Повторно истата шема, очобол, среќа и Де Геа, Ливерпул беше далеку подобар ама не успеаа да искористат шанси а единствениот шут на Фелаини се одби баш на нога на Руни, нема промашување од таква позиција, да се одбиеше било каде освен таму немаше да дадат гол. И сега Ван Гал ќе си продолжи со смртно досадните срања охрабрен од оваа победа, не му е место на такви во ПЛ.
Смешен момент кога Фирмино беше сам пред гол и мислеше дека е во офсајд и не проба да шутира, а не беше во офсајд
![Facepalm (facepalm) (facepalm)](/images/emoji/facepalm_animated.png)
Бентеке не се става во 85 минута, глупо е.
А таа другата и таа тежок очобол, Стоук пак со старите навики на касапење, копање и месарење, Арсенал без идеја, Жиру слабо, Кошелни ужасно, Чемберлен без идеја, Волкот како пијан, сите беа ужас освен Фламини кој донекаде враќаше со жестоки стартови на касапиве и Чех кој спаси бод.
Тоа се тие места каде Арсенал не му оди, Ст.Мери, Британиа и Олд Трафорд (иако на последниов ја скршија традицијата лани)
И да играше Озил немаше да победат, така да подобро нека го чува за со Челзи.