Работи кои треба да престанете да си ги правите себеси

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
еве еден пример на мое злопамтило
Епа девојче,кога сакаш да си бараме влакно во јајцето,денес сум инспирирана и јас да го барам а ти само ми го сервира.
ти како модератор на овие овде напишани статии баш супер што ни даваш до знаење дека треба да престаниме да ги читаме.Тоа е добар модератор.;)

Но тоа не значи дека е неубаво размислување.Баш така е,колку повеке сме на овие интернет мрежи,толку повеке си го поарчуваме животот безполезно.

Тоа што сум модератор во ниеден случај нема да дозволам на влијае на мојот став или да ми го промени ставот.
Сметам дека многу подобро би било кога членовите наместо да прават copy-paste на текстовите од интернет би седнале и би создале некоја своја тема. Но, вва не е место за оваа дискусија.
Јас немам ништо против тоа што Дарк Песинџер ја отворила темава, читајте ги работите, престанете да си ги правите себеси.
Мојот коментар беше само надоврзување или одговор на последната реченица во нејзиниот пост.
Додадете кои работи треба да престанете да си ги правите себе си.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Некои ставови некогаш треба да бидат премолчани,а тоа не значи дека треба да го смениш ставот.Некои теми кои наишле како идеа се подобри ископирани отколку образложени со свои зборови.Не сме сите толку компетентни за секоја тема да даваме соодветно добри образложениа.Сепак сите ние овде сме аматери а си има досѕа стручни лица кои знаат соодветно да ги образложат некои работи.Никаде не спомнав дека имаш нешто против Дарк Песинџер,јас имам против за некои твои реакции и тоа јавно го искажувам,пошто не знаеме сите подмукло да ги правиме работите.
 

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
01. Престанете да го трошите своето време на погрешни луѓе
Животот е премногу краток за да го трошите на луѓе кои ја цицаат среќата од вас. Ако некој ве посакува во нивниот живот, ќе направи место за вас, не треба да се борите за него. Никогаш не му се ставајте на некој кој не ја согледува вашата вредност. И секогаш имајте на ум, не станува збор за луѓето кои се покрај вас додека ви е лесно, туку за оние кои остануваат со вас кога ви е најтешко.

02. Престанете да бегате од своите проблеми
Соочете се со нив веднаш. Не, нема да биде лесно. Не постои личност која безпрекорно се соочува со секој удар во животот. Не сме создадени за веднаш да ги решаваме проблемите. Всушност, направени сме да чувствуваме вознемиреност, тага, болка, да се сопнуваме и да паѓаме. Бидејќи тоа е целата поента на живеењето - да се соочуваме со проблемите, да учиме, да се адаптираме, и да ги решаваме со тек на време.

03. Престанете да се лажете себе си
Можете да лажете било кого во светот, но не може да се лажете себе си. Нашите животи се подобруваат само кога ги прифаќаме пружените шанси, и првата и најтешка шанса која можеме да ја прифатиме е да бидеме искрени со себе си.
Е баш во овие нешта се пронаоѓам.Навистина треба да престанам да го трошам времето на погрешни луѓе,да бегам од проблемите,оти они пак ме чекаат колку и да бегам и да престанам да се лажам себе си дека се е исто,но оно всушност никогаш и не било како што било.
 

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
Треба.. ама некако тешко...
07. Престанете да се плашите од правејќи грешки
Да се направи нешто и да се згреши притоа, е десет пати попродуктивно од тоа да не се направи ништо воопшто. Секој успех има патека од неуспеси зад него, и секој неуспех води кон успех. Повеќе се каеме за работие кои НЕ сме ги направиле, отколку за оние кои сме ги направиле.
 

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
01. Престанете да го трошите своето време на погрешни луѓе

03. Престанете да се лажете себе си

04. Престанете да ги ставате сопствените потреби на крајот на листата

07. Престанете да се плашите од правејќи грешки

09. Престанете да мислите дека сте неподготвени

12. Престанете да бидете злопамтила

охооо јас сум имала баеги да поработам на себеси... ај ќе биде и тоа :unsure
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger

Badgirl

Староседелец
4 јануари 2013
1,477
3,258
1,133
29
Najubaviot grad ------> SKOPJE :D
04. Престанете да ги ставате сопствените потреби на крајот на листата
Најболна работа е да се изгубите себе си во процесот на сакање на друга личност, и да заборавите дека сте и вие специјални исто така. Да, помагајте им на другите, но помогнете си и на себе си. Ако некогаш постоел момент кога сте треба да направите нешто важно за себе и да ја следите својата страст, тој момент е сега.


Баш за мене :|
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Има неколку работи кои морам да престанам да ги правам или да ги заменам со други-подобри и покорисни за мене.
  • седењето на нет до рано сабајле
  • гледање глупости на Тв (што можам да го заменам пример со добра книга)
  • доверба во секого (ова највеќе лошо ми влијае)
  • дружење со негативни луѓе и луѓе со 30 лица
  • морам да ја уништам мрзата
  • да престанам лошо да се хранам и повеќе да се движам, вежбам, пешачам.
И верувам уште многу други работи...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
01. Престанете да го трошите своето време на погрешни луѓе
Ова одамна го сфатив и го научив на потешкиот начин... одредени луѓе со години квалитетно ми ја исцицуваа секоја честичка од мојата енергија и се прашував што ми е?
Одтогаш не дозволувам да трошам енергија на небитници или како милуваше да каже мојот драг пријател психолог, емоционални вампири...
04. Престанете да ги ставате сопствените потреби на крајот на листата
Е на жалост на ова уште работам и тешко ми оди...
Не знам зошто секогаш успевам да најдам и време и енергија да му удоволам на другите и да ги ставам нивните потреби пред моите, а јас некако секогаш си се оставам последна...
Ме прави среќна да ги усреќувам другите и да му удоволувам, ама нели треба да си бидам јас најважна?
Додуша овие “другите“ се моите најблиски, ама сепак...
Што треба уште да ми се случи за да сфатам конечно и да се сменам?
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
02. Престанете да бегате од своите проблеми
Соочете се со нив веднаш. Не, нема да биде лесно. Не постои личност која безпрекорно се соочува со секој удар во животот. Не сме создадени за веднаш да ги решаваме проблемите. Всушност, направени сме да чувствуваме вознемиреност, тага, болка, да се сопнуваме и да паѓаме. Бидејќи тоа е целата поента на живеењето - да се соочуваме со проблемите, да учиме, да се адаптираме, и да ги решаваме со тек на време.

Оуу јес!!!(nod)