Премиер Лига, Чемпионшип, ФА и Лига Куп 2015/16

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Две отепани екипи, од кои сакав поотепаната да победи. -.-'
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Арсенал играа со тапа постава. Без Санчез, Казорла, Озил, Кокелан. Кога Ивоби е прв избор за замена јасно е каква формација може да се направи.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Повторно истата шема, очобол, среќа и Де Геа, Ливерпул беше далеку подобар ама не успеаа да искористат шанси а единствениот шут на Фелаини се одби баш на нога на Руни, нема промашување од таква позиција, да се одбиеше било каде освен таму немаше да дадат гол. И сега Ван Гал ќе си продолжи со смртно досадните срања охрабрен од оваа победа, не му е место на такви во ПЛ.

Смешен момент кога Фирмино беше сам пред гол и мислеше дека е во офсајд и не проба да шутира, а не беше во офсајд (facepalm)
Бентеке не се става во 85 минута, глупо е.

А таа другата и таа тежок очобол, Стоук пак со старите навики на касапење, копање и месарење, Арсенал без идеја, Жиру слабо, Кошелни ужасно, Чемберлен без идеја, Волкот како пијан, сите беа ужас освен Фламини кој донекаде враќаше со жестоки стартови на касапиве и Чех кој спаси бод.
Тоа се тие места каде Арсенал не му оди, Ст.Мери, Британиа и Олд Трафорд (иако на последниов ја скршија традицијата лани)
И да играше Озил немаше да победат, така да подобро нека го чува за со Челзи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Да играше Озил само ќе го повредеа, вака поарно.
Ама Жиру мора да научи да шутира со нога. Не бива само со глава да чека топки.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Да играше Озил само ќе го повредеа, вака поарно.
Ама Жиру мора да научи да шутира со нога. Не бива само со глава да чека топки.

Ок шутираше ама Батленд јако затвори, едино можеше да проба chip преку голман ама беше под агол веќе плус теренот гној, а и се бројат на прсти од една рака напаѓачи кои го можат тоа, Жиру не може таква ствар, повеќе му беа за никаде повратните пасови и неможноста да се справи со Шоукрос или Камерон или кои и да беа месари задолжени за него...

Некој арап купиле Арсенал, ќе видиме шо играч е, во меѓувреме Остин за ситна пара отишол некаде во ПЛ не ми такнува каде а Афобе во Борнмут :kafe

Ван Гал ако фати ЛШ и Челзи ако се спаси би било грозно
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
ЕлНени. Ќе видиме што играч е. Демек да игра на позиција на Фламини, ама немам нешто очекувања од анонимус кој играл во шмвицарска.

Бутланд убаво затвори ама Жиру имаше и простор и време да шутне убав лоб затоа што веќе беше паднат голманот пред него за да скрати агол.
Пасовите на Жиру отсекогаш биле проблем. Пред некое време не го земаа за репрезентација затоа што имаше под 60% ефикасност во додавањето што е ужасно. Вчера ужас беше со пасовите и Чембрлејн и мислам дека е редно време да му се даде шанса на Гибс.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Сепак е втор во Англија према голови после Лукаку ако се сметаат сите такмичења, не е неверојатно дека ќе има 30+ гола на крај на сезона.
Али е класичен поинт страјкер, тоа што може да се очекува од него го прави одлично, ист тип на напаѓач како Бентеке на пример, или Керол (не по квалитет него по позиција) или Крис Сатон од Селтик, тој беше играчиште (party)
Лукаку е ист ама е апгрејд, тешко би истрчал сам контра како канибалот на пример ама има поголема агилност од горенаведените.
Со Гибс нешто експерименти прави Венгер, којзнае шо му има текнато сега а може да го искористи подобро пошто е во јака форма Гибс.