Мојот проблем не е со настинки, туку како стареам, расне и носов, а со тоа и проблемите поврзани со него.
Ко мала имам паѓано неколку пати директно на лице/нос и за еднаш сум скоро сигурна дека ми беше бар напукнат, ама го оставија така на итна, ваљда дека мало дете, ќе зарасне... кој ќе ми се замара.
Во последно време приметувам поголема асиметрија т.е. ко да забегува коската на десната страна и ноздрата ми е потесна од левата. Се приметува само анфас дека левата страна од носот е 1-2 мм поширока од десната, не знам како поинаку да објаснам.
Секако дишењето ми е одамна отежнато и имам слевање ради глупава внатрешна девијација, ама веќе станува поочигледна и однадвор... барем јас сега приметувам.
Ќе треба изгледа некој зафат, ако продолжи вака.