Пријателства од форумот

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Поучен од искуството од друг форум, знаејќи дека може многу блиски пријателства да се склопат помеѓу членови, уште од старт бев со ниет кога се зачленив тука. Кој рекол дека е невозможно, најпрво се лаже себеси (најмногу поради тоа што се издигнува себе над целото човештво, давајќи си епитети као највечи фраер у маало). Пријателствата секаде може да ги склопиш, и на чекална пред шалтер, и во некое кафуле. И на форум. Зависи највеќе од самиот себе дали сакаш.
Од форум (општо) имам стекнато доста пријатели, со некои се гледам дури и по два пати неделно, други па еднаш во два месеци. Со некои ми оди муабетот во два три збора - сродни души, со некои па тешко наоѓам заеднички јазик објаснувајќи и доловувајќи што мислам и кон што целам. Но сепак, секогаш ми е мило да стекнувам нови познанства.
Конкретно и тука стекнав за доста краток период неколку блиски пријателства, возобновив некои поранешни дружби, запознав различни карактери. Е сеа коа сме кај карактери, најчеста грешка е што луѓето ги поистоветуваат форумските ликови со реалниот карактер со личноста. Што веднаш доаѓа до некој степен на разочарување, демек зошто човекот бил едно на форум друго во реален свет. Мислам дека за тоа имаше и посебна тема каде се имам истакнато. Како и да е, едно е форумски лик, сосема друго е ликот кога ќе се појави во реалност.
Мала дигресија. Мене нешто друго ме загрижува. Зошто постојат т.н. имагинарни ликови на форумот. Зборам за ликови кои всушност и не постојат, а тука прават целосна трансформација, пробуваат психолошки да тестираат одредена група членови, манипулираат со зборови до крајна мера. Не ја сфаќам поентата, што сакаат да постигнат. Добро знаеме дека бездруго додека не ги запознаеме во живо за нас претставуваат само форумски ликови? Но нејсе.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Реално пријателство од форумов......само со ZmajChe. Само неа ја познавам. Има и фејсбук пријателства, ама реално си е реално. Како што гледам само со Succubus сме пријатели на фејсбук од пред форумов :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Искрено со никој не сум се запознала од форумов. Ниту на фејсбук сум додала некого. Не сакам. Форумов ми се допаѓа многу, го користам за релаксирање и сметам дека може да се створат виртуелни пријатели, без да се знае идентитетот. Тука сакам да сум слободна, да пишувам за што сакам, да кажам некоја луда секс идеја, едноставно да кажам работи што не ги кажувам пред секого. Секако дека тука нема некој да ме издаде која сум ако се доверам, но сепак стегите дека некој ме познава кога го чита моето мислење не ми е убаво. Вака се чувствувам многу послободно. А има лоши луѓе. Луѓе кои по цел ден дремат на фејсбук, пробувајќи се да разбијаат нечиј идентитет. И јас не им ја разбирам поентата, но ете. Затоа луѓе, овде си оставате дел од интимниот живот, внимавајте кој се има акцес до него. Озборувачки народ сме, полн со табуа. Не зборувам за членовите на форумот, туку тие снајперисти што само чмаат тука, не пишуваат, туку само бараат нов трач.

А инаку дефитинитивно на форумв има луѓе со кои сакам да сум пријател, има доста паметни луѓе.
 

LoveDealer

Староседелец
3 март 2012
180
563
693
31
Во неговото срце.
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Foxboro

Староседелец
16 јуни 2012
716
1,479
693
Pripyat, Ukraine
јас од пријатели на форумот само со Snape си се дружам, т.е не се само дружам туку нон стоп.........а од познаници ги знам Luckky Martin_MKD Sarah ZmajChe и у моментов не ми текнува..........а пријателства? да може да се стекнат од форумов :sreken.............а има и многу што сакам да ги запознаем :sreken
 

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ночной охотник

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
јас од пријатели на форумот само со Snape си се дружам, т.е не се само дружам туку нон стоп.........а од познаници ги знам Luckky Martin_MKD Sarah ZmajChe и у моментов не ми текнува..........а пријателства? да може да се стекнат од форумов :sreken
ќе биде .. за пиво фест и у живо само вие дојдете со Snape :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Snape, parvati and Foxboro