Раскази - Хумор и Сатира

Grupa Seirdzii

Староседелец
11 јули 2013
106
83
1,038
74
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

„НЕ СЕ ПЛАШИМЕ ОД НИКОГО, НИЕ СМЕ...“, КАКО ВО ПОГОВОРКИТЕ.
МЕЧКА СТРАВ, МЕНЕ НЕ СТРАВ.

ВО „НОВАТА ЕРА“ ЌЕ ПОЧНЕМЕ СО ГОДИНИТЕ ОД ПОЧЕТОК,
НО И СО ПОЛИТИЧКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ ОД ПОЧЕТОК.

ИМАМЕ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК.
ВЕТИ СИТО И РЕШЕТО ЗА ФЕКАЛНАТА КАНАЛИЗАЦИЈА.

ПОСТИГНАВМЕ МИР И СТАБИЛНОСТ ВО ДРЖАВАТА.
НА ВОЕНАТА ВЕЖБА НА НАШАТА АРМИЈА,
ПАРТИИТЕ НЕ ЗАВЗЕДОА СТРАНА.

ЕФТИНАТА СТРУЈА НЕ Е ВОЛШЕБНА ЛАМБА
АКО ДУХОТ МИРИСА НА ИЗГОРЕНО ЕЛЕКТРО СТОПАНСТВО.

ТОЛКУ МНОГУ СМРТНИ СЛУЧАЕВИ НА НОВОРОДЕНЧИНА.
ТАЖНА ПРИКАЗНА ЗА ГОДИНА НА НАЦИОНАЛНА ЖАЛОСТ.

ЖУТИТЕ СЕПАК НЕ ИЗИГРАА.
АВТОПАТОТ БИЛ ПРЕСЛИКАН ПРОЕКТ ОД КИНЕСКИОТ ЗИД.

ЗАВРШИ ПРОЕКТОТ „ФАКУЛТЕТ ВО СЕКОЕ СЕЛО“.
ПОВТОРНО СЕ ВРАЌА МАЛСКАТА ФИЛОЗОФИЈА И
(ПРИ)ГРАДСКАТА УКА И НАУКА.

ПАРТИЈАТА НЕ ГИ ПРИЗНА ИЗБОРИТЕ.
НАМЕСТО ТОАЛЕТ ХАРТИЈА, НЕКОИ УФРЛАЛЕ ГЛАСАЧКИ ЛИВЧИНА.

ОСУДЕНИОТ ПОБАРА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА ДА МУ СЕ СМЕТА
ПО НОВИОТ ВЕРСКИ КАЛЕНДАР.

ДАДОВ ИСКАЗ ВО ПОЛИЦИЈА.
НИШТО НЕ УКРАДОВ СВОЕ.

НЕКОГАШ МЕ ПОСЕТУВАА ПРИЈАТЕЛИ.
ДЕНЕС ВОЛОНТЕРИ, ПРИЈАТЕЛСКИ.

УМЕТНИЧКИОТ ДОЈАМ НИ Е СЕКУНДАРЕН.
КУЛТУРНАТА РЕВОЛУЦИЈА ЈА ИСТРЧАВМЕ ЗА ДЕСЕТ СЕКУНДИ.

ПОПОВИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ОДДАЛЕЧИЈА ОД ВЕРАТА.
НЕМА МЕСТО ЗА ДВАЈЦА ПОД ЗВЕЗДЕНОТО НЕБО НАД НИВ
И (НЕ)МОРАЛНИТЕ ЗАКОНИ ВО НИВ.

ПРЕД БАРОКОТ 2014-ста ЖИВЕЕВМЕ ВО СОЦИЈАЛИЗАМ.
Т’МАН ГИ СПОИВМЕ САМОУПРАВУВАЊЕТО И САМОУНИШТУВАЊЕТО.

ФЕУДАЛИЗАМ, НАРОДНО ОСЛОБОДИТЕЛНА БОРБА, СОЦИЈАЛИЗАМ,
ТРАНЗИЦИЈА, ГРУЕВИЗАМ.
ДОЛУ УГНЕТУВАЧКИОТ КАПИТАЛИЗАМ !?

НЕ БЕВ КОМУНИСТ, АМА БЕВ ЈУГОСЛОВЕНСКО ДЕТЕ.
МИ НЕДОСТИГАШЕ МАКЕДОНСКИОТ ПАТРИОТИЗАМ
ЗА ДА ИЗРАСНАМ ВО НАЦИОНАЛ ШОВИНИСТ И ПАРТИСКИ ВОЈНИК НА ВЛАСТА.
 

Grupa Seirdzii

Староседелец
11 јули 2013
106
83
1,038
74
Л О К А Л (КАНАЛИЗАЦИО) Н И И З Б О Р И

Конечно дојде денот на локалните избори. Ќе се бира гр(а)доначалник. Колку типот ќе биде
(не)симпатичен и колку ќе го бива или нема да го бива, ќе се види подоцна, но, за граѓаните
изборот е конечен и нема враќање назад, барем не до следните избори. Заради чувството дека
претставуваат некаков политички субјект, секој граѓанин поединечно тој ден го доживува како
вистински празник. Ќе го даде својот г(л)ас за слобода, спас, отфрлање на јаремот, ќе го дочека
денот на победата, сеедно дали тоа ќе му го ветат од едната или другата страна од политичката
нишалка.

Во тој поглед, и моето семејство не беше никаков исклучок.

Јас, татко ми, мајка ми, братот и сестрата, по линија на граѓанска должност, требаше да се појавиме
на гласачкото место, и по сопствен избор да се определиме за еден од кандидатите. Се разбира,
целосно демократски, со спротивставени меслења, секој против секого до нож.

Мајка ми скокна прва: кандидатите за градоначалници меѓу себе да си тргаат кусо-долго дрвце, па
кој ќе биде нека биде. Лесно и е тоа на мајка ми да го каже кога припаѓа на невладините кои се борат
за мир и толеранција меѓу луѓето, каде што секое дрвце може да се делка како сакаш. Само што од
секое дрвце градоначалник не бидува. Од предизборниот хороскопски знак, мајка ми очекува среќата
на прв поглед да и се насмевне на некоја девица.

Но, што да се прави со татко ми кој припаѓа на националната револуционерна ослободителна партија
за обнова на четите и партизаните. Тој очекува борба, малихери и шмајзери, победа на народот,
оти само народот е тој што може да ја истера државата на чистина. Тој сака градоначалник кој ќе
шири национализам, шовинизам и омраза, а, против кого, секако некој ќе ни се најде на патот.

Со братот и сестрата беше најтешко. Директно се поделија меѓу власта и опозицијата. Веќе подолго
време не седнуваат заеднички на маса, едниот влегува од предната, другиот од задната врата на
куќата, само да не се сретнат. Ќе се виделе, велат, на избори. Судирот е издигнат до нивото на
меѓусебно убивање во појам, со ингениозната идеја за канализација во 21. век.

Јас се определив за неопределените. Која фаца или гримаса ќе се слика за градоначалник, ми беше
сосема сеедно. Но, токму тоа ми даде идеја како неопределен и независен, и јас да се кандидирам
за градоначалник.

Одлуката не беше случајна. Ми се смачи да го гледам тој криминал и корупција од страна на досегашните
градоначалници, па, повикувајќи се на мојата предизборна програма и чесност, дојдов до сигурен заклучок
дека ќе бидам нај соодветниот кандидат за оваа функција.

На денот на изборите доживеав целосен пораз, независно од мојата независност. Се зависеше од зависноста
од политичката олигархија. Покрај големиот број партиски кандидати, моите најголеми противници ми беа
домашните предавници: татко ми, мајка ми, братот и сестрата.

И тие се кандидирале за градоначалници.

П.С.
На сегашните локални избори најмногу се ветува канализација. Ако низ неа протече сиот досегашен политички
отпад и смрдеа, добор е’. Но, да не биде тоа само празно ветување.

На пример:
Прилепчани по четириесет години добија канализација, сега немаат вода.
(афоризмот е позајмен и одамна, но сеуште актуелен).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dorina

Grupa Seirdzii

Староседелец
11 јули 2013
106
83
1,038
74
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

ВОИНОТ НА КОЊ ЌЕ ГО ПРЕТОПИМЕ ВО ТРОЈАНСКИ КОЊ.
ТОА Е ПОДАРОК ЗА НАС ОД СОСЕДОТ, КАКОВ МУ (НИ) ДОЛИКУВА.

ДОЈДОВМЕ ВО СУДИР СО ЕДНА ОД ГОЛЕМИТЕ СИЛИ.
ГО ПРЕДИЗВИКАВМЕ ОБЛАСНИОТ ОКРУГ ОКУЛУ КРЕМАЉ,
ГОЛЕМ КОЛКУ СМЕ НИЕ СИТЕ

СО ПОДЕЛЕНА НАЦИЈА,
НЕ СЕ РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ СО ИМЕТО.
КОЈА ОД СТРАНИТЕ ЌЕ БИДЕ ПЛАН А, КОЈА ПЛАН Бе.

ТОА БЕШЕ ОБИД ЗА ДРЖАВЕН УДАР.
ЗВУКОТ ОДЕКНА ПОШИРОКО, НО,
ШТО РАЗБИРА НАРОДОТ ОД АКУСТИКА.

НАВИВАЧКАТА ГРУПА КОМИТИ СЕ ПОДЕЛИЈА.
ДЕЛБИТЕ СТАСАА И НА ФУДБАЛСКИТЕ ТЕРЕНИ
КАКО НЕ(ДО)РЕШЕН ИСТОРИСКИ РЕЗУЛТАТ.

ЈА БАРАМ МАКЕДОНИЈА ВО УСТАВОТ, РЕКОА, БАРАЈ ВО БИБЛИЈАТА.
ЈА БАРАМ ВО БИБЛИЈАТА, РЕКОА, СЕ Е ПО УСТАВОТ.

НАМЕСТО ГРАДОБИДНИ РАКЕТИ,
ИСФРЛИВМЕ НОВИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ.
ВАКА ИЛИ ОНАКА, ГРАД(ОТ) ЌЕ НЕ ОТЕПА.

ИМЕНУВАЊЕТО НА НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК,
ДОЈДЕ КАКО КАПКА ВОДА ВО ПРАЗНИТЕ ВОДОВОДНИ ЦЕВКИ.

ДОБРО, СИТЕ (ЌЕ) ГРЕШИМЕ.
АМА, ТИ НЕМОЈ ПОВЕЌЕ, ВОДАЧУ.

ПОРАНО ЖИВЕЕВМЕ ВО СЛОБОДА, СЕГА ИМАМЕ ДЕМОКРАТИЈА.
САМО КОМУНИЗМОТ И КАПИТАЛИЗМОТ СЕ ДИКТАТОРСКИ.

ЛИДЕРИ !?
ДАЈТЕ МУ ЛЕБ НА НАРОДОТ,
АКО ПОНЕСТАСА ВЕТУВАЊА.

НИ ТРЕБА АВИЈАЦИЈА, И ТОА СО СЕКАВИЧНА БРЗИНА.

НЕ ОЧЕКУВАМ БРДА И ДОЛИНИ ОД НОВАТА ВЛАСТ.
САМО КОНЦЕСИИ.

ВО ЗАТВОРСКИОТ КРУГ МИСЛИТЕ СЕ ПРЕКУ ЗИДОТ.
НО, И ЗИДОТ МИСЛИ ТЕМЕЛНО.

ЉУБОВНИОТ ТРОАГОЛНИК ПРИЗНАВА ТРЕТ ПОЛ.

КОГА ОДАМ НА ЛАКАР, МИ ВЕЛАТ: ЗА ГОДИНИТЕ, АРЕН СИ’.
И КОГА ЌЕ ОДАМ НА ОНОЈ СВЕТ, ЌЕ РЕЧАТ: ЗА ГОДИНИТЕ, АРЕН СИ’.

ИМАМЕ ИНДУСТРИСКИ ЗОНИ, ВОЕНИ ПОЛИГОНИ, БЕГАЛСКИ КАМПОВИ.
СЕ ЖИЦА ДО ЖИЦА. САМО ДРЖАВАТА Е ДУПКА.

АКО ОД ЧУВАРИТЕ (НА РЕДОТ) НЕ ШТИТАТ БРАНИТЕЛИТЕ,
ОД БРАНИТЕЛИТЕ СПАСИТЕЛИТЕ,
НА КРАЈОТ ЌЕ НИ ТРЕБААТ ПОЖАРНИКАРИТЕ И БРЗАТА ПОМОШ.

ВО ПОЛИТИЧКИОТ НАТПРЕВАР, ПОБЕДНИЧКАТА ПАРТИЈА Е НА ПРВО МЕСТО,
КОАЛИЦИОНИТЕ ПАРТНЕРИ СЕ ВТОРИ, ОПОЗИЦИЈАТА Е ТРЕТА.
ЗЛАТО, СРЕБРО, БРОНЗА(НИ) (РЕШЕТКИ).

ВО МОИТЕ АФОРИЗМИ БОГ Е ЧЕСТА МЕТА.
ДОДЕКА ТОЈ НЕ МЕ ПОГОДИ ЕДНАШ.

НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ПРИЛЕП Е ОРТОПЕД.
ЗА ДА ГО ИСПРАВИ ГРАДОТ НА НОЗЕ,
НЕМУ ЌЕ МУ ТРЕБААТ ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛА.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Grupa Seirdzii

Староседелец
11 јули 2013
106
83
1,038
74
АФОРИЗМИ ОД МОЈАТА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

ВОЗЕВ СЕДУМДЕСЕТ КИЛОМЕТРИ, А ТРЕБАШЕ ЧЕТИРИЕСЕТ.
ЈА ИЗБЕГНАВ КАЗНАТА ОТКАКО НА ПОЛИЦАЕЦОТ МУ ОБЈАСНИВ ДЕКА
РАЗЛИКАТА ОД ТРИЕСЕТ КИЛОМЕТРИ, Е ПОМАЛА ОД СЕДУМДЕСЕТ И ЧЕТИРИЕСЕТ.

ИМА НЕШТО НЕПРИСТОЈНО КОГА СЕ БАРА ДРУГА (ЦРКВА) МАЈКА.
СИТЕ МАЈКИ СЕ К . . . И, САМО МОЈАТА НЕ.

МПЦ ВОДИ ВИЗАНТИСКА ЦРКОВНА ПОЛИТИКА.
ГО ЗНАМ ТОА ОД ПОРАНО.
И ЦАР САМОИЛ СЕ ВПУШТИ ВО ЕДНА ТАКВА.

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ГО ПРОГЛАСИЈА ЗА ДЕСТРУКТУИРАН БУГАРСКИ ЈАЗИК.
ПРИЧИНЕНИ ОД НИШчО,
ПОВТОРНО СЕ ДЕСТРУКТУИРААТ БАЛКАНСКИТЕ ЗЛИ ЈАЗИЦИ.

ЌЕ СЕ БОРИМЕ ЗА ЧИСТ МАКЕДОНСКИ И АЛБАНСКИ ЈАЗИК.
ЌЕ ГО ИСФРЛИМЕ ЗБОРОТ БИЛИНГВИЗАМ ОД РЕЧНИКОТ НА ДВОЈАЗИЧНОСТА.

ВЛЕГУВАЊЕТО ВО СОБРАНИЕТО БЕШЕ СИГНАЛИЗИРАНО ОД ПОГРЕШНО МЕСТО.
СЕМАФОРОТ НА ПЕШАЧКИ ПО ГРЕШКА ЗАСВЕТЛИ ЦРВЕНО, ЖОЛТО, ЗЕЛЕНО.

ИМАМЕ НЕОПРЕДЕЛЕНИ, НЕЗАВИСНИ, НЕЗАИНТЕРЕСИРАНИ, НЕ ИНФОРМИРАНИ,
НЕЛЕГИТИМНИ, АПОЛИТИЧНИ, ИСЕЛЕНИ, МРТВИ..., ПАРТИСКИ ПОДЕЛЕНИ ГЛАСАЧИ.

СЕ ОТКРИВААТ СЕ НОВИ И НОВИ ПЛАНЕТИ СЛИЧНИ НА НАШАТА.
НАТО И ЕУ ВЕЌЕ ОДСЕГА РАЗМИСЛУВААТ ЗА ПРИЕМ НА НОВИ ЧЛЕНКИ,
ВКЛУЧУВАЈЌИ ЈА И МАКЕДОНИЈА.

СЕ ОДРЕКОВ ОД ВЕРАТА ВО БОГА.
ПОВЕЌЕ ВЕРУВАМ ВО (ЗА)ВЕРАТА НА СВЕШТЕНИЦИТЕ.

И ГРАНЧЕТО НА МИРОТ СТАНА ГМО ПРОДУКТ.

ОБВИНЕТИОТ ТРИ ПАТИ ГО СМЕНИ ИСКАЗОТ.
СВЕДОКОТ ТРИ ПАТИ МОРАШЕ ДА СЕ ИСПРАВА СЕБЕСИ.

КУПИВ КЛИМО УРЕД.
НЕ МОРА ДА ПРАШАМ ЗА ВРЕМЕТО.
КАЈ МЕНЕ СЕКОГАШ Е ВЕТРОВИТО.

ЗАРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ,
ВО ЗИМО ЌЕ ИМАМЕ САМО ВЕШТАЧКИ СНЕГ.
ЗА ЛЕТОТО, НАУЧНИЦИТЕ ВЕЌЕ РАБОТАТ НА ВЕШТАЧКО СОНЦЕ.

ИМУНИ СМЕ НА СЕКАКОВ ПОРАЗ ВО СПОРТОТ.
ИГРИТЕ НИ СЕ ЗАШТИТЕНИ ОД ВИРУС.

ИМАМЕ ДЕМОКРАТСКИ НАПРЕДОК.
НАРОДОТ ЛЕГАЛНО ЈА ИЗБР(К)А ВЛАСТА.

ДЕКА ЛУЃЕТО И ВО СИРОМАШНИ ВРЕМИЊА МОЖАТ ДА БИДАТ СРЕЌНИ,
СЕ ГЛЕДА ОД СЕРИЈАЛОТ „НАРОДНИ ПРИКАЗНИ“, И ОД ВРАБОТЕНИТЕ ВО МАКЕДОНСКА ТЕЛЕВИЗИЈА
СЕ ДОДЕКА ПРИМААТ ПЛАТА ОД ДРЖАВАТА.

ЌЕ СЕ НОСИ НОВ ЗАКОНИ ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕТО.
ВО ЕДНО УВО ДА ВЛЕЗЕ, ОД ДРУГО ДА ИЗЛЕЗЕ, ВЛЕЗЕ, ИЗЛЕЗЕ...,
КАКО КОМ(У)БЕ.

ПАРИТЕ ГИ ОДНЕСОВ ВО БЕЛИЗЕ.
ЗАРАДИ СИГУРНОСТ,
КАПИТАЛНИТЕ ПРОЕКТИ ГИ ЧУВАМ ВО ДРЖАВАТА.

НЕ Е ТОЧНО ДЕКА НЕ ЗНАЕМЕ ДА ГО СЕЛЕКТИРАМЕ ОТПАДОТ.
НА ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ГО ДЕЛИМЕ НУКЛЕАРНИОТ ОТПАД,
А ПОСЛЕ ТОЈ НЕ ДЕЛИ НА ЕЛЕМЕНТИ.

ДОАЃА ВРЕМЕТО НА ПРИЛЕПСКИТЕ САРМИ.
ПОДГОТВЕТЕ СЕ. ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДА БРОИТЕ ДО МИЛИЈОН. ДА, ДА !?
НЕКОИ БРОЕЈА И ДО ДВА, ДО ТРИ. КОЛКУ ШТО МЕОЖЕА ДА ЛАПНАТ.
 

Grupa Seirdzii

Староседелец
11 јули 2013
106
83
1,038
74
ПОЛИТИЧКИ, НАРОДНИ И ДРУГИ САРМИ

Помина празникот Св. Никола, да е напомош.

Како за многу православни верници, овој верски празник е значаен и за прилепчани: речиси секоја
втора куќа во градот го има примено како домашна слава. Према обичаите, во семејството се канат
гости, се подготвуваат посни сармички, грав, риби, се пие вино, се благословува за многу години да
е за сите. Со Бoжја милост, овој правоверник и слуга Божји е прогласен за светител и заштитник
на град Прилеп. Следејќи ја оваа народна и верска традиција, секоја година на овој ден општинските
власти организираат сенародна прослава со присуство на голем број граѓани и гости, на кои им се
нудат прочуeните прилепски посни сармички, со еден ексклузивитет дека сармите, по бројот колку што
во еден турнус биле завиткани, се влезени и во Гинисовата книга на рекорди.

Но, празникот дојде и си замина. Треба да се мисли за понатаму, а што да се мисли ако не за политика.
И така, во вакумот на политичкото затишје кое дојде по бурните настани со промената на власта (до
некоја следна бура), прилепчани, немајќи друга работа, почнале да дебатираат за тоа чии сарми се
подобри: од предходната или сегашната власт.

Неопределените се изјасниле дека разлика нема. На двете страни се работи за главолики зелки, било
солени или недосолени. Зелките обично се носат на рамена, а, откако ќе отстојат во некоја државна
ка(н)ц(елари)а, се сторуваат во кисел и засмрден политички расол за никаква употреба. Расолницата била
така добро заматена, што дури им го заматила умот и видот на народните маси. Тие пак што ја мателе,
обично се гоштевале со дроб сарми и ним омилениот специјалитет (по примерот „кажи ми што јадеш ќе
ти кажам кој си“): запечен расол со свинска глава. Не дека се виткаат сарми, ќе речат неопределените,
туку што се витка. А се витка (не)вистината во трули листови од (судско)правни акти, за пред очите на
граѓаните да се завитка криминалот и корупцијата.

Партиски поделените граѓани биле со поинакво мислење.

Едните тврделе дека сармите од претходната власт се подобри затоа што народот бил виткан во расол
сторен единаесет години, па веќе бил навикнат да трпи секакви главолики засмрдени зелки кои во јавноста
им се сервирале во вид на добро запржена сарма. Расолницата била толку мајсторски засолена така што
секого да ги протера од секаква нужда, од работа, од државата, од барикади, од нивниот единствен живот.
Затоа пак, кога требаше и колку што требаше, сите го почуствуваа вкусот на сармите големи како (нечија)
тупаница, и го осетија мирисот на ветувањето за расол со коска.

Другите тврделе дека сармите од новата власт се подобри. По демократизацијата на сармијадите, граѓаните
можат да јадат и живи сарми, место живи да се јадат меѓу себе како досега. Заради опстанок на сегашната
собраниска растурена сарма, под заштита се чуваат само главоликите незрели зелки во селскиот атар на зајко.
Власта вети дека постот бргу ќе го заборавиме и ќе почнеме да кркаме мрсни сарми, и ако досега ги немаме
ни видено ни намирисано. Конечно, никој повеќе не мора да носи список со десет нови смотани сарми во партија,
или прекумерно да пика празноглави сарми во државната администрација, и дека секој што ќе свитка подмишка
туѓи сарми за дома, ќе оди во затвор (па нека штрајкува со глад или без глад). Отсега натаму, стандардот по
глава на жител ќе се мери по бројот на изедени сарми. Посни, се разбира.

Како епилог, оваа бурна расправија завршила со еден голем консензус на патерица, кога по празникот, сите здушно
се нафрлиле врз она што останало на свети николските трпези и до гуша се тупале со грав и сарми, сеедно од
која власт биле подготвени.

Ad informandum
Према легендата, синоним за прилепските сарми бил Глигурче Поснасарма, еден од најголемите итромани на сите
времиња во градот на мајтапџиите (средина на осумнаесетти век). Неговите мајтап муабети биле раскажувани
надалеку, како на пример кога ги убедил османлиите да не го рушат прилепскиот градски саат затоа што бил изграден
повисоко од џамијата, што не било дозволено. „Аџеба, е’ повисок од џамијата – признал Глигурче Поснасарма -,
ама е изграден накриво, и за сите времиња да носи клетва така да си остане“, и така некако ги смирил лутуте Турци.

Во овој дух, има нешто таинствено останато од тој некогашен мајтаплук на Глигурче Поснасарма со кој прилепчани
до ден денес, сите добродојденци и доборонамерници, ги виткаат во посна сарма, без да се сетат.

ПС.
Прилепските сарми се историски момент за помирување.
На 11. Октомври не биле фрлани бомби, туку сарми.
Добро бе, еден загинал, ама од прејаденост.
Па нели бугарските офицери биле чести гости во прилепските куќи.
 
Последна промена:

Grupa Seirdzii

Староседелец
11 јули 2013
106
83
1,038
74
РАЃАЊЕ НА МУЗИКАТА

Во почетокот беше рик,
рик на дивиот човек
кој во еден миг го чул како звук,
со што за прв пат се чул самиот себе
и разбрал самиот себе.

Но, тоа сеуште не било музика.

требаше да се роди крчма
а во крчмата свирачи
виното да ја каже вистината
од каде доаѓа музиката

Се прели капка блесок, па тресок
Во космосот грмотевици и хаос
Во главата на композиторот бројки,
прават ред
Хармонија, дур, мол
Тивка мелодија, светот да не полуди.

Повлече гудалото врз гласните струни.
Пијаниот крчмар, во рикот,
душа би дал, музика да чуе.
 

Grupa Seirdzii

Староседелец
11 јули 2013
106
83
1,038
74
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

РАЗУМЕН ПОРАЗ ИЛИ РАЗУМНА КАПИТУЛАЦИЈА ?
СЕКОГАШ СМЕ БИЛЕ ВО ДИЛЕМА КОГА ТРЕБА ДА ИЗБЕРЕМЕ
ЕДЕН ВАКОВ (НЕ)РАЗУМЕН КОМПРОМИС.

КАДЕ Е ТУКА ЖАРТА ЗА ИМЕТО.
НА ПРОТЕСТОТ ВО АТИНА НЕМАШЕ НИ ДЕСЕТ ПОСТО
ОТКОЛКУ ШТО СИТЕ НИЕ (ЌЕ) (ИЗ)ГОРЕМЕ НА ГРЧКИТЕ ПЛАЖИ.

ИМА НАПРЕДОК ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО ЈУЖНИОТ СОСЕД.
СКРИЕНИТЕ ВОЈНИЦИ ВО ТРОЈАНСКИОТ КОЊ ЌЕ НИ ГИ ИСПОРАЧААТ
КАКО ДОБРО ТЕМПЕРИРАН (ЕВРОПСКИ) КЛАВИР.

СО ПРУГАТА БИТОЛА – ГРЧКА ГРАНИЦА,
И КРИВА ПАЛАНКА – БУГАРСКА ГРАНИЦА,
ЗА НИВНА СРЕЌА, САМО СОСЕДИТЕ ЌЕ ГИ ПОВРЗЕМЕ.

ЈАЗИЦИТЕ ЌЕ НЕ ЗБЛИЖАТ БЕЗ ПРЕВОД.
СО ДВОЈАЗИЧНА (ИСПЛАЗЕНА) НАСМЕВКА.

НАШАТА ИСТОРИЈА ЈА НОСИМЕ ВО НЕЗАБОРАВОТ.
ОД КАДЕ СЕГА ТОЛКУ ИЗМИСЛИЦИ ?

ЈАКА ОПОЗИЦИЈА.
ШТРАЈКУВА СО ГЛАД, НАРОДОТ ДА ГО ПОНЕСЕ НА РАМЕНА.

ЖИВЕЕМЕ НА ГРАНКИТЕ НА ЦИВИЛИЗАЦИЈАТА.
ЦИВКАМЕ, ЦВРКОТИМЕ, ЦРВУЛИМЕ ... ЧИСТО ЖИВОТИНСКО ЦАРСТВО.

МОРАВМЕ ДА ЈА ВОВЕДЕМЕ ДЕМОКРАТИЈАТА ЗАРАДИ ВЛЕЗ ВО ЕУ.
ИНАКУ ЖИВЕЕВМЕ СЛОБОДНО, ОЛАБАВЕНО, РАЗУЛАВЕНО...

СЕ СОМНЕВАМ ДЕКА НЕКОГАШ ОВДЕКА СЕ ВОДЕЛЕ БИТКИ.
И ПОРОБУВАЧИТЕ ОСТАНАЛЕ СО ПРАЗНИ РАЦЕ.
НЕ ВИДОВМЕ ДЕКА СЛАВАТ ПОБЕДИ.

ПРАВИМЕ ДЛАБИНКСА АНАЛИЗА.
СКОКНАВМЕ ВО ДЛАБОЧИНА ДА ЧУЕМЕ КОГА ЌЕ ТРЕСНЕМЕ ОД ДНОТО.

ЧИТАМ РАЗНИ АФТОБИОГРАФИИ.
НЕМА ВРСКА СО МАТЕМАТИКА, НО, ОВА Е СЕ ПОМНОЖЕНО СО ДВА.

КРИМИНАЛЕЦОТ ЈА ОТВОРИ СВОЈАТА ДУША.
ОТВОРА КОГА Е СИГУРЕН ДЕКА Е ПРАЗНО.

МУ ДАДОВ НА ПИТАЧОТ ЕДНО ЕВРО.
ЕТЕ, ГО ВНЕСОВ ВО ЕВРОПСКА УНИЈА.

ГИ ОДНЕСОВ РОДИТЕЛИТЕ ВО СТАРСКИ ДОМ.
МИ МАВТААТ, МИСЛАТ АФТОБУСКА СТАНИЦА.

ВЛАСТА ПЛАСИРА НОВА ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР.
ТОА Е УШТЕ ЕДНА ТЕОРИЈА ЗА СВЕТИ СТРАВОТ
ДА НЕ ПАДНАТ ОД ВЛАСТ ОТИ СВЕТОТ ЌЕ ПРОПАДНЕ.

СЕКСУАЛНА РАБОТНИЧКА БАРА ПАРТИСКО ВРАБОТУВАЊЕ.
ЌЕ ГИ ШИРИ (ИЗ)МЕЃУ СВОИТЕ КЛИЕНТИ СТАВОВИТЕ НА ПАРТИЈАТА.

ЗА НАРОДОТ НЕ МИ Е ГАЈЛЕ, СИТНАТА СТОКА ЈА ЖАЛАМ.
ОВНОВИ ВОДАЧИ ИМА, ОВЧАРИ НЕМА ДА НАЈДЕШ.

ДА ГО РЕШИМЕ ПРОБЛЕМОТ СО ГРЦИТЕ,
А ПОТОА, ОТКАКО ЌЕ ВЛЕЗЕМЕ ВО ЕВРОПСКА УНИЈА,
ЌЕ ИМ ГИ ВРАЌАМЕ КРЕДИТИТЕ.

НЕ АНТИЧКА, БИБЛИСКА МАКЕДОНИЈА ЕРГА ОМНЕС.
ПРЕКУ ОВАА ЦРВЕНА ЛИНИЈА, ГОСПОД (НА СИТЕ) ЌЕ НИ СУДИ.
 

Grupa Seirdzii

Староседелец
11 јули 2013
106
83
1,038
74
НЕ БЕГАЈ

Од окулу, со неколку зборови, на жената и предложив пред спиење да имаме
судир. Асоцирав на љубов, страст, ерогени зони, истражување нови нешта.
Директно, со неколку зборови, ми стави на знаење дека не е заинтересирана.
Ништо, си реков, уште една корпа.
Потоа седнав да вечерам. Каснав од ова, каснав од она, на крајот се прејадов.
Киселините во стомакот и подуеноста си го направија своето. Ме фати офтика,
безволност, телевизорот не ме интересираше, а жената уште помалку. Единствено
што можев да сторам е да си легнам. Сонот и чувството на прејаденост не одат заедно:
само зјапав во темница, паднат во секој поглед.
Едно време ја чув жената како се спрема за спиење. Помислив, а што ако и текне
да ми рече ајде бе мажу, нели ми предложи нешто. Е сега, си реков, ќе се преправам
дека спијам. Ги затворив очите, немрдам, речиси умрен. Го подотворив едното око
и ја гледам жената како се пресоблекува.
(Надја, со румени образи, среќна, со сјајни насолзени очи
во исчекување на нешто исклучително, кружеше
во танцот, нејзиниот бел фустан се дуеше и делумно
ги откриваше убавите, витки нозе во чорапи со боја на кожа.
(цитат од песната „Не бегај“, Рајмонд Карвер) ).
Потоа почувствував како топло се вовлекува под јорганот. Отворените пори го ширеа
мирисот на нејзината насолзена убавина и женственост. Рикна во мене инстинктот на звер,
но, мојата машка гордост беше поголема. Шо прајш, и свикав, ме разбуди. Аман бе, кротко
ми се обрати, зарем толку бргу заспа. Ајде, спиј, нежно ми шапна, еве и јас штотуку се
спремам да се преправам дека спијам.
 
Последна промена:

Grupa Seirdzii

Староседелец
11 јули 2013
106
83
1,038
74
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

ПОСЛЕДЕН ПАТ ГО ИЗГОВАРАМ ИМЕТО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
СЕГА ЧЕКАМ НЕКАДЕ ГОРЕ ДЕ СЕ КАЧАМ И ДА СВИКАМ ГОРНА МАКЕДОНИЈА.

ЕУ МУ ДАДЕ 14 ДОМАШНИ ЗАДАЧИ НА БАЛКАНОТ.
КАКО ЛОШ УЧЕНИК, БАЛКАНОТ И ПОНАТАМУ ПРЕПИШУВА ДОМАШНИ:
ПРЕПИШУВА ИСТОРИЈА, ГЕОГРАФИЈА, ЈАЗИК, ИДЕНТИТЕТ...

ЗА ИМЕТО, АНТИЧКИТЕ МУДРЕЦИ ЌЕ ПОГЛЕДНЕА ВО ЗВЕЗДИТЕ,
И УШТЕ ТОГАШ ЌЕ НИ КАЖЕА ДЕКА
СОЗВЕЗДИЕТО ЕВРОПСКА УНИЈА ЌЕ БИДЕ НЕДОСТАПНО ЗА НАС.

ВОДИМЕ НОВИ ИСТРАГИ, ИЗЈАВИ СЈО,
ДА ВИДИМЕ КОЛКУ НОВИ ИСТРАГИ МОЖЕМЕ ДА разВОДнИМЕ

НАШЕТО СУДСТВО СЕ Д(р)ЕФОРМИРА.
ОСЛОБОДИ ДЕСЕТ ПОЛИТИЧАРИ ЗА КРИМИНАЛ,
А ОСУДИ ЕДЕН НЕВИН ГРАЃАНИН.

ШТО ПОМАЛКУ ДА СЕ УЧИ, ДА СЕ ЗНАЕ, ДА СЕ УМЕЕ, ДА СЕ РАБОТИ.
ТОА Е НАШИОТ СЛОБОДЕН ПАД ВО ФИЗИКАТА, БЕЗ ОТПОР НА СИЛАТА НА УМОТ.

ВОДАЧОТ Е ЛИДЕР ВО НАШИОТ ТИМ.
САМО ШТО НИЕ СМЕ ТОПКА ЗА ТРКАЛАЊЕ.

РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ ЉУБОВТА ВО СЕКОЈ ПОГЛЕД,
И ЉУБОВТА НА ПРВ ПОГЛЕД, МОЖЕ ДА БИДЕ И ПРЕКУ ОКЕАНСКА.
НА ПРИМЕР, МАКЕДОНИЈА И АВСТРАЛИЈА.

ВО ИДНИНА, НАЦИОНАЛНИТЕ КУЈНИ ЌЕ СЕ ИЗУЧУВААТ
КАКО ГЕНЕТСКИ МУТИРАНА МЕМОРИЈА.

ГОЛЕМ ТОВАР Е ПАДОБРАНОТ ВРЗ ГРБОТ НА ПАДОБРАНЕЦОТ.

СЕ ИГРА ФЕР-ПЛЕЈ: БОРБЕНО, МАШКИ И ВО КЛАДИЛНИЦА.

САКАВ ДА РЕЧАМ ... !?
МИ ПОБЕГНА МИСЛАТА... !?
РЕЧТА И МИСЛАТА МУАБЕТАТ.

КУПИВ НОВА КНИГА.
ЗА КНИГАТА НИКОГАШ НЕ СЕ ВЕЛИ ДЕКА МОРА ДА СЕ ПРОЧИТА.
СЕКОГАШ ЌЕ ОСТАНЕ НОВА.

ДОЧЕКАВМЕ ПРОМЕНИ.
ОД ЕДНО ТРПЕНИЕ, ПРЕМИНАВМЕ ВО ДРУГО.

ВО ПРИЛЕП ПАК ДЕЛБИ.
КОЈ ПОВЕЌЕ ПАЛИ И ГАСНИ (ВИКЕНДИЧКИ И ГАРАЖИ):
СЕГАШНАТА, ИЛИ ПРЕТХОДНАТА ВЛАСТ.
 

Grupa Seirdzii

Староседелец
11 јули 2013
106
83
1,038
74
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА


ПРОБЛЕМОТ СО ИМЕТО ЌЕ ОСТАНЕ ДА ВИСИ ВО ВОЗДУХ.
ДОБРО Е, БАРЕМ ЌЕ ДИШЕМЕ


ДОБИВМЕ ЧИСТА ПРЕПОРАКА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ,
СЕГА УШТЕ ДА СИ ГО ИСЧИСТЕМЕ ЃУБРЕТО КОЕ ГО ТУРКАВМЕ
ПОД ТЕПИХОТ НА ИСТОРИЈАТА.


ЈА ПРОБИВ ШИФРАТА 3 – 6 – 9.
ВЛАСТА ДЕЈСТВУВА: ВОЗБУДЛИВО ВЕТУВАЧКИ, СТАЛОЖЕНО
ЗАКАНУВАЧКИ И СКРОМНО РАСИПНИЧКИ.


ЗАРАДИ СУМАТА КОЈА ТРЕБА ДА СЕ ВРАТИ,
НОВИОТ АФТОПАТ СЕ ПОВЕЌЕ ФАЌА КРИВИНИ.


ЗА ВЛАСТА СЕГА ЧИНИ ОНА ШТО ОПОЗИЦИЈАТА ГО ПРАВЕШЕ.
ЗА ОПОЗИЦИЈАТА СЕГА НЕ ЧИНИ ОНА ШТО ТАА ГО ПРАВЕШЕ.


„ЧИСТАТА“ ПОРАКА Е ЈАСНА.
ГЛЕДАЈТЕ ВО ИДНИНАТА, ЗАБОРАВЕТЕ НА МИНАТОТО.
ИЗМЕЃУ, ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ВОЛОНТИРАТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ
.

ЈА РАС(ЗА)ПНАВМЕ ДЕМОКРАТИЈАТА.
НА СТОЛБОТ НА СТРАМОТ НИКОЈ НЕ ВОСКРЕСНАЛ.


СТАНАВМЕ ЦЕНТАР ЗА ЛАЖНИ ВЕСТИ ВО СВЕТОТ.
СЕТО ТОА Е ПРОВЕРЕНО ДОМА.


НОВО ИМЕ, НОВ ИДЕНТИТЕТ, ЈАЗИК, КУЛТУРА...
ИСТОРИЈАТА НА БОЛЕСТИТЕ ПО СТАРО.


ИМАМ КРВНА ГРУПА Бе.
СПРЕМЕН СУМ ДА ЈА ПРОЛЕАМ ЗА ТАТКОВИНАТА ВО СЛУЧАЈ НА ПЛАН Бе.


СНАЈПЕРИСТОТ Е ТОЛКУ БЛИЗОК СО СВОИТЕ ДАЛЕЧНИ.


ЖЕНИТЕ НЕ МОЖАТ ДА СЕ ЧУКНАТ В’ ГРАДИ.
ВО ГРАДНИК.


МУ ФРЛИВ СЛАМКА НА ДАВЕНИКОТ, НО ЗАЛУДНО.
РИБАТА ВЕЌЕ СЕ ПРЕВРТИ.


СЛИКАТА ВРЕДИ КОЛКУ ИЛЈАДА ЗБОРОВИ, ПЛУС ИЛЈАДА ЕВРА.
СЕКОЈ ЗБОР ПО ЕДНО ЕВРО.


ЌЕ УЧИМЕ ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ЛАЖНИ ВЕСТИ.
НО ПРВО, ДОЗВОЛЕТЕ ЛАЖНО ДА СЕ ПРЕТСТАВИМЕ.


ВО ЕДНОПАРТИСКИОТ СИСТЕМ УЧЕВМЕ ДЕКА ТОА Е ДЕМОКРАТИЈА (ЧИСТА УТОПИЈА).
ВО ДЕМОКРАТИЈАТА НАУЧИВМЕ ШТО ЗНАЧИ ЕДНА ПАРТИЈА НА ВЛАСТ (ОТКАКО НЕ ПОТОПИЈА).


ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ИЗВЕДЕ ПОКАЗНА ВЕЖБА.
ДА НЕ БИДЕ ТОА ПО (нечија изречена) КАЗНА,
ЗАДОЛЖИТЕЛНО САМО ПОВРЕДУВАЊЕ ОД ПАЈАК.


Л . ЛА СЕПАК ЌЕ МОРА ДА СЕ МАЖИ.
ОТКАКО ДОМА И ВЛЕГОА АРАМИИ,
ИТНО И ТРЕБААТ ПАРИ.


СИ ГО ЗАРАБОТИВ ЛЕБЧЕТО.
СТАНАВ СОВЕТНИК НА ЛИДЕРОТ ЗА СПАСУВАЊЕ ОД АФОРИЗМИ,
ОД ТИЈА КАТУ БОМБИ, БАСИГИ.