Така ли беше? Ќе да беше нешто повеќе од тоа, така некако ми останало во мислите. Го гледав на кино, 96 или 97, не се сеќавам точно, во ГТЦ, имав 18 -19 години и специјално се закренав од Бт само за него. Се сеќавам на чувството, додека зборовите и музиката ти минуваат не само низ главата, ами сосема низ крвотокот. Се сеќавам на ежењето и насмевката на лицето. Се сеќавам на мислата дека сите одговори се собрани во таа проста филозофија и уште повеќе во тие два збора - choose life...
Then again, life has its rotten ways of hitting you straight in you face...
Како и да е... баш е воспитно-образовен, во најмала рака
Сосема поучен филм. Ако го паметиш ликот Бегби ќе се сетиш дека тој не беше роб на рутината.....ок, беше психотичен малку ама не е важно. Секој божји ден му беше различен од претходниот....
Choose life !!!
Рутината ме уништи, еве веќе две години. Додуша не ме уништи таа, туку јас самиот.
Некако ко врзам сум на работата. Ретко имам слободен ден, а и кога ќе си дојдам дома, не ми е до ништо. Навикнав да се движам по некоја проклета триаголник шема: Кревет - Работа - Компјутер. 23 дена по ред сум на работа без слободен ден. Плус и утре државен празник а јас на работа.
Тоа е. Рутината не не убива, сами се убиваме.
Кога би можел да го смениш сето тоа, дали би го сменил?