Работа на брод

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Многу си мал за работа на брод...почекај уште 2 години.
Имаш во битола и во прилеп агенци за брод. Првата позиција што можеш да ја земиш најмаксимално е помошник келнер и околу 1200-1300 долари месечно... а најниска се разбира бар јутилити или стрикно чистач со 550-600 долари месечно. Се работи по цел ден уствари 14 сати работно време само ти го ценкаат времето на наколку сати со пауза и фул си исполнет само со работа- секој ден без пауза. Деј оф имаш само неколку сати, понекогаш итоа треба да го заслужиш.
Па имаш од тие племината грди (филипинци, индијци) е со нив најкатастрофа... ако ти е работата лоша овие ти ја прават дупло полоша... абе никако. Ќе црнчиш 1 договор со надеш за промоција и можеби нема да ја добиеш, можиш само да се разочараш... јас не ти ја препорачувам оваа работа, не е интересна како шо изгледа... има многу подобри опци за работа надвор од државава, барем ко господин а не како избркан од дома.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Hkakashi

Apocalypse

Нов член
24 август 2012
9
0
1
28
Kavadarci

Знам дека сум мал сепак да прашам уште сега како е што оти ете и сам кажа не е се така розево и во таа работа но тоа ми изгледаше за опција за работа после 18 години ( со оглед на тоа дека англискиот го знам 80% а кај нас сите знаат каков е животот мизерен така да не гледав друга опција ) а ако можеш да ми препорачаш нешто што го имаш работено или што си слушал наоколу а изгледа како нешто многу добро и профитабилно баш би ти бил благодарен :) :)
 
The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Знам дека сум мал сепак да прашам уште сега како е што оти ете и сам кажа не е се така розево и во таа работа но тоа ми изгледаше за опција за работа после 18 години ( со оглед на тоа дека англискиот го знам 80% а кај нас сите знаат каков е животот мизерен така да не гледав друга опција ) а ако можеш да ми препорачаш нешто што го имаш работено или што си слушал наоколу а изгледа како нешто многу добро и профитабилно баш би ти бил благодарен :) :)
Има опција...бугарски пасош и работа во ЕУ. Ама при тоа учи некој занает , ако си се остручил да правиш повеќе пари и да го баталиш факултетот... единствено да те интересира занает и бизнис, а не е битно историја или друго на школо...само користи форуми и многу повеќе ќе се едуцираш него школото.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Јас што имам слушано, секако е претешко. Не е за секого. Како прво, првата година ќе работиш најлоша работа (келнер/чистач), цел ден. Така без престан, без одмор, пола година. Како второ, сигурно ќе патиш барем првите неколку недели, од морска болест. Никој нема да ти се смилува или да ти опростува за тоа, ќе мораш да продолжиш да работиш, како знаеш и умееш. Како трето, сместен си во кабинче, само со кревет, без прозор.
Но, доколку си добар во работата, можеш да напредуваш и да работиш на тој брод со години и години. Можеш да заработиш премногу пари. Да заработиш за добар стан за тебе, за уште еден за твоите, за 2/3 коли и да заштедиш уште толку. И плус, да го прошеташ светот, да видиш прекрасни плажи, брегови, и сл.
Но, заборави на социјален живот. Треба да се откажеш од многу работи.

Подобро е работа во Америка. Работиш 4 месеци, ако си вреден можеш да заработиш и тродупло од тоа што ќе го вложиш. Доколку си добар во работата, сигурно ќе сакаат исите луѓе да те вработат и наредно лето, со што и би ти била поголема платата. И зависно од местото во кое би работел, ако има позиции, сигурно ќе напредуваш. Мислам дека, после трето лето, ти даваат виза од неколку години. А понатаму, најверојатно и грин кард.
 
Мила

Активен Член
1 март 2012
121
99
28
На плажа!!!
Многу си мал за работа на брод...почекај уште 2 години.
Имаш во битола и во прилеп агенци за брод. Првата позиција што можеш да ја земиш најмаксимално е помошник келнер и околу 1200-1300 долари месечно... а најниска се разбира бар јутилити или стрикно чистач со 550-600 долари месечно. Се работи по цел ден уствари 14 сати работно време само ти го ценкаат времето на наколку сати со пауза и фул си исполнет само со работа- секој ден без пауза. Деј оф имаш само неколку сати, понекогаш итоа треба да го заслужиш.
Па имаш од тие племината грди (филипинци, индијци) е со нив најкатастрофа... ако ти е работата лоша овие ти ја прават дупло полоша... абе никако. Ќе црнчиш 1 договор со надеш за промоција и можеби нема да ја добиеш, можиш само да се разочараш... јас не ти ја препорачувам оваа работа, не е интересна како шо изгледа... има многу подобри опци за работа надвор од државава, барем ко господин а не како избркан од дома.

А од каде тоа дека најдобрата позиција што можеш да ја земеш е помошник келнер? Помошник келнер на Ројал има 2000 долари плата, колку за информација.
Има и други добри позиции, во гифт шоп, во казино, во баровите кои за разлика од помошник келнер се далеку подобри и можат уште со првиот договор да ги добијат.
Секогаш имаш слободни саати, а ако имаш среќа да се вработиш во казино или гифт шоп, еден час пред пристигнување на пристаниште и еден час после запловување си слободен, значи додека бродот е укотвен ти си бркаш свои работи...
 
The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
А од каде тоа дека најдобрата позиција што можеш да ја земеш е помошник келнер? Помошник келнер на Ројал има 2000 долари плата, колку за информација.
Има и други добри позиции, во гифт шоп, во казино, во баровите кои за разлика од помошник келнер се далеку подобри и можат уште со првиот договор да ги добијат.
Секогаш имаш слободни саати, а ако имаш среќа да се вработиш во казино или гифт шоп, еден час пред пристигнување на пристаниште и еден час после запловување си слободен, значи додека бродот е укотвен ти си бркаш свои работи...
Информацијата е од другари што работеа на брод...тоа ако имаш среќа на прв договор сум слушнал дека е невозможно.
Можеби преку Блажо прилепскиот е подобро, али преку коузон не земаат стартни добри позиции тоа сум сигурен.
 
Мила

Активен Член
1 март 2012
121
99
28
На плажа!!!
Информацијата е од другари што работеа на брод...тоа ако имаш среќа на прв договор сум слушнал дека е невозможно.
Можеби преку Блажо прилепскиот е подобро, али преку коузон не земаат стартни добри позиции тоа сум сигурен.

Не, преку Коузон заминуваат крупиери, касиери, рецепционери, информатичари, продавачи, готвачи (и тоа не трет и четврт готвач туку повисоки) и ред други работи.
Еве ти жив пример сум ти јас;)

Местата на кои не можеш да упаднеш од прва се оние повисоки позиции или пак стандард позиции но каде што има помалку работа. Па така како капетан повеќе од сигурно дека нема да влезеш, ниту како негов поттрчко, ниту како водоводџија, електричар, лице задолжено за екскурзии, менаџер на ресторан или менаџер на бар, како GSM уште помалку, а не можеш да се надеваш ниту на главен келнер, бармен, сметководител и многу други да не набројувам сега.

Инаку имам пријатели што од прва упаднале како крупиер, рецепционер, продавач, хостеса...ете ме и мене како касиер...
 
Од овие мои пријатели 4рица... 1 беше помошник шанкер + чистач, еден беше чистач оргинал, друг беше помошник кувар, и еден беше помошник келнер, сите беа преку коузон пред 3 години, и никој не го заврши договорот поради мала плата и макотрпна работа.
Честитки за тебе со позицијата, друго шо да ти речам.
 
Мила

Активен Член
1 март 2012
121
99
28
На плажа!!!
Од овие мои пријатели 4рица... 1 беше помошник шанкер + чистач, еден беше чистач оргинал, друг беше помошник кувар, и еден беше помошник келнер, сите беа преку коузон пред 3 години, и никој не го заврши договорот поради мала плата и макотрпна работа.
Честитки за тебе со позицијата, друго шо да ти речам.

Зависи и за која компанија работеле. NCL на пример има далеку пониски плати за хигиеничари, келнери, работници во перална и слични некои позиции. Но кај нив полесно можеш од еден оддел да се префрлиш во друг па да си градиш кариера на друга компанија. Исто така го плаќаат и авионскиот билет, па вкупните трошоци место 1200+ евра не надминуваат 300 и нешто ситно.
Во зависност од познавањето на англискиот и претходното раб. искуство, таква позиција и ќе добијат. Не може некој што не работел ни ден да добие некое завидно место или некој што не знае ни две реченици да каже на англиски.
А тука се и познавањето на втор и трет јазик, познавањето на компјутери и своите лични способности.
Треба добро да се продадеш на главното интервју и можеш да добиеш и позиција што е далеку подобра од онаа за која што си аплицирал.
Пример на MSC касиер во казино тешко дека ќе земе поголема плата од 900 евра со се бакшиш, на NCL е фиксна од 1200 или 1250 долари беше (не се сеќавам точно), кај Ројал и Селебрити платата е 1050 односно 950 долари плус бакшиш. Како и да е се движи околу 1400-1500..
На европските крстарења луѓето помалку се коцкаат, пред се постари или семејни луѓе ..за разлика од Карибите, Бахамите и Австралија каде што младиве се лажат па си трошат се што имаат и немаат затоа и бакшишот е поголем, па и платата расте..

Собарките имаат фиксен бакшиш најчесто по соба т.е гостин кој што задолжително се плаќа со се другите давачки како што се на пример пристанишните такси и е ист за сите. Некои оставаат дополнителен бакшиш на перница, па ете им долар плус..
Хигеничарите работат на фиксна плата од 550-650 долари, келнерите работат на плата плус бакшиш и во зависност за која компанија може да земат од кај 1100 долари на Селебрити до кај 2100 на Ројал. Бакшишот го остава гостинот и е скоро речи задолжителен. Но мора да се спомене дека во зависност во кој ресторан работиш ќе ти зависи и платата. Па затоа оние кои работат во ресторанот за вработените имаат далеку пониски плати. Така најчесто работат балканците на Селебрити (не сите но добар дел) а на Ројал најголемиот дел одат директно во рестораните за гости додека пак во ресторанот за вработените работат филипинци, индијци итн
Продавачите го гифт шоповите земаат различна плата и тоа најчесто зависи од концесионерот.
Фотографите земаат фиксна плус од секоја слика..исто така зависи дали ќе работат за Имиџ или не..
Рецепционерите земаат фиксна и тие најчесто имаат поголеми привилегии од другите бидејќи скоро на сите броови стаѓаат во групата на Офицерите. Сите се молат да ги префрлат во ноќна смена затоа што најчесто (скоро на сите бродови) ноќната смена е повеќе платена, но ја добиваат тек после неколку договори....
Ете така горе долу таа е сликата за бродовите..