Минатата сезона беше една од најинтересните, 3 тимови се бореа за титулата до последната утакмица. После сите трансфери и засилувања на тимовите би требало оваа сезона да е уште поинтересна. Лани според мене изненадувањето беше Јунајтед, кој не успеа да се пласира ни во Лига на Шампиони а ни во Лига на Европа, оваа година изгледа тоа ќе се смени. Освен Јунајтед во трката за титула ќе бидат и Арсенал кој купи супер играчи ова лето, Сити како и секоја година, не треба да се отпишува предвреме. Челзи исто така ќе бидат засилени оваа сезона, Ливерпул не знам дали да ги спомнам во кандидатите за титула поради продавањето на најдобриот играч а сеуште нема некое звучно име донесено во тимот, ама ајде можеби ќе направат изненадување како лани.
Актуелен шампион како што знаеме е Манчестер Сити, кој својата 2ра титулата ја освои на последните 2 утакмици. Ливерпул беше ептен блиску но лизгањето на Џерард ги остави во исчекување на својата прва титула, јас вака навивачки верувам дека оваа година ќе се смени тоа, иако ќе е потешко од лани . Јунајтед има 13ти титули и е прв на таа листа, второто место им припаѓа на Челзи и Арсенал со по 3, а третото на Сити со 2 титули.
Едно е сигурно за сезонава, а тоа е дека нема да се знае ништо до последните неколку утакмици. Дали Јунајтед ќе додаде уште еден трофеј во витрините, или Ливерпул конечно ќе и се израдува на титулата што ја чека предолго, или можеби Арсенал после 11 години ќе ја освои 4тата титула. Се ова ќе го дознаеме на 24ти мај 2015, а до тогаш ни останува да уживаме во добрите утакмици кој верувам ќе ги има.