АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА
АЛБАНСКАТА ПЛАТФОРМА Е КАКО СКОКАЛНИЦА ВО БАЗЕН.
СИТЕ СКОКААТ, НО, ЗАРАДИ УСВИТЕНИТЕ ГЛАВИ,
НИКОЈ НЕ ГЛЕДА ДЕКА Е СУВ КАКО БАРУТ.
СИТЕ НАЈДОА НЕКАКОВ СПАС.
СОЦИЈАЛИЗМОТ УМРЕ ОД ЕТАТИЗМОТ, КАПИТАЛИЗМОТ ОД ГЛОБАЛИЗМОТ.
САМО МАКЕДОНИЈА Е ВО КОМА ОД ТРАНЗИЦИЈАТА.
ЦРКОВНИТЕ ДОСТОИНСТВЕНИЦИ ПОБАРАА ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО КАЈ НАС.
ПОПИСОТ НА ВЕРНИЦИТЕ ЌЕ ГО ДАДЕ БОГ ШТО ЌЕ ДАДЕ.
- „ДА ЖИВЕЕ ВМРО“ !
- „ДА ЖИВЕЕ, ДА ЖИВЕЕ“ !
- А ТИТО... ДА СЕ ВРАТИ“ ?
- „ДА СЕ ВРАТИ, ДА СЕ ВРАТИ“ !
ОД НАШИОТ ПОЛИТИЧКИ ФОЛКЛОР И МОЗОК.
СЕ СТОПИВМЕ ОД ДОБРИНА ЗА ДОБРОТО НА МАКЕДОНИЈА.
ШЕСТОТИНИ ИЉАДИ СЕ ИСЕЛИВМЕ.
ВО ПРИЛЕП, И ЛОВЏИИТЕ СЕ ПРИДРУЖИЈА КОН ПРОТЕСТИТЕ.
НЕ САКААТ ДА ЛОВАТ МЕЧКИ КОИ ЗБОРУВААТ АЛБАНСКИ.
ОТКАКО СЕ ОТКАЖАВМЕ ОД ГОЛЕМИТЕ СИЛИ,
СПАСОТ НА ТАТКОВИНАТА ГО НАЈДОВМЕ ВО ПРИРОДНИТЕ СИЛИ.
СТИХИЈАТА Е НАШ СОЈУЗНИК.
ЗАРАДИ КРИЗАТА, ПОВЕДОВМЕ ШИРОК ФРОНОТ ЗА СПАС НА ТАТКОВИНАТА.
СЕКОЕ ЌОШЕ ЌЕ БИДЕ НАШ ИЗЛЕЗ.
ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, НАШИТЕ МЛАДИ БИ ЈА СМЕНИЛЕ ПАРТИЈАТА.
ВАЖНО Е ДА СЕ РАБОТИ,
А ПАРТИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ИЗИГРА КАКО ПАРТИЈА ПОКЕР.
И РАЈОТ СПАЃА ВО ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР.
МУ СЕ ВЕРУВА НА ЕДЕН ЗАШТИТЕН СВЕДОК И ДВАЈЦА ПРОТЕРАНИ.
СТОПАТИ КАЖАНА ЛАГА, СТАНУВА ВИСТИНА.
И НА ВИСТИНАТА И ГОДИ КОГА ЈА МНОЖАТ.
ГРОБОВИТЕ СЕ БЕСМРТНИ, ЈУНАЦИТЕ НЕЗНАЕНИ, ЖРТВИТЕ
БЕЗИМЕНИ, ПОБЕДИТЕ ВЕЧНИ.
ОД НАШАТА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ПО ИСТОРИЈА.
ИСТОРИЈАТА ЈА ПИШУВААТ ПОБЕДНИЦИТЕ.
ЗА ПОРАЗЕНИТЕ, ТАКВАТА ЕУФОРИЈА Е ДОБАР ПОВОД
ЗА УШТЕ ЕДЕН НОВ ПОЧЕТОК.
ДОБРО Е ШТО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СЕ ФАЛИ СО СРАБОТЕНОТО.
КОЛКУ ДА СЕ ПОТСЕТИ ДЕКА ОДРАБОТИЛ НЕШТО
ШТО СЕ ПОДРАЗБИРА САМО ПО СЕБЕ.
ГИ ЗАПАЛИВ МОИТЕ КНИГИ НА ЛОМАЧА.
НИГДЕ НЕ ВИДОВ ОД ЗАПАЛЕНИТЕ КОРИЦИ ДА ПОЛЕТА ФЕНИКС.
АХ, ТИЕ КРИТИЧАРИ !
И ПСОВКИТЕ СЕ АФОРИЗМИ.
ПОЧИСТА ВИСТИНА НЕМА ДА ЧУЕТЕ.