Раскази - Хумор и Сатира

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
Ќе оствариме победа на изборите.
Ќе добиеме еден ама вреден глас од вештачката интелигенција.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Јаболкото на раздорот на Балканот се лушти.
Ни остана само маминото семе мамино да тибам.

Милион и кусур илјади гласачи !?
Према анкетите, на избори ќе ги има повеќе од помалку.

Партијата на избори ќе користи вештачка интелигенција
како дополнителна алатка, палка, кука, шипка...

Нема повеќе качулки во партијата.
По победата на избор, тоа ќе бидат полициски кациги.

Имаме ефикасна администрација.
Самоодржлива во канцеларија и партија.

Грците ја присвоија антиката.
Ќе го присвојат и Чебрен од кого направивме антика.

Историјата се повторува,
но кога ја повторив во мојот докторат, го прогласија за плагијат.

Партијата се расцепи како цепеница.
Колку да потпалат.

Мечките дивеат, ама има забрана за отстрел.
Дивеат и цените, ама и трговците се заштитени.

Граѓаните му поделија милост на уличниот питач.
Сироти, каматите во банките им се помали.

Нашиот доктор е голем специјалист.
Сите научија дека не зема мито.

Одливот на мозоци нема звук како одлив на казанче во шоља,
ама така ги испуштивме.

Човечкиот ум (на друм) со вештачката интелигенција
ќе доживее мозочен бум.

Првата виолина се огласи:
жиците и живците да се наштимаат во интонација.

Живееме долго колку ни е пишано.
Некому од Господ, некому од афоризмот.

На брачните јубилеи, како неканети гости чудни мисли:
кај те најдов тебе да те земам !?

Тиква и жена ќе видиш какви се, кога ќе ги однесиш дома.
А каква е тиквата ? Скината !
(Народна смешка без грешка).
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
На тркалезната шведска маса главно мени стана НАТО.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
Страшен бран на инфузија протече низ моите вени.
Инфузиите на онкологија шуштат како вода од славина.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
Бог ќе има полни раце работа.
Новата религија ќе го распне избраниот меѓу вештачките роботи,
за повторно да воскресне бого-човек, вдахнат од правта меѓу каблите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kockakockica@

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
ЖИВА ЕПОПЕЈА (колку да не е мртво слово на хартија)

Ние, живи закопаните под плочата на северно македонската
антика,
имаме аргументи да го поништиме Преспанскиот договор.
Имено !?
Со географската одредница Северна Македонија, праведно беше
да ни припадне парче од северниот дел од антиката.
Барем оној северен дел на европските музејски куратори.
Наместо тоа, Тројанскиот коњ ни го понудија како добиток.
Но, дури да не чешла историјата, ние ја натокмивме.
Се фативме за работа.
Со брзоглава одлучност место да копаме под земја,
почнавме да градиме над земја: лажна антика
со лик на лажен барок.
И, што сега !?
Па… сами го градевме, сами ќе го срушиме.
А потоа назад кон вистинската северно македонска
неоантика и неоренесанса.
Ќе си копаме во сопствениот двор.
Ќе ги ископаме очите на Александар и ќе прогледаме.
Но само ако Александар се тргне, и ја истави сенката
од нашиот видокруг.
Да видиме дека она што треба да копаме,
се темелите на Европската Унија.
Каде и припаѓаме, сами така си рековме.
Има тука доста расфрлана керамика која им припаѓа ним.
А и ѓубре кое си го оставиле.
И да им го истуриме пред нивната вратата.
Барем како што порачаа и самите европски лидери на последно.
Само со чисти критериуми и паралелни процеси се влегува таму.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kockakockica@

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
Судбо носци МакедонЦИ

По потекло сме Библиски Македонци,
по националност антички македонци,
географски, само наречени Северџанци,
демографски, тепајкуровци,
партиски, со додавката овци,
политички, птици преселници,
војнички, шаховски пешаци,
долу за уши не влечат натовци,
горе чавки и италијански ловци,
економски, непрокопсани должници,
социјално, бедници,
морално, нечовеци,
религиозно, неверници,
историски, губитници,
образовно, лоши ученици,
академски, затутулени интелектуалци,
фолклорно, домородци,
државнички, патриоти или предавници...

Има нешто што сакаме а да не завршува со слогот ЦИ ?
Има.
Да станеме членка со слогот ЕУ.
И ако кај нас многие љубљат Советскији Сојуз.
И пак да завршиме на ЦИ.
Како бољшевици.
И вмровци.
Слепци.
Пци.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
„Европска Македонија“ или „Твоја Македонија“ ?
Тоа најдобро може да се види од дистанца, да речеме ЕУ или Русија.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
Ја имаме најлошата опозиција.
Ја спомнувам да го опишам најлошото како вид збор
во речникот.