Раскази - Хумор и Сатира

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
Подземните тунели на Хамаз се црвојадина во идејите.
 
Последна промена:

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
По извештајот. имаме и ние кец на десетка.
Десетката за нас, кецот за ЕУ.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

НЕ за Уставни измени, ДА за Европската Унија.
НЕ – ДА, ДА – НЕ, Неда и Дане не се двоумеа каде да заминат.

Мојот дедо го учеле бугарски учители.
Каков народ – такви обичаи. И денес не учат.

На јаболкото на раздорот на Балканот му дојде крајот.
Македонија во ЕУ ќе влезе како овоштарник.

Историјата се повторува.
Ете на пример, нас еднаш не нема, па после пак не има.

Тројанскиот коњ на опозицијата е наменет за влеча на државата.

Чекор по чекор – почекај.

Давениците во животот се фаќаат за се што е површно.

Знаевме дека и следните ќе крадат, затоа кланот си продолжи со работа.

Диетата е успешна кога тенко ќе стане и дебелото црево.

Не можат или не сакаат да видат подалеку од носот – шмркаат.

Само со високи пензии ќе создадеме генерации и генерации успешни пензионери.

Народот сака леб и игри.
Владата ја намали цената на лебот, со што игрите на владата продолжија.

Вештачката интелигенција доби задача вештачките цвеќиња
да ги расцути на природен начин. Се згрози.

Користам вештачки прибор за јадење.
Не е вештачка интелигенција, ама се вештачи вилици.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Devojche

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
Дали ќе дејствуваат стабилизирачки или дестабилизирачки не се знае,
но сеуште ја немаат научено сопствената азбука, дури и на денот кој ние
Македонците со честитки го славиме како Ден на албанската азбука.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
Нашата воена индустрија сонува за производство на дронови.
Во соновникот тоа се лилјаци.

Вмро да трепне два пати како сигал дека не е под бугарски диктат.
 
Последна промена:

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
Ние сите сме Вања Ѓорчевска,
убиени од политички злосторнички умови.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
Во Европската Унија консензус се постигна и со филџан кафе.
На тој што му беше понудено сигурно му горчеше,
но дали во кафето имаше турено шеќер или сол за добредојде (Tuzlu kahve).
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
Претседателот во новогодишното обраќање не кажа ништо ново.
Да кажеше до вечер ќе имаше атентат.
Доволно е што кажа дека следната година ќе биде 2024, колку да разбере Опозицијата.