Да му додадеме на насловот на темава "... и попусти"?
Туку, @Академска книга:
Отвори ја прикачената датотека 26132
Има да си подарам еден куп новогодишни подароци!
Тука не пишува "до", пишува "НА сите книги". Одам таму целата возбудена, не знам што попрво да земам. На крајот се одлучувам да останам на 3 книги (сепак идат празници, треба да се зачува некој денар), идам на каса да платам, ми ги наплаќа фул цена. Зошто? Тие не им биле на попуст, зошто се ефтини ионака. Ех, како ме нервираат вакви измами. Толку се изнервирав што се прашувам дали пак би купила од кај нив. Можеби ќе им простам, што да правам, имаат одличен збор на книги (кои да, не се скапи, но сепак..., не е фер со такви работи да привлекуваат луѓе да им влезат во продавница).