1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Рутината како тивок убиец

Дискусија во форумот 'Здравје и состојба на духот' започната од Saladin, 25 август 2013.

  1. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,995
    Допаѓања:
    9,624
    Збор два за рутината и дали е доволно возможно таа да не` уништи како личност.
    Пред некој ден прочитав еден статус околу патувањето, (менувањето на место на престој во моментот) па ме замисли малку подлабоко да запливам, да прочепкам во човековата психа околу одредени проблеми.
    Да упростам, еве неколку примери: Личност А нема излезено од градот со години, неговиот живот се состои од секојдневно зацртан план, може да живее и скромно и луксузно, но целосно неговиот живот се сведува на некакви премерувања, личноста не сака да патува, авантурата ја доживува како крај на светот.
    Личност Б, како и да е, живее на повеќе места пречесто ги менува, за него не постојат навики, ништо не го врзува емотивно, едноставно живее непланирано и во дадениот момент.
    Личност Ц, го живее животот на А, но одвреме навреме знае да скршне од патот и да си „приушти“ излез од секојдневието.

    Сега околу рутината. Дали е таа сама по себе доволно силна за да го убие човекот како личност, дали и колку влијае во свесноста на истиот (позитивно или негативно истотака) и што и колку е потребно да се искорени за да личноста би можела да ја искористи својата креативност за да се смени?
     
    На Мирче_мкД, Electra, MoonFairy и уште 6 други им се допаѓа ова.
  2. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    Уништува и тоа како. Нема ништо полошо од тоа.
    Секој ден потполно ист, дури секој миг потполно ист. И не е битно дали си заглавен само на едно место или спротивната крајност - постојано си на друго место.
    Иако постојаното менување на местото се чини како подобра опција, оти потешко е да се препознае како рутина.

    Како мислиш колку влијае во свесноста на човекот како личност?

    За да се искорени... ух, храброст, многу храброст. И волја. И подготвеност да се впуштиш во нешто кое е сосема ново, поинакво, „небезбедно“, па дури и „страшно“.
    Ко сите болести - поарно е да се спречи отколку да се лечи. Ама таа си има начин да се вовлече малку по малку, па кога ќе се свестиш... Поарно ич да не се свестиш :)
     
    На melpomena и malata.. им се допаѓа ова.
  3. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Некои навики ми се допаѓаат и сакам да си ги повторувам. Кафе наутро уз фб/форум, партија кантер попладне, епизода од Декстер навечер. Имам чувство како тоа да можам да го правам секој ден до крајот на животот. Но, гледано глобално на монотонијата во животот, односно секојдневието од типот: истиот пат до факс, истата клупа во парк, истата продавница за купување намирници, итн. може да ти создаде толкава сафра што ќе бидеш напнат, нервозен, па дури и агресивен. Монотонијата е кафез за умот. На секого му треба одмор, па макар и да е викенд во викендица, па дури и еднодневна посета. Да, одмор, но не мора да станува збор за физички, туку за психички одмор од монотонијата. Но најпотребно од се е ново искуство. Посета на нов град, исполнување на долгопосакувана желба од типот на skydiving, може да биде и проста работа како нова фризура. Целата оваа ситуација можам најубаво да ја опишам со една изрека: Adventure may hurt you, but monotony will kill you.
     
    На melpomena и JaMi им се допаѓа ова.
  4. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Рутината може да ни го укочи животот во едно место,но да ни ја убие личноста?
    Може да ни го ограничи видикот за некои работи,да не постои надградување на погледите за животот и околината ама не знам дали човек кој е постојано од икс причини лоциран само на едно место со исти навики дали може некому целосно да му ја убие личноста.
    Личноста се надоградува ама не мислам дека самата ограниченост дека може да ја убие.
    Некои рутини како што кажа Песинџер дури и ја градат личноста.
    Лајкот е за потик на креирање вакви теми :)
     
  5. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    рутината те претвора во програмиран робот. А кога човек се претвора во програмиран робот, личноста веќе ја нема.
    Навиките не се рутина, тие се само рамка. Рутина е кога таа рамка ќе ја исполниш со фиксна (читај - мртва) содржина.
     
    На Lena и Saladin им се допаѓа ова.
  6. Марија

    Марија Poétesse

    Зачленет на:
    14 април 2012
    Мислења:
    1,146
    Допаѓања:
    2,490
    Рутината тивок убиец на личноста.
    Хм, не е толку едноставно да се изгласа за да или не, црно или бело.
    Зависи за каква рутина и за каква личност станува збор.
    И низ рутината, пример - одење на работа, готвење ручек, гледање серија и повторно легнување, може да се прогледа низ прсти ако од време на време личноста одејќи на работа од трафика се почасти со чоколадо, ако зготви нешто ново ако не готви и оди на ручек наместо тоа, ако зготви нешто набрзина па има време за кафе со пријателката пред да почне омилената серија...
    Сите живееме по некоја рутина, најчесто ситници не делат од она што го нарекувате убиец на личноста и доволни се тие ситници за се да функционира во ред.
    Зарем треба да сменам факс за овој да не ми е рутина? Или да ги сменам пријателите, читањето книги, играњето фудбал?
    Да рутина е се ова ако така го гледаме, но се провлекуваат куп работи низ тоа па си ја сакам рутината. Секој ја одбрал својата рутина и секој е одговорен за себе си ако дозволи таа да го убие.
    Во некои случаи, за одредени личности да рутината е убиец на личноста.
    Никако секогаш.
     
    На Electra, JaMi и melpomena им се допаѓа ова.
  7. crvenkapa

    crvenkapa Староседелец

    Зачленет на:
    15 јануари 2013
    Мислења:
    235
    Допаѓања:
    593
    Сметам дека не може да не убие рутината, освен ако не и дозволиме..начинот на кој што живееме сами го креираме..
    Ако не можамем да го менуваме работното место, затоа што егзистенцијата не ни дозволува..можаме да го избераме патот по кој
    ќе одиме до работа, можаме да го смениме кафето кое го пиеме секое утро..превозното средство итн. Не постои шаблон кој
    некој може да го создаде и да ни го наметне, кој помалку кој повеќе е свесен за моментот кога неговиот живот дозволил да премине
    во рутина..некои луѓе се среќни да живеат според тој шаблон, а оние другите ќе најдат начин да го направат животот разновиден.
     
  8. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Кој не живее шаблонски нека крене два прста.
     
    На melpomena му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    Не е баш толку едноставно.
    Не значи дека дека треба да се смени факултетот за да не биде рутина. Оти тој и не припаѓа во рутина.
    Одењето секое утро по истиот пат дотаму, можеби налкува на рутина, ама не е. Реков, тоа е само рамката.
    На факултет секој ден се запознаваш со нешто ново, мозокот е вклучен, размислува.
    Дури и одењето на истата работа секој ден не значи дека работата е рутина. Особено кога работата е таква па секој ден се соочуваш со различни задачи и предизвици.
    Рутината е многу повеќе и многу пострашна.
    Ако работиш во фабрика, да речеме во текстилна, на машина или на пегла или на друго работно место, каде работната задача ти е една и секогаш иста, мозокот многу бргу се навикнува да го прави тоа без да биде нешто многу ангажиран, дури може да стаса до тој степен сосема да биде исклучен (мисловно) и да се претвори во дел од машина, оној дел каде што се наоѓаат командите, точно испрограмирани, без можност за отстапки. По други фабрики не сум била, но во текстилна сум била.
    И сум ги гледала како стојат по 8 и повеќе часа на едно место, правејќи постојано едни движења, без да се свртат ни лево ни десно, без да се насмеат, поминуваш покрај нив и сите личат еден на друг... Од време на време се среќаваш со пар очи кои гледајќи те, како да гледаат низ тебе, како да не те ни забележуваат, а ќе те забележат само ако на некој начин им се вмешаш во „текот“ и на некој начин им го пореметиш текот. Но и тоа само на миг, за пак да те исклучат и „остават на страна“. Моментот кога се огласува ѕвончето за пауза е моментот кога сфаќаш дека тие луѓе се претвориле во програмирани роботи. И тоа... е богами страшно сознание.
    Кога би се свело истото на факултетот, би значело секој ден да го слушаш истото предавање, од точно толку часот до точно толку часот. Нема да ти ја убие тоа личноста?

    Дека несвесно прифаќаме да живееме според шаблони, тоа е факт. И тоа е она што спомнав дека рутината се вовлекува тивко и дека среќни се тие кои нема никогаш да се свестат колку всушност истата ги заробила.
    Некој си сака сигурност, познатото му носи сигурност и тоа му е доволно.
    Страшно е тоа што рутината се вовлекува до таму што го „менува“ и мозокот. Полека - полека престануваш да размислуваш, престануваш да читаш книги, или ако ги читаш тоа е онака површно, без многу да се замараш кој што и зошто рекол.
    Кога секој миг од секој ден ти е однапред сосема познат, не се замараш со филозофирање, со поставување прашања, со барање одговори.
    Сѐ до оној миг кога ќе се видиш себе и ќе се прашаш - зарем ова сум јас?
    Тој миг... не го посакувам никому. Оти го доживеав. Тотално несвесна кога и како ми се случи и кога и како дозволив толку многу да се случи.
    Од тој миг па навака, секој ден е тешка борба.
    Оти за да се сменат работите треба многу. Особено кога луѓето околу тебе не размислуваат исто, па дури ни слично ко тебе.
    Па она што се обидуваш да го направиш и зошто се обидуваш да го направиш може да се сфати на илјада други начини, освен на тој вистинскиот.
    Имамногу за ова да се пишува... Но, друг пат.
     
    На Electra, JaMi, Luckky и уште 1 член му се допаѓа ова.
  10. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
     
    На MoonFairy и steppenwolf им се допаѓа ова.

Сподели: