ОД ФИЛМСКАТА ПРОДУКЦИЈА ВО ГРАДОТ ПОД ПЕЛИСТЕР–И СМОГОТ
Битолскиот градоначалник најави дека сака да снима филм во кој ќе го овековечи успешното работење на
сегашната градска власт, се разбира, под негово раководство, со крајна цел да го врати сјајот на некогашна
Битола, како град на конзулите и клавирите.
Не се знае каква врска имаат овие две работи, но, сјајот на Битола ќе го вратат, кога ќе ги вратат Турците и
Евреите, оние, кои некогаш го сочинувале јадрото на градскиот еснаф.
Оти, првите веќе одамна ги избркаа, а вторите им ги оставија на фашистите да ги соберат, затоа што толку
можеле (или сакале) да ги спасат.
Останатата градска фела, составена од ситна буржоазија и интелектуално граѓанство, одамна се исели по
светот на пачалба.
Новодојдените кои се доселија, произлегоа од миграцијата село-град, што создаде конгломерат од, така
наречена, црвена буржоазија и (лумпер)пролетеријат.
Денес во градот има многу споменици кои потсетуваат на минатите времиња. Еден, кој е посебно впечатлив,
е населбата Гени Мале, најстарата мома во Битола, староградска аветина со расфрлани атртефакти, митови
и легенди, маало, кое уште го нарекувале и Малка Софија, таму, каде што некогаш, на многумина Генималци, срцето
им чукало.
Лесно се пее песната „Битола, мој роден град“, а уште полесно се памти шегата на ретките туристи, кои, откако
ќе го разгледале прочуениот Широк Сокак, во чудо ќе прашале: „Ако овој ви е широк, какви ви се другите“ ? Шегата
за „чкембарите“ е од локален карактер, и, за сите останати, е тешко сварлива манџа.
Битола од секојпат била престижен град. Овдека се трасирале таинствените патишта помеѓу небото и земјата, се
трагало по четирите страни на опачината на светот, никнеле крстопати кои воделе секаде и никаде. За историјата
овдека се вели: штом еднаш стапне тука, останува тука: мозаиците од антиката, царствата небесни и овоземни,
султаните величенствени и кралевите, тука замирисале и првите кафеџилници во Европа, проработила и првата
филмската камера на браќата Манаки на која се снимени последните кадри од империјата на Отоманите, па се до
сегашната намера, Битола, на Холивуд да му го одземе доделувањето на филмскот оскар, врз тепих во црвенило
од срам. Можеби ваквата кинамато(скопска) мегаломанија била мотив и битолскиот градоначалник да се фати за
филмската камера, и го сними крајот на своето (скандалозно)владеење. Имало овдека и многу други работи кои,
како на филмско платно, требало да се случат, но не се случиле.
Битола и денес е актуелна. По сјајот на црниот смог кој е најгуст во Европа, заради криминално-политичката злоупотреба
на школските деца, заради масовното иселување на младите граѓани, заради исчезнувањето на традицијата на боемите
и пајтоните, и одземениот гласот на толку емотивната песна „Битола, бабан Битола“, како изворен мелодиски колорит,
толку препознатлив за овој град.
И, наместо да се слуша музика од клавирите кои некогаш ечела по богатите битолски куќи, или ехото од елегантниот
кристал на некогашните конзулски коктели, сега се слушаат камбани кои некому одзвонуваат, и фрчат молотови коктели
кои палат.
Но, и покрај тоа, има останато нешто во Битола што сеуште воодушевува: убавиот лик и прекрасната насмевка на секој
граѓанин кој живее тука. Битола има прекрасни граѓани, образовани луѓе, уметници, спортисти, и, десетпати ќе речам, култура.
Како лична исповест, и јас сум таму образован. Во битолската гимназијата го учев предметот Предвојничка обука кај еден
од најпознатите професори од тоа време: легендарниот Ицо Пушката. Се што знам за склопи и расклопи пушка, како и за
сета светска стратегија, научив таму.
Така јас го гледам филмот за Битола, во кој името на градоначалникот ќе има споредна улога. Неговото име ќе се најде
во еден поинаков филм. Така му се спрема.

Последна промена: