Премиер Лига, ФА и Лига Куп 2014/15

Кој тим ќе ја освои Премиер Лигата?

  • Манчестер Јунајтед

    Гласови: 1 12.5%
  • Манчестер Сити

    Гласови: 0 0.0%
  • Арсенал

    Гласови: 1 12.5%
  • Ливерпул

    Гласови: 2 25.0%
  • Челзи

    Гласови: 3 37.5%
  • Некој друг тим (ќе пишам кој)

    Гласови: 1 12.5%

  • Вкупно гласале
    8
  • Poll closed .

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Одлично отварање на сезоната. Ептен слаба игра на Јунајтед, ова им е прв домашен пораз во првото коло од 1972. :)
Свонси одлично одигра, ќе бидат интересни за гледање и оваа сезона. :)
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Јунајтед киксна онаму каде што му фали играчи, а тоа е еден играч (класа) во дефанзива и еден играч во средина на местото на Флечер.
 
Последна промена:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
:rofl

Отварање на сезона 2013/14 - С.С - М.Ј - 1-4 (Мојс)
Отварање на сезона 2014/15 - М.Ј - С.С - 1-2 (Ван Гал)

Ќе го бараат Дејвид еден ден, тоа што го понижија со отпуштање на неколку кола пред крај ќе им се врати, Мојсовата аура останува да лебди над Олд Трафорд...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Доста се курчевме на пријателските

10393859_695791087163558_1805050647594545249_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Повторно излегува дека М.Сити и Челзи се фаворити иако овој пат би го ставил и Арсенал како топ3 конкурент.

М.Сити има искуство има менаџер кој дебитираше со победи во ПЛ и ЛК, имаат пари, знаат да играат под притисок (минус 9 бода беа зад Ливерпул) така да нема што да се трошат зборови дека повторно би биле фаворити за титула.

Челзи со вторава инкарнација на Мурињо некако не беше на ниво иако титулата му избега за 4 бода а беше и 1/2ф. во ЛШ сепак со тој буџет и тој хајп од нив се очекуваат титули. Дали Мурињо has lost the edge или не - ќе покаже оваа сезона. Слаба страна им се мечеви со екипи кои се бранат, не верувам дека ќе се смени нешто во тој поглед.

Арсенал сериозно засилен ќе биде опасен, и ако дојдат до март без тешки повреди и слични баксузи имаат реални шанси за титула. Психолошката страна на дебакли со директни конкуренти ќе мораат да ја надминат некако... Ако повторно паднат ментално не мора да се грижат, подолу од 4.место нема да бидат...:zelen

М.Јунајтед ми е мистерија, кај Ван Гал нема средина или ќе успее или ќе направи Мојс да делува како неправедно отпуштен маченик. Купија некои псевдо-засилувања кои нема многу да променат во квалитетот на тимот. Не дека и онака немаат квалитетни играчи, стварта е шо Фергусон знаеше со малку квалитет да донесе титула.

Ливерпул со одењето на канибалскиот дајвер има еден социопат и еден голгетер помалку, играчите кои ги зедоа се просечни но тоа не мора да значи дека нема да го надокнадат отсуството на глодарот, зависи како ќе се вклопат играчите во тимот и општо во ПЛ. Не очекувам повторно да се борат за титула, повеќе за место во ЛШ.

Евертон продолжува таму каде што застана лани, немаат некои промени во тимот, Мартинез останува очигледно одат на подолги патеки, повторно ќе бидат тролани јаки екипи, проблемот им беа многуте нерешени - што значи им треба понекоја реализирана шанса плус со што би биле сериозен кандидат за ЛШ.

Тотенхем со нов менаџер кој имаше солиден старт во ПЛ, има некои свои замисли и сега е во стабилна екипа во која за жал остана товарот на флоповите кои ги довлечка Боаш, како ќе се справи со ростерот Покетино ќе видиме, во Саутемптон покажа дека нема страв да внесува во игра тинејџери и анонимуси кои одиграа сосема добро. Имаат потенцијал за ЛШ.

Њукасл мислам дека ќе продолжи со шизофренијата, серија добри игри следена од серија дебакли и така до крај, не сум сигурен дека имаат екипа ниту за борба за ЛЕ, менаџер кој забега а им замина и најдобриот дефанзивец.

Останатите... повторно ми е мистерија, ќе има гужва за чемпионшип - Барнли, Лестер, ВБА, Астон Вила, дисконт-маркет Саутемптон и К.Палас (поради заминувањето на Пјулис(facepalm):eek:) би ги ставил како главни кандидати за испаѓање, Хал со Брус ми делува стабилно, КПР има играчи и менаџер за да опстане, Свонси исто тешко да испадне а може да истрола јако, касапите од Стоук се во нагорна линија, Сандерленд овој пат не ми делува како екипа која ќе се бори до крај за опстанок, Вест Хем е скроз рандом meh тим...