Работи кои треба да престанете да си ги правите себеси

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
01. Престанете да го трошите своето време на погрешни луѓе
Животот е премногу краток за да го трошите на луѓе кои ја цицаат среќата од вас. Ако некој ве посакува во нивниот живот, ќе направи место за вас, не треба да се борите за него. Никогаш не му се ставајте на некој кој не ја согледува вашата вредност. И секогаш имајте на ум, не станува збор за луѓето кои се покрај вас додека ви е лесно, туку за оние кои остануваат со вас кога ви е најтешко.

02. Престанете да бегате од своите проблеми
Соочете се со нив веднаш. Не, нема да биде лесно. Не постои личност која безпрекорно се соочува со секој удар во животот. Не сме создадени за веднаш да ги решаваме проблемите. Всушност, направени сме да чувствуваме вознемиреност, тага, болка, да се сопнуваме и да паѓаме. Бидејќи тоа е целата поента на живеењето - да се соочуваме со проблемите, да учиме, да се адаптираме, и да ги решаваме со тек на време.

03. Престанете да се лажете себе си
Можете да лажете било кого во светот, но не може да се лажете себе си. Нашите животи се подобруваат само кога ги прифаќаме пружените шанси, и првата и најтешка шанса која можеме да ја прифатиме е да бидеме искрени со себе си.

04. Престанете да ги ставате сопствените потреби на крајот на листата
Најболна работа е да се изгубите себе си во процесот на сакање на друга личност, и да заборавите дека сте и вие специјални исто така. Да, помагајте им на другите, но помогнете си и на себе си. Ако некогаш постоел момент кога сте треба да направите нешто важно за себе и да ја следите својата страст, тој момент е сега.

05. Престанете да се обидувате да бидете некој што не сте
Еден од најголемите предизвици во животот е да се биде тој што се во свет кој се обидува да ве направи да бидете како и другите. Некој друг секогаш ќе биде поубав, некој друг секогаш ќе биде помлад, но никогаш нема да биде тоа што сте вие. Не се менувајте за да ве сакаат луѓето. Бидете тоа што сте и вистинските луѓе ќе ве сакаат токму такви какви што сте.

06. Престанете да се обидувате да го задржите минатото
Не можете да го започнете наредното поглавие од вашиот живот, ако постојано го пречитувате последното.

07. Престанете да се плашите од правејќи грешки
Да се направи нешто и да се згреши притоа, е десет пати попродуктивно од тоа да не се направи ништо воопшто. Секој успех има патека од неуспеси зад него, и секој неуспех води кон успех. Повеќе се каеме за работие кои НЕ сме ги направиле, отколку за оние кои сме ги направиле.

08. Престанете да се обидувате да ја купите среќата со пари
Многу од работите кои ги посакуваме се прескапи. Но вистината е, работите кои навистина не задоволуваат се целосно бесплатни - љубов, смеа, работење на нашите страсти, итн.

09. Престанете да мислите дека сте неподготвени
Никој не се чувствува 100% подготвен кога ќе се појави прилика. Бидејќи најголемите можности во животот не присилуваат да излеземе надвор од границите на удобност, што значи, нема да се чувствуваме целосно подготвени.

10. Престанете да се натпреварувате со останатите
Не се грижите што другите луѓе прават подобро од вас. Концентрирајте се да ги надминувате сопствените успеси секојдневно. Успехот е битка меѓу вас и себе си само.

11. Престанете да бидете љубоморни на другите
Љубомората е уметност на броење на туѓите благослови отколку на сопствените. Прашајте се себе си: "Што имам јас што другите го посакуваат?".

12. Престанете да бидете злопамтила
Не го живејте животот со омраза во срцето. Ќе се повредите себе си повеќе отколку оние кои сте посакале да ги повредите. Простување не значи да кажете: "Во ред е тоа што ми го направи.", туку да кажете: "Нема да дозволам тоа што ти ми го направи да ми ја уништи радоста засекогаш.". Простувањето е одговорот... опуштете се, најдете мир, ослободете се. И запомнете, простувањето не е само за другите луѓе, тоа е и за вас. Ако морате, простете си, продолжете понатаму и потрудете се да бидете подобри нареден пат.

Се сложувате ли со овие работи?
Додадете кои работи треба да престанете да си ги правите себе си.
 

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
887
1,090
1,093
Скопје
02. Престанете да бегате од своите проблеми
Соочете се со нив веднаш. Не, нема да биде лесно. Не постои личност која безпрекорно се соочува со секој удар во животот. Не сме создадени за веднаш да ги решаваме проблемите. Всушност, направени сме да чувствуваме вознемиреност, тага, болка, да се сопнуваме и да паѓаме. Бидејќи тоа е целата поента на живеењето - да се соочуваме со проблемите, да учиме, да се адаптираме, и да ги решаваме со тек на време.
Ова е за мене |-(
 
  • Like
Реакции: Hip.Hop_MKD

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,192
3,931
743
Изгледа треба да работам на зголемување на самодовербата...
01. Престанете да го трошите своето време на погрешни луѓе
Животот е премногу краток за да го трошите на луѓе кои ја цицаат среќата од вас. Ако некој ве посакува во нивниот живот, ќе направи место за вас, не треба да се борите за него. Никогаш не му се ставајте на некој кој не ја согледува вашата вредност. И секогаш имајте на ум, не станува збор за луѓето кои се покрај вас додека ви е лесно, туку за оние кои остануваат со вас кога ви е најтешко.
06. Престанете да се обидувате да го задржите минатото
Не можете да го започнете наредното поглавие од вашиот живот, ако постојано го пречитувате последното.

07. Престанете да се плашите од правејќи грешки
Да се направи нешто и да се згреши притоа, е десет пати попродуктивно од тоа да не се направи ништо воопшто. Секој успех има патека од неуспеси зад него, и секој неуспех води кон успех. Повеќе се каеме за работие кои НЕ сме ги направиле, отколку за оние кои сме ги направиле.
09. Престанете да мислите дека сте неподготвени
Никој не се чувствува 100% подготвен кога ќе се појави прилика. Бидејќи најголемите можности во животот не присилуваат да излеземе надвор од границите на удобност, што значи, нема да се чувствуваме целосно подготвени.
 

Natenceto

Истакнат Член
6 март 2012
1,029
1,193
423
Скопје
11. Престанете да бидете љубоморни на другите
Љубомората е уметност на броење на туѓите благослови отколку на сопствените. Прашајте се себе си: "Што имам јас што другите го посакуваат?".




Се сложувате ли со овие работи?
Додадете кои работи треба да престанете да си ги правите себе си.
Биди оригинален :)
 
  • Like
Реакции: parvati

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,227
3,542
1,143
Престанете да се обидувате да ја купите среќата со пари
Многу од работите кои ги посакуваме се прескапи. Но вистината е, работите кои навистина не задоволуваат се целосно бесплатни - љубов, смеа, работење на нашите страсти, итн.
баш така... уживајте во љубовта на најблиските,прегратките,смеата... :*
 
  • Like
Реакции: Ludaca and Hip.Hop_MKD

cece17

Староседелец
21 февруари 2012
270
204
1,043
горе доле од првите 9 се откажав ама 10 11 и 12 неможам ств особено до 12 ;)
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,239
1,758
113
Малку таму, малку овде...
Понекогаш некои од овие работи не треба да престанеме да ги правиме.
Понекогаш треба да потрошиш време на погрешен човек за да го сфатиш тоа, дека бил погрешен.
Треба да помислиш дека се неподготвен за да дадеш се од себе и да бидеш најдобар.
Треба да ја побараш среќата во некоја продавница, да не ја најдеш, па тек тогаш да ја побараш во бесплатните нешта.
Но, едно нешто треба да престанеме да правиме сите.
Треба да престанеме да ги читаме овие интернет статии и да престанеме да се трудиме да ги примениме зашто е практично невозможно. Дури ни тој кој го смислил ова и го постирал на интернет не е свесен дека не престанал да ги прави овие работи.
 
  • Like
Реакции: lady_blue

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,231
17,758
1,673
На сигурно
Јас пак велам,се дур има луге што ми ја цицаат силата јас сум уште посилна,не сакам да се разнежнам избегнувајки ги.
Пробувам да се адаптирам на нештата и признавам често бегам од своите лични проблеми.
Обично не лажам никого а уште помалку себе си,со други зборови,не знам да си стварам илузии за нештата и секогаш почесто гледам кон негативното отколку кон позитивното.Што значи не се лажам себе си.
Често знам да ги ставам моите потреби на крајот на листата но да не глумам хуманитарец голем,мислам и за себе.
Никогаш не се трудам да бидам нешто што не сум,е таа енергија наместо да ја трошам на тоа поле ја усмерувам во друг правец,значи јас сум она што сум,сакам да се надоградувам но никогаш да бидам некоја што не сум.
Имам страв од правење грешки и тоа си го сметам за маана,но тоа не значи дека не одам на малку посигурни предизвици:)
Во минатото знам да заглавам понекогаш,оти така ми годело.
Среката со пари не ја купувам но иднината до некаде,да.
не се натпреварувам директно со другите,но се трудам да бидам што подобра во она што го правам.
Никогаш не љубоморам на другите и често се расправам со луге наоколу кои јавно ја покажуваат таа љубомора наместо да си ги усмерат мислите кон нешто од што тие би имале корист и знаење,љубомората е штетна работа.
Сум злопамтило,и пробувам да се дистанцирам од лугето кои ме наведуваат на работи кои ми предизвикуваат злопамтило.Претежно испага дека им возвракам со игнорирање или пак понекогаш знам да ги доведам до степен да си увидат каде згрешиле за да на тој начин видат дали така треба или не треба.

еве еден пример на мое злопамтило
Епа девојче,кога сакаш да си бараме влакно во јајцето,денес сум инспирирана и јас да го барам а ти само ми го сервира.
ти како модератор на овие овде напишани статии баш супер што ни даваш до знаење дека треба да престаниме да ги читаме.Тоа е добар модератор.;)

Но тоа не значи дека е неубаво размислување.Баш така е,колку повеке сме на овие интернет мрежи,толку повеке си го поарчуваме животот безполезно.

Но, едно нешто треба да престанеме да правиме сите.
Треба да престанеме да ги читаме овие интернет статии и да престанеме да се трудиме да ги примениме зашто е практично невозможно. Дури ни тој кој го смислил ова и го постирал на интернет не е свесен дека не престанал да ги прави овие работи.
 

LMFAO

Истакнат Член
8 април 2012
380
299
63
05. Престанете да се обидувате да бидете некој што не сте
Еден од најголемите предизвици во животот е да се биде тој што се во свет кој се обидува да ве направи да бидете како и другите. Некој друг секогаш ќе биде поубав, некој друг секогаш ќе биде помлад, но никогаш нема да биде тоа што сте вие. Не се менувајте за да ве сакаат луѓето. Бидете тоа што сте и вистинските луѓе ќе ве сакаат токму такви какви што сте.

Се сложувате ли со овие работи?
Додадете кои работи треба да престанете да си ги правите себе си.
До сега не сум видел некој што е поубав од мене.

Со другите работи/правила се согласувам.