До прилепските (и останати) возачи.
(Бесплатна афто школа за работи за кои скапо се плаќа).
Прилепските возачи како да заборавиле кога и како да го користат
системот за сигнализација на возилата, или т.н. трепкачи. Тоа особено се гледа
при влегувањето во кружните токови (или заобиколници), кои во Прилеп
ги има пет. Во кружниот ток има четири влеза и четири излеза, што значи
дека има осум причини да се сигнализира. Према сообраќајните прописи,
секогаш предност имаат возилата кои влегуваат и излегуваат од левата страна
на сообраќајницата, што обврзува, со соодветна сигнализација, навремено да се
предупредат останатите возачи за нивната траекторија на движење. Во Прилеп,
од десет возачи девет нема да ги вклучат трпкачите во кружниот ток,
што предизвикува несигурност кај возачите кои треба да се вклучат од
десната странана во заобиколницата. Значи, не заборавајте што треба да сторите.
(Ништо посебно, просто како тркало, но и прости возачи како обрач за каца).
И уште нешто !?
Треба да престанете со навиката да ги користите мобилните телефони додека возите.
Тоа, гледано од подалеку, личи како да си го држите к.... во рака и да го жваката,
а притоа и да возите. Неможи двете ! Или едното или другото.
(Простете за овој вулгаризам, но изваден од речникот на прилепските мајтап муабети
некои работи само вака можат да се попростат).
И уште нешто !?
Не заборавајте дека возите скапани коли. Никогаш нема да можете да возите скапи
(судбина, сте се родиле на погрешно место и време), но она што можете,
дали возите ваква или онаква кола, е да се придржувате до сообраќајните прописи и култура.