книги кои ти се сигурни и книги кои би ги разгледал. Така јас си правам секоја година.
Лани со листа појдов, дури и резервна имав :zelen. Сега- засега имам нешто запишано, ама само неколку наслови од Бегемот ми се дефинитивни. Сепак, колкав и да е буџетот, треба да се планира и имаме каква- таква предност што каталозите барем на поквалитетните издавачи ги има онлајн.
Мене тоа и најмногу ме привлекува кај Антолог, тоа што насловите не им се само од амерички, односно писатели кои творат на англиски јазик (и останати светски јазици како италијански, шпански, француски, германски). Имаат грузиски, исландски, бугарски, норвешки, фински... Книги кои би ни дозволиле да прочитаме нешто различно од она на кое сме навикнати. Секако, огромен плус за нив што донесоа светски познат и читан автор.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Каталог Ѓурѓа :zelen
АРС ЛАМИНА ПУБЛИКАЦИИ НА САЕМ НА КНИГА 2016:

- Попуст до 70%

- 100 книги за посетителите на нашиот штанд

- 400 нови и атрактивни наслови

НАСТАНИ:

- Трибина на тема „Авторски права: состојби и предизвици во Р. Македонија“, вторник 12.04 од 11.00-13.00

- Промоција на „Лексикон по физика“ од д-р Виктор Урумов, четврток 14.04 од 13.00-14.00

- Средба со авторката Билјана Црвенковска

- Креативни работилници за деца и математички игри – секој ден
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Или-или со понуда.... Конечно!

Ги разгледав сите книжари со понуди, дефинитивно за размислување се Бегемот, Или-или, Темплум, Магор, Македоника и Антолог.
Посебно последниве и Бегемот ќе бидат доста на удар оваа година од мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ditto+Maker

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
image.jpeg
image.jpeg image.jpeg image.jpeg image.jpeg image.jpeg image.jpeg image.jpeg
ТОПЕР на Саем на книгата. За овој саем ви подготвивме многу нови изданија, српски книги на акција до 80%, голем лексикон на странски зборови и изрази (комплет од 5 книги) за само 500 денари, романизирани биографии на познатите уметници по ексклузивна цена од 210 денари и многу други изненадувања...image.jpeg
САЕМСКИ ПОПУСТИ
Ова се саемските попусти на штандот на Просветно дело:
- 20% на лиценцираните изданија;
- 40% на одредени романи;
- 40% попуст на енцикопедиските изданија;
- 50% попуст на едицијата Мајсторот Боб:
- 80% на одредени научнопопуларни изданија и
- 15% на сите останати изданија.
С. ТАРАПУЗА, К. ДОНЕВ И Г. ПЕТРЕВСКИ НА ШТАНДОТ НА ПРОСВЕТНО ДЕЛО
Почитувани, тројца реномирани македонски писатели за деца ќе бидат на штандот на Просветно дело во саемската недела. Во среда, од 11 часот и во текот на целиот ден, наш гостин ќе биде Киро Донев. Четврток е ден резервиран за миленикот на децата и тинејџерите - Горјан Петревски, а во петок наш гостин ќе биде Стојан Тарапуза, мајстор за поезија за деца. Искористете ја можноста да добиете автограм од најдобрите детски писатели.
План на Метрополис арена. Изгледа е некоја копија фотографирана, па објавена на Фејсбук од страна на Манускрипт (тие се на штандот каде што е заокружено).
image.jpeg
@Saladin Ако не им ги оставам (скоро) сите пари на Бегемот.... ама па штета е да не се земе (нешто) и од Антолог, Или- или, и останатите што ги спомна. Инаку ископав дека Готен ќе ја издаваат "Сеништето"- Терезија Мора оваа година(барем ја имаше во е- каталогот на НУБ "Климент Охридски"), па прочепкав низ Интернет и ми се виде интересна, ама пак, во преден план ми е Бегемот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Овие книгички ми се наоѓаат на списокот за купување:

"Ловец во 'ржта" од Џ. Д. Селинџер - дефинитивно (арсламина)
"Кланица 5" од Курт Вонегат - дефинитивно (арсламина)
"Атлас на облаците" од Дејвид Мичел - можеби (ИЛИ-ИЛИ)
"Киднапиран" од Роберт Луис Стивенсон - дефинитивно (Бегемот)
"Ѓаволијада/Кобни јајца" од Михаил Булгаков - можеби (Бегемот)
"Келтскиот самрак" од Вилијам Батлер Јетс - дефинитивно (Бегемот)

2-3 од Академска книга Wordsworth издание, а сигурна сум дека ќе налетам и на многу други кои ќе морам да ги имам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Ditto+Maker