Проблеми со нос

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Епа јас од кога се памтам користам само оперил капки за нос само тие ми помагаа, ама денес абе просто не делуваат ставам саат време ќе е добро после пак се затнува, не ми се верува толку да ги уништиле. Исто така денес испив 3 пакетчиња кафетин колд и пак нема некоја промена дури сега уште полошо ми е, и витамин ц пиев и само парацетамол не ми помага плус испив околу 2 литри чај за цел ден и освен што одам на секои 5 минути до веце немам некои други промени од чајот. :/ А плус и си го раскрварив носот внатре па дали и тоа смета сега не знам ама едвај чекам да поминат овие денови. Кај ме фати настинкава :/
Можеби ќе треба да си појдеш на лекар, можеби и некој антибиотик да ти дадат...некогаш е подобро побрзо да спречиш и да се излечиш отколку да се влечкаш со болеста па да закачиш нешто друго.
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Можеби ќе треба да си појдеш на лекар, можеби и некој антибиотик да ти дадат...некогаш е подобро побрзо да спречиш и да се излечиш отколку да се влечкаш со болеста па да закачиш нешто друго.
Па се мислев денес да одам ама за уво нос и грло само т.е да земам упат за таму но да не земам антибиотик оти ако земам уште толку ќе се разболам секогаш ми станува полошо кога пијам антибиотик ама не можев да отидам не ми беше добро.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Па се мислев денес да одам ама за уво нос и грло само т.е да земам упат за таму но да не земам антибиотиик оти ако земам уште толку ќе се разболам секогаш ми станува полошо кога пијам антибиотик ама не можев да отидам не ми беше добро.
како може да ти биде полошо, може само подобро:eek
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Не знам ни јас но многу пати ми се случувало кога земам антибиотик уште толку да се разболам
Може си имала вирусна инфекција,тогаш антибиотикот не делува на неа и неговото користење може само дополнително да доведе до пад на имунитетот.
А си пробала ли за настинката и носот риностоп таблети?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

Јанасум

Нов член
16 јули 2016
21
10
3
Темата е,проблеми со носот.
Во последно време,ушите страшно ме болат.Отидов на приватно ОРЛ и ми рече дека проблемот не е во ушите,него во носот.
Ми даде терапија,апчиња за алергија аериус,спреј за нос аква марис.Еден период се смири ситуацијата,но болките се вратија.
Се отрув со таблети за болка....:(
 

VaskoPushka

Нов член
21 октомври 2019
1
0
1
47
СУВА ЛЕЈКА... ја сечиш скоро на 1/3 и ја полниш дупката со врела вода... ја затвораш... следниот ден... шмркаш супена лажица од водата... она без страв, да навлези секаде во носот... па си ги вадиш паломите и следните 3 дена носот само ќе ти течи... така се чистиш од бубите внатре...
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Мојот проблем не е со настинки, туку како стареам, расне и носов, а со тоа и проблемите поврзани со него. :zelen
Ко мала имам паѓано неколку пати директно на лице/нос и за еднаш сум скоро сигурна дека ми беше бар напукнат, ама го оставија така на итна, ваљда дека мало дете, ќе зарасне... кој ќе ми се замара.
Во последно време приметувам поголема асиметрија т.е. ко да забегува коската на десната страна и ноздрата ми е потесна од левата. Се приметува само анфас дека левата страна од носот е 1-2 мм поширока од десната, не знам како поинаку да објаснам.
Секако дишењето ми е одамна отежнато и имам слевање ради глупава внатрешна девијација, ама веќе станува поочигледна и однадвор... барем јас сега приметувам.
Ќе треба изгледа некој зафат, ако продолжи вака.
 

bluebell

Истакнат Член
12 јануари 2022
73
24
108
28
Мене често носот ми е затнат, користам разни спрејови за овој проблем. Дали, освен од алергија на полен, носот може да е затнат и од некоја друга причина? Дали треба да направам алерго-тест за храна? Ви благодарам однапред на секој ваш одговор.

Electra, да не имаш алергија на нешто, а тоа да ти прави проблем со дишењето? Можеби и нема потреба да правиш зафат на носот, ако не се приметува дека едната страна од носот е поширока од другата. Сепак ти си знаеш најдобро.​

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Мене често носот ми е затнат, користам разни спрејови за овој проблем. Дали, освен од алергија на полен, носот може да е затнат и од некоја друга причина? Дали треба да направам алерго-тест за храна? Ви благодарам однапред на секој ваш одговор.

Electra, да не имаш алергија на нешто, а тоа да ти прави проблем со дишењето? Можеби и нема потреба да правиш зафат на носот, ако не се приметува дека едната страна од носот е поширока од другата. Сепак ти си знаеш најдобро.​

Не е дека нешто се приметува, ама јас приметувам. :zelen Немам никакви алергии, а спреј не помага многу пошто оториноларингологот на последен преглед ми кажа дека само околу 30% од левата ноздра ми е „откукана“ ради таа внатрешна девијација. Порано не ми пречеше или не сум приметувала, ама сега се приметува доста кога ќе се затнам.

Инаку можно е од многу причини да ти се затнува, не само алергии. Алкохол, храна (посебно лута), сув воздух, па и стрес.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: bluebell