ПРИЛЕП, ГРАД НА ФУДБАЛОТ БЕЗ ФУДБАЛ
На времето бил закажан фудбалски натпревар помеѓу „Победа“ од Прилеп
како домаќин, и „Партизан“ од Белград како гостин.
Требало тоа да биди спектакуларен фудбалски меч, вистинско задоволство за љубителите на фудбалот,
пред се заради големото реноме на белградски „Партизан“, но исто така и заради реномето
на прилепска „Победа“, која никогаш не стана прволигаш во бившите Југословенски простори,
но затоа беше силен и многу респектиран второлигаш.
Наспроти невидената фудбалска еуфорија која завладеела во градот, раководството на тимот
се нашло пред голем, па дури и нерешлив проблем.Требало да се најди начин како на теренот
да му се спротистават на реномираниот противник, оти очекувањата на фудбалската јавност
биле големи. За прилепчани, фудбалот е убав, но само ако „Победа“ победува.
Долги и макотрпни биле консултациите на стручниот штаб и раководството на тимот. Договарале,
мислеле, премислувале, ја анализирале играта на противникот, цртале шеми, сите во одбрана,
сите во напад, и така натаму, ама, никако да дојдат до вистинската тактика.
Како што времето одминувало напнатоста растела. Меѓу присутните полека завладеела тишина,
тешка атмосвера, страв од помислата за можен пораз, а тоа би претставувало невиден страм
за градот на фудбалот.
И тогаш, речиси од никаде, од темните длабочини на молкот, меѓу присутнит се чул нечии глас,
длабоко грло.
- А да ги уплашиме...
- ... ?
Сите ги подигнале главите со поглед вперен кон гласот на спасот, исчекувајќи да ја чујат и
последната опција, која повеќе личела на сколободија, но во тие драматични моменти, оти веќе
сите биле при крај со нервите, требало да се земи во предвид и нај малата можна шанса.
- ... ко чида со алтобусо нагоре по Плетвар, че се скријаме во карпите и че му залајме аув, аув, аув,
и уште таму че ги уплашиме.
Натпреварот завршил со нерешен резултат. Спортските кометнтатори биле единствени во своите
извештаи: фудбалерите на „Партизан“ играле како колената да им се тресат. Некои дури и
отворено пишувале: изгледале како уплашени.
Како што подоцна се слушна, раководството на прилепскиот тим, поучени од предходното искуство,
и понатаму продолжило да ја разработува тактиката: „уплашиго противникот“, и ако ова неможи
со сигурност да се тврди дали било вистина или не.
Но едно било вистина: „Победа“ и понатаму продолжила да реди успеси.
Posthumus.
Фудбалскиот клуб „Победа“ беше ликвидиран од страна на УЕФА, откако некои злобни луѓе со своите
лажни сведочења неправедно го накодошија тимот дека мести натпревари, што никако и никогаш
небеше точно.
„Победа“ знаеше да игра фудбал и знаеше што е тоа фер-плеј.
Градот Прилеп и понатаму го чека враќањето на својот некогашен фудбалски тим. Што уште се чека,
тоа никој неможи да кажи. Можеби ќе кажат оние кои се уплашија од повторното враќање на „Победа“
на фудбалската сцена и нај фудбалската публика во државата.
П.С.
Прикаската многупати е повторувана, но добро е пак да се чуе.