Раскази - Хумор и Сатира

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
„Ќе провериме дали ЕУ сака да се зачлени Македонија“.
Фрапантно !? Прво ќе почнат да чепкаат по околните контајнери со хартија
да не најдат некој сомнителен документ.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
Не би сакал некои партиски лидери да ме учат ни во трето одделение,
а не пак да ми бидат професори на факултет.
 
Последна промена:

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
Конечно ја дочекавме книгата „Колишевски и Македонија“.
Но ништо во нејзе не прочитавме за неговите злодела:
не толку кон разнебитените вмровци, или неистомисленици
комунисти, туку кон козите, другари, козите, и нивниот геноцид
по наредба на насловениот, затоа што ги брстеле младите фиданки,
со што директно го нарушиле угледот на грбот на Македонија
обвиткан со расцутени гранчиња и класје. Нема одговор ни за
неговата меѓудржавна реципрочна политика, да се раскопачат
сите лозови насади од сортата Таљанка, оти не ни го дале Трст.

Да се прости, но да не се заборави, за козите. За останатите,
нека зборуваат разгледниците од Голи Оток, испратени без адреса
и број.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
Со новиот Кривичен законик направена е прекфалификација на делото,
така што делото на Партијата од став еден со одлука на Второстепениот суд
е префрлено во став два, така што Партијата доби ослободителна пресуда
од прволигаш да стане второлигаш.
(Напомена: Второстепениот суд и понатаму останува второразреден).