Никогаш не научив да возам ролерки и нема ни да научам!
Првите ги добив на 5 години, од Швајцарија, со силиконски тркалца и кочници и на левата и на десната. Не научив што поради мојата кратковидост, па не се осмелував да се пуштам бидејки не догледував, што поради стравот дан паднам.
На 13-14 години купив уште едни, од Орка. Лупнав 3000 и нешто за џабе. Ги облеков еднаш, паднав и веќе никогаш.
Сега ене ги, така ми стојат. Ги продавам, ама нема кој да ги купи.
Така што девојко, ако знаеш да возиш нема опасност. Ако внимаваш нема опасност.
А соодветни има многу, битно е бројчето да ти е погодено, да не те стега ама и да не е преголема и нормално да е поквалитетна.
Ова и мене ми го кажаа кога купував, па и јас тебе ти го кажувам.