Протести против полициската бруталност

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
gif-na-denot-122531.gif
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Незнам само какви резултати очекувате од вакви инциденти и вандализми, како ке заврши сето ова??
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
малку е ова
луѓето кои се физички посилни и се означени како полицајци немаат право насилно да се однесуваат кон оној кој мирно оди на еден протест а не па да убиваат луѓе. Кога одат на улица за најмали нешта доделуваат казни а за убиство монструмот е казнет четиринаесет години. Не треба само да има мирни протести треба малку поинакубда ги доведеме работиве во ред.
Срамота е тоа да убијци се сметаат за херои
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
35
Скопје
Незнам само какви резултати очекувате од вакви инциденти и вандализми, како ке заврши сето ова??
Целта е војна бар јас така го гледам ова и болната желба за власт на одредени луѓе сеуште верувам дека имат барем малку разум во фронтот на СДСМ и дека нема разумните да ја дотерат работава до војна .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki and diva orhideja

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Па и мене ме навредува ама ајде зошто народот не се собра кога бесправно и преку ноќ универзална место Тоше ја крстија Александар ? Зошто не се собра народот за протести за зголемување на цените ( бензин , леб, струја) ? Зошто се собира народ кога само се во прашање политички одлуки е затоа се меша во се опозиција. Ко вчера се сеќавам коа се расправав со продеканот на факултет за законот што требаше да се спроведе со кој професорите требаше да издадат нови книги и да направат публикации за на интернет и ми вика ех ќе ми каже мене Тодоров да пишувам , па не пишувам јас на 60 години ништо па нека ме избрка . Ех да застрамете се погледнете како во Хрватска им е достапна најнова литература на нивен јазик како се пишуват пубикаци и можеш со аргументи да тврдиш нешто , а ние сеуште имаме податоци од 95 година!
Ја искрено сум само за еден протест кој би ги решил сите тие проблеми погоре. Да падне владата, и да се формира нова независна Влада.
Под независна мислам Влада која не би имала никакви допирни точки со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Т.е млади независни политичари кои си ја знаат работата и приоритет им е народот. Ама тоа никогаш нема да се сличи така да можеме само да си фантазираме.


хаха од една канта ли се плашат, а опремени се од глава до пети :D
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Ја искрено сум само за еден протест кој би ги решил сите тие проблеми погоре. Да падне владата, и да се формира нова независна Влада.
Под независна мислам Влада која не би имала никакви допирни точки со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Т.е млади независни политичари кои си ја знаат работата и приоритет им е народот. Ама тоа никогаш нема да се сличи така да можеме само да си фантазираме.
Ах кога би имале замена за овие...ама на жалост немаме никој асален во државава/
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Па и мене ме навредува ама ајде зошто народот не се собра кога бесправно и преку ноќ универзална место Тоше ја крстија Александар ? Зошто не се собра народот за протести за зголемување на цените ( бензин , леб, струја) ? Зошто се собира народ кога само се во прашање политички одлуки е затоа се меша во се опозиција. Ко вчера се сеќавам коа се расправав со продеканот на факултет за законот што требаше да се спроведе со кој професорите требаше да издадат нови книги и да направат публикации за на интернет и ми вика ех ќе ми каже мене Тодоров да пишувам , па не пишувам јас на 60 години ништо па нека ме избрка . Ех да застрамете се погледнете како во Хрватска им е достапна најнова литература на нивен јазик како се пишуват пубикаци и можеш со аргументи да тврдиш нешто , а ние сеуште имаме податоци од 95 година!

Имаше протести околу струјата, АМАН и тие ствари на кои не присуствуваа биолошки ентитети членови на партијата на власт, можеби имаше и контрапротести (сакаме поскапа струја ваљда :kafe)

Логикава не ти ветува многу `оти не протестираа за ослепените на Беласица во 1014-та`= затоа не треба воопшто да се протестира (facepalm)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Redhead

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Ах кога би имале замена за овие...ама на жалост немаме никој асален во државава/
Богами, а и како ќе имаме кога секој втор е со купена диплома, а замисли малку оф топик медицинава и така ни е крш, што ли ќе биде кога ќе имаме дипломирани доктори од европски.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and diva orhideja

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
35
Скопје
Имаше протести околу струјата, АМАН и тие ствари на кои не присуствуваа биолошки ентитети членови на партијата на власт, можеби имаше и контрапротести (сакаме поскапа струја ваљда :kafe)

Логикава не ти ветува многу `оти не протестираа за ослепените на Беласица во 1014-та`= затоа не треба воопшто да се протестира (facepalm)
Да имаше и петиција и пратениците 123 на број може и помалку присутни ја прифатија инцијативата? Не така значи ниту една партија не работи за народот така ? За споредба во Бразил колку се протестираше за покачување на цената на билетот за јавен превоз знаеш ако си следел секако и добија што сака ама политичари не се мешат во граѓански протести.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Јас уште не можам да се ставам во кожа на оние кои што зборат дека требало ќотек врз народот за да има ред во државава. Пробувам ама ете не оди, не ја бидува работата. И уште не можам да разберам како може 25 години ништо да не се научи за однесувањето на оние 120 кои се врткаат по собранија и влади. Која е логиката бре да се користи полиција која мава ќотек на протести против полициска бруталност? Ова треба да стои во учебник како пример за иронија.

Друго нешто посебно важно е феноменот наречен контра-протест кој веројатно постои само на овие 25 илјади квадрати. Не знам која е таа супериорна логика што го смислила тоа ама веројатно Ајнштајн и Тесла можат вода да му носат... Заедно.