Психоанализа на форумџии (читај воведен пост)

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Иронично е да побараш да те анализираат, а профилот да ти е затворен и никој да не може да "стапне" до твојата историја на испратени мислења. :)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Иронично е да побараш да те анализираат, а профилот да ти е затворен и никој да не може да "стапне" до твојата историја на испратени мислења. :)
Имаш многу начини да пристапиш до нечии јавни мислења. Можеш да го користиш системот за пребарување (таму можеш дури и по отворените профили што има пишано одреден член), можеш да кликнеш на тоа „Мислења“ кое е всушност линк до пребарување на сите мислења на тој член.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Struggler

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Ај ке се обидам, ама бидејки ме мрзи да пребарубам по мислења, ке анализирам според интуиција, онака како јас ве доживувам. Однапред се извинувам ако скроз утнам.
@Saladin
Човек кој сака да живее според некои правила, неопходни му се насоки во животот и истите ги одбира според луѓе кои важат за добри примери. Љубезен, културен и фин, добар пријател кој знае да сослуша и да чува тајни. Педантен е и секогаш е убаво дотеран иако му е важно да се чувствува удобно. Голем гурман е, а можеби и добар готвач. Сака да готви за пријателите и сака кога е пофален за зготвеното. Сака да јаде благо. Не претерува со алкохолот. Колку што е хедонист, од друга страна толку е и воздржан. Знае да се контролира и да не подлегнува на страстите. Многу почесто го слуша умот одколку срцето.
Креативен е и сака да ја развива својата креативност. Сака да чита и да одвои време за добар филм. Попустлив е, понекогаш дури и премногу, посебно спрема пријателите или партнерката. Никогаш не се расправа и не ситничари. Можеби по малку е и материјалист, но во граници на нормалата. Не му значи дали ке има многу, многу повеке му значи да е во тренд тоа што го има, колку и да е. Сака да дели совети. Најголема животна желба му е да биде несависен, зрел и спосебен сам да се справува со животот.
@Homunculus
Човек со многу добра душа. Неговата добрина е неизмерна, но тој понекогаш сака да ја прикрие, да стави студена маска на себе, можеби од страв да не биде повреден, а можеби и затоа што не знае на кого таа добрина да ја подари. Сака брзо да порасне, најверојатно и созреал пред време. Интелегентен е , но и емотивен. Знае да биде дрзок е и бурно да ги брани своите ставови. Темпераментен е и избувнува, но од друга страна е бескрајно мил и нежен. Во љубовта очекува многу и тешко се задоволува, но само затоа што и тој многу може да дава. Неговата најголема животна желба е да живее во совршен мир и во хармонија. Семејството му е многу важно.

@existence
Се разликува од останатите, неговото место не е во толпата и актуелните трендови воопшто не го интересираат. Повлечен е и не е многу зборлив, а и не сака да прави било каков муабет, никогаш не си го троши времето на бесцелни муабети. Сака да се изморува, да си го напрега умот до крајни граници. Ја сака науката и сака да учи. Надворешниот изглед не му е важен, ниту својот, ниту на другите околу него. Сака да го проценуваат според карактерот и интелегенцијата и сака да е во друштво на интелегентни луге. Ексцентричен е, но не сака да е наметлив (иако потајно сака да биде ,,ненамерно,, приметен).
Себичен е и злопамтило, најверојатно чува список од имиња на луге на кои планира да им се одмазди. Голем инает е и никогаш не ги остава работите незавршени. Дисциплиниран е и сака се околу него да е во ред. Сака се да биде по негово. Сака да провоцира. Кога ке се заљуби се претвара во големо бебе и сака да биде разгален, но и да разгалува. Сака да купува подароци на лугето што ги сака. Многу е креативен и таа негова особина се забележува во секој сегмент од неговото секојдневие. Парите не му значат многу. Не верува во срека и не верува во човековата добрина. Песимист е и ужива во неговата мрачна замисла на светот, не затоа што сака да биде жртва, туку затоа што така му е поинтересно. Длабоко во себе сеуште е мало дете и често знае да се заигра. Најголема животна желба му е да биде најпаметниот човек на светот. Не би му пречело да го помине животот сам, во никој случај не би го поминал во лошо друштво.

@Altaïr
Сака да биде во центарот на вниманието. Темпераментен е и секогаш има вишок енергија. Агресивен е и сака да се докажува. Сака да се расправа и често го повишува тонот. Живее од денес за утре, нема планови за животот, едноставно се препушта на околностите и затоа често знае да западне во несакани ситуации. Го привлекуваат нештата кои што му се забранети. Во друштво е позитивен и насмеан. Ужива да кажува шеги и посебно е среќен ако го добива целото внимание. Сака да оди на бучни места каде што може да трожи енергија (на стадион, во дискотека...). Кога е во прашање љубовта нема некои посебни критериуми, само сака да му биде забавно. Љубоморен е. Незнам која му е најголема животна желба (можеби и самиот не знае), но сигурно би била поврзана со пари, забава, јадење, пиење, галама и сл.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
@malo
:) Имаш слични видувања ко мене, да не речам исти. Баш ме интересира што би пишала фор ми, или барам преку леб погача? :)