ЗАДОЛЖУВАЊЕ
Јас не се согласив, брат ми беше категоричен, мојата сестра бара компромис,
мајка ми крева раменици и се крсти. Татко ми е пензионер.
Сакаме да се задолжиме со кредит од 650.000.000 евра.
Не е проблем дали можеме или не можеме да го враќаме. Впрочем, таа обврска
многу лесно ќе им ја препуштиме на нашите идни генерации. Проблемот е, како
и за што ќе ги трошиме парите.
Јас викам: за структурни објекти !
Брат ми вика: за структурите на власта !
Сестра ми вика: за чоколадо !
Мајка ми вика: немаме леб !
Во тој момент влегува татко ми. Ја става пензијата на маса и брои еднаш, брои двапати,
брои трипати. Никако не можи да разбере зошто неговата пензија е повисока за 650.00
денари.
Не му кажавме оти од радост да не проумри.
Некој веќе предвреме мислел на нас и не задолжил со кредит од 650 милиони евра.
Се разбира, тоа нешто можи да го стори само државата.
Инспирирани од таквиот нејзин потег, и понесени од поучната мисла која гласи : „Државата
за тебе стори се, колку ти стори за државата“, решивме и ние да и се оддолжиме со иста мерка -
и ова задолжување го презедовме врз сопствениот грб.
А..., како ќе го трошиме кредитот !?
Со пензијата.