Рутината како тивок убиец

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Тоа е таа сцена. Бонус:
Choose life. Choose a job. Choose a career. Choose a family. Choose a fucking big television, choose washing machines, cars, compact disc players, and electrical tin can openers. Choose good health, low cholesterol and dental insurance. Choose fixed-interest mortgage repayments. Choose a starter home. Choose your friends. Choose leisure wear and matching luggage. Choose a three piece suit on hire purchase in a range of fucking fabrics. Choose DIY and wondering who the fuck you are on a Sunday morning. Choose sitting on that couch watching mind-numbing spirit-crushing game shows, stuffing fucking junk food into your mouth. Choose rotting away at the end of it all, pissing your last in a miserable home, nothing more than an embarrassment to the selfish, fucked-up brats you have spawned to replace yourself. Choose your future. Choose life.
Милиони животи опишани во неколку реченици. :pusi
 

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Јас прво напишав милијарди но потоа го едитирав постот кога ми текна дека огромен дел од светската популација и не може да си дозволи вакви 'конформистички луксузи'. :zelen
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
Јас прво напишав милијарди но потоа го едитирав постот кога ми текна дека огромен дел од светската популација и не може да си дозволи вакви 'конформистички луксузи'. :zelen
Огромен дел кои биле дел од светската популација можеле да си дозволат. :zelen
 
  • Like
Реакции: Outrider and steppenwolf

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,725
5,266
1,183
Disco
и што е таа сцена? :biggrin

Тоа е `choose life` сцената од воспитно-образовниот шкотски филм `Trainspotting`.
Нешто околу рутината и како да се совлада.
Начинот кој групата младинци во наведениот филм го одбра за да се пресмета со рутината....испадна дека лекот е поскап од болеста :D
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,400
4,421
1,153
Тоа е `choose life` сцената од воспитно-образовниот шкотски филм `Trainspotting`.
Нешто околу рутината и како да се совлада.
Начинот кој групата младинци во наведениот филм го одбра за да се пресмета со рутината....испадна дека лекот е поскап од болеста :D
:) Така ли беше? Ќе да беше нешто повеќе од тоа, така некако ми останало во мислите. Го гледав на кино, 96 или 97, не се сеќавам точно, во ГТЦ, имав 18 -19 години и специјално се закренав од Бт само за него. Се сеќавам на чувството, додека зборовите и музиката ти минуваат не само низ главата, ами сосема низ крвотокот. Се сеќавам на ежењето и насмевката на лицето. Се сеќавам на мислата дека сите одговори се собрани во таа проста филозофија и уште повеќе во тие два збора - choose life...
Then again, life has its rotten ways of hitting you straight in you face...
Како и да е... баш е воспитно-образовен, во најмала рака :)
 
  • Like
Реакции: Outrider

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,107
1,133
Горе-долу сите живееме рутински живот, кај некого е тоа поизразено, а кај некого не.
Лично за себе ќе кажам дека не сум задоволна од тоа, но живеам прилично рутинуиран живот, да не речам монотон.
Шетам, се забавувам и се` останато, но на крајот од денот кога ќе размислам, се` ми се сведува на едно те исто.
Да ја именувам рутината како „тивок убиец“ конкретно за во мојот живот, не би.Но со тек на време би можела да стане и тоа..
Се` зависи од мојата иницијатива и волја за да променам нешто од своето секојдневие, зошто знам дека можам, не сум врзана или обврзана за ниту една работа..
Но на крајот и не е толку лесно да промениш начин на живот кој веќе станал дел од тебе.Тоа за некого е да патува, за некого е дремење пред ТВ и грицкање чипс..
Сеедно.Се` што е шаблонски подредено, тоа е твојот начин на живот, а тоа е тешко да се промени.
 
  • Like
Реакции: Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,050
6,674
1,153
Big Sur
Личноста Б има динамчен, но не мора да значи и исполнет живот, иако без рутини.
Рутините многу кажуваат за карактерот на една личност, а една рутина може да е тивок убиец само ако премине во автоматизирана монотонија, што е речиси невозможно, но доколку се случи, е веќе алармантен знак дека нешто не е во ред со личноста штом дозволила тоа да ја „убива“ без да преземе мерки.
Рутината е навика, но не мора да значи дека е нешто секојдневно, темпирано во исто време. Мали девијации ко останување на кафе после работа/школо, излегувања за викенд, уживање во омилените серии во слободно време, кино, концерт, одмор...се доволно да ја потиснат монотонијата.
Кога некој веќе сака да патува, да менува навики и локации, станува збор за досада и/или амбиција (или работа во Ирак), но дури и од едно место до друго, сигурно пак стекнува некоја рутина, својствена за шаблонот кој му го налага тоа работно место, тамошните пријатели и местото на живеење. Едноставно, средината и условите во кои живееме, како и навиките, средините и условите на луѓето со кои сме опкружени, на некој начин не лимитираат и ја создаваат рутината за нас.
 
  • Like
Реакции: Outrider

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,265
9,107
1,683
Рутината ме уништи, еве веќе две години. Додуша не ме уништи таа, туку јас самиот.
Некако ко врзам сум на работата. Ретко имам слободен ден, а и кога ќе си дојдам дома, не ми е до ништо. Навикнав да се движам по некоја проклета триаголник шема: Кревет - Работа - Компјутер. 23 дена по ред сум на работа без слободен ден. Плус и утре државен празник а јас на работа.
Тоа е. Рутината не не убива, сами се убиваме.
 
  • Like
Реакции: Outrider