Браво Маја си ја погодила скроз ... кој ја запознал во живо ќе се согласи со мене.@malo
Тоа e млада жена која го има спознаено животот од повеќе агли, која пишува и размислува созреано и задоволство ми е да ја читам. Веројатно е многу нежна и слабичка според начинот на кој се храни. Има здрав и бистар ум. За неа нема табу теми. Надарена е за сликање и изработување на накит, преубаво ги толкува соништата. Грижлива мајка е. Ме воодушевува како пишува за своите деца и како ги воспитува спонтано, ги подучува. Добро се има спознаено себе си, и е високо интуитивна. Годините на старост се неспоредливи со какво животно искуство носи. Има доста работено на себе за да се доизградува како личност.
Знае што сака и што не сака, но како и сите жени прави компромиси кои се водени од длабоки емоции. Мислам дека никогаш не си го губи времето. Понекогаш е хаотична во околината, и предизвикува несфаќање, но кога човек ја познава поблиску сфаќа дека е една од малкуте кои имаат голема душа. Таа кога ја имате за пријател ја имате вечно, освен ако не и згрешите многу. Зборува во лице се што мисли, секогаш аргументирано.Ја замислувам со крупни темни продорни очи , со нежен тен. Сака да чита и да пишува, да фотографира. Не сака гужва. Инспирација црпи од својата околина. Голем борец е за правдина , и знае да најде начин до секого да се приближи.Хумана и практична, неоптоварена со луксузи и лажен сјај.Жестока кога нешто не е правилно и нечесно.Го живее животот со страст на сите полиња.Ужива во мајчинството и дава се од себе за децата. Горделива, никогаш не бара од никого помош. Тоа не и чини. Со се сама се справува. Ужива во природата. Најубава и е музиката од пеењето на птиците. Сака да престојува во природа подолго, да ја оставите таа и надвор би спиела само да ужива со дрвјата и небото. Чесна е и позитивна енергија дава на сите околу неа.
@ malo незнам дали е ова точно или не, ама јас така ја доживувам како многу интересен лик. Поздрав
Убаво.Ти благодарам за времето кое си го зема да го напишеш постов и убавите зборови.malo и Lena, две во едно. Скоро ист профил се и двете ама ај ќе пробам да ги раздвојам.
malo мене ми е лик кој што сеуште се бара себе си. Многу сака да биде се` по нејзино и многу често наместо да разбира туѓа мисла таа толкува. Јас ја сместив во личности со „отворен ум“. Она што поштујем кај мало е тоа што е борец и што не се предава лесно.
Инаку malo сака да доминира онака суптилно и не сака многу да слуша туѓо мислење колку и да се чини обратното. Склона е кон теории на заговор и многу лесно верува на нешто што оди контра конвенционалната наука. Не би да се занесувам со лупетање и изигравање стручњак ама ова мене ми говори за некакви фрустрации од општеството и желба да се промени светот. Ако не се лажам malo има спомнато дека не го сака татко и` (барем така мене ми говори меморијата и следнава реченица слободно може да се занемари ако е неточен првиот исказ) и дека има еден пропаднат брак па веројатно тоа е причината поради која malo сака да се оттргне од луѓе и сака да живее некаде на страна осамена со своето тесно семејство. Од претходното, веројатно и затоа тешко се приврзува кон луѓе и тешко и` е да им верува на луѓето затоа што општеството ја изневерило. malo многу лесно се нервира и многу брзо реагира, често таквите избрзани реакции не изгледаат баш најдобро. Она што не можам да проценам е дали malo во живо е личност која што е позитивна или пак има површна позитивност под која што се крие нешто што таа многу го презира.
Lena... ехеее Ленка наша. Она што е слично со malo e пропаднат брак, деца на лоши бракови, избрзани реакции во млади години... што е, тука е назад нема. Лена е можеби и еден од најколебливите ликови на форумов. Кога стига до важно прашање кое има две можности, Lena одбира трета непостоечка можност која што не решава ништо. Ова мене ми укажува на некој страв од носење одлуки, претпоставувам има неколку пати донесено лоши одлуки во низа па сега постои страв од можноста да се згреши. Лена сака да биде спонтана, исто како и Мало, ама спонтаноста се губи некаде во намерите. Лена, исто како и malo јас си ја ставив во „отворените умови“ уште одамна. Она што и` фали (барем според мене) на Лена е чиста експресија на мислите и чувствата, моменталната експресија јас ја доживувам како матна вода, ама тоа е веќе друга тема.
Она што е поразлично од malo е тоа што Лена не сака да живее далеку од луѓето туку баш напротив Лена е „човек од улицата“, веројатно да не беше малиот ќе беше во некоја комуна борејќи се за отпадокот на општеството. Она што ја фасцинира е улицата, а делумна сличност со malo е што сакаат да бегаат од нормите и притоа сакаат да бидат забележани дека го прават тоа.
Во главно Ленка наша е позитивна личност со светли замисли за иднината на човештвото и својата идинина, но она што и` треба е одлучност и самодоверба.
Ја ќе те анализирам тебе ама попосле т.е да се уклучам од лаптототај и за мене доброволец некој