Препораки за филм (општа)

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
V for Vendetta (2005)
Го имав на цд многу време, а прв пат седнав да го изгледам. Ме изненади филмчево, зашто не очекував дека е толку добро. Оцената на ИМДБ е 8.2, реално филмов не треба да има оцена под 9-ка, ако не и 10-ка. Од мене доби 10-ка - заслужено. Доста интересна приказна, добра глума од Натали Портман и Вивинг, многу акција и мистерија... p.s. Башка ќеф ми направи В кога кажа дека омилен филм му е The Count of Monte Cristo :giggle Кој не го погледнал, нека го изгледа, нема да зажали.

Еден од најдобрите филмови ever !
Омилен дел ми е кога прв пат се запознаваат во уличката, односно кога ја спасува од разбојниците. И претставувајќи се кој е тој, почнува да збори и речиси секој збор почнува на буквата В.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Chaos Theory

532118.1020.A.jpg


Комедија, драма, романса. Целиот филм се одвива околу ликот на Рајан Рејнолдс, кој е опсесивен експерт за организација на времето и животот. Откако жена му ќе мисли дека тој има дете со друга жена, тој ќе отиде на доктор да докаже преку днк дека детето не е негово. Ќе добие една добра вест и една лоша вест. Добрата е дека тој навистина не е татко на тоа дете и со тоа ќе може да си го спаси бракот, а лошата вест е дека тој е роден стерилен. Таа вест за него ќе биде шок, со оглед на тоа дека тој има 7 годишна ќерќа. Во текот на целиот филм, пратиме како тој го прифаќа фактот дека тој не е биолошки татко на ќерќата која ја израснал и одржувањето на односот со неговата жена и неговиот најдобар пријател, кој всушност е биолошки татко на неговата ќерќа.

 

Дејмон

Староседелец
16 февруари 2012
456
650
1,093
Unknown
Fight Club (1999)

Типов има несоница и нема да може да спие, па ќе се запознае со еден човек со име Тајлер Дурден кој прави сапун. Со тек на време, тие двајца ќе го основаат т.н "фајт клуб" кој потоа ќе се претвори во насилна револуција.
Фантастична глума на Бред Пит, а и ептен ми се допадна приказната на филмов. Вреди да се погледне.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Ако му дојде исто као и последен гледан филм, би го ставил овде. Заеби денешнава раја на романтични комедии налик на What happens in vegas, My bestfriend`s girl, скоро секое срање со господинот Адам Сендлер (освен Клик) и сличните нему... Би го препорачал When Harry met Sally. Можда е клише, можда е веќе толку сувопарна суштината, но малите нешта во филмот се она за што вреди да се спомне. Нивните заеднички разговори, нивните мимики, начинот на кој самите себе се лажат.. Тоа е она, вистинското. Интересна прича помеѓу двајца ликови кои најпрво ќе станат добри другари... за да подоцна... Ај не кажувам.
За сите љубители на Serendipity, As good as it gets задолжително да се погледне. Praetorian ти поготово.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Uncertainty

Uncertainty.jpg


Станува збор за еден пар кој застанува на мостот на Бруклин, и фрлаат паричка, за да решат каде да заминат од тука, дали во Менхетен или во Бруклин. Откако ќе ја свртат паричката, тој почнува да трча на едната страна од мостот, а таа на другата. Од тој момент, ги пратиме двете опции, што се случува со нив кога би заминале во Менхетен, а што се случува со нив кога би заминале во Бруклин. Во сценариото со Менхетен, ги гледам во мирна ситуација, каде што најголемата дилема за нив е, како да им кажат на родителите на девојката дека таа е трудна. Во сценариото со Бруклин, ги гледаме во бурна и драматична ситуација, каде што откако ќе најдат телефон, ќе почнат да ги бркаат секакви луѓе за да го земат, претпоставувајќи дека на него има важни информации. Интересн филм со многу акција, драма и романса.

 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Unknown - филм кој на IMDb ужива многу мал рејтинг од само 6,9 од 10. Јас би го оценил филмов со 8мица.
Всушност се работи за човек кој се буди од кома и дознава дека некој му го украл идентитетот. Со помош на еден човек, ќе се обиде да докаже кој всушност е тоа. Најзапрепастувачки детал е што ни неговата сопствена жена не сака да отстапи од заговорот.
Пофалби за Liam Neeson и неговиот начин на глумење.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Јас топло ви го препорачувам The vow, филм во кој е опишана љубовта на двајца млади,кој ќе допре до вашето срце и ќе ве трогне...за поемотивните-спремете си едно кутивче палома:)
Се случува сообраќајна несреќа уште на почетокот, и девојката паѓа во кома,по што го губи памтењето.Нејзиниот сопруг е скршен поради тоа што таа не се сеќава на него,па ќе се труди на милион начини за да и помогне да си ја врати меморијата и љубовта кон него...што ќе се случи на крај не ви откривам,погледнете сами :)
51Js5zn-0CL._SL500_AA300_.jpg
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Да да според вистинска приказна е :)
Препорачувам машките да го погледнат,за да видат какво внимание заслужува една девојка :)

Исто препорачувам жените да го погледнат, и да сфатат како не треба да се зборува на маж кога тој се обидува да се чуствувате пријатно и убаво
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
50/50

1934.jpg


Адам е 27-годишен дечко кој ужива во секојдневните рутини на работа со својот пријател и дома со својата девојка. Поради честите болки во грбот, решава да посети докотор. Добива вест која ќе му го промени животот, болен е од редок вид на рак на р'бетот. Во текот ва филмот пратиме како тој кој прифаќа фактот дека можеби наскоро ќе умре (шансите се 50/50) и промената во односот со неговата девојка. Во неговиот живот влага 24-годишна девојка која ќе му биде психијатар и ќе му помогне полесно да се бори со ракот. Тажен, но инспиративен филм.

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin, Saladin and Gemini

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
L'Arnacoeur (на англиски преведен како Heartbreaker) е француска романтична комедија, и морам да кажам една од најдобрите романтични комедии што сум ги гледал досега. Далеку, далеку подобра од денешниве американски комедии. Го изгледав откако прочитав добра рецензија на друг сајт и не зажалив. Филмот ми го задржуваше вниманието цело време. Музиката одлична, а и добра глума од Ромен Дури и Ванеса Паради. Оцена на ИМДБ 6.8, а мојата оцена е 9-ка.

Во филмот се работи за Алекс, неговата сестра и зет му кои се плаќани од луѓето за да ги раскинат врските на нивните ќерки, сестри, мајки... Еден ден добиваат работа од еден богаташ, за да ја раскинат венчавката на неговата ќерка, но проблемот е што за тоа немаат доволно време, а очајно им се потребни парите...
Одлично филмче, за било која возраст. Препорачувам. :)