The Whispers (2015)
Штом видов дека е со Lily Rabe, не можев да ѝ речам не.

Клер е ФБИ детективка и експерт за детско однесување, која, 3 месеци по смртта на сопругот, се враќа на работа за да помогне да се разреши специфичен и невообичаен случај на деца кои баш и не се поврзани меѓусебно, но имаат заеднички невидлив пријател по име Дрил, кој им ветува дека ќе им ги исполни желбите ако и тие за него направат некоја услуга т.е. ја играат (и победат во) неговата „игра“.
Играта нималку не е наивна ко што сугерира името.
Наведено е на почетокот дека Дрил не е дух, hence мистеријата да се открие кој е и зошто неговите фреквенции ги примаат само деца.
Засега ми се допаѓа и вреди да се ѕирне пошто се малку епизоди, мада гледам само една сезона е и не се знае дали ќе има втора.
Се надевам нема да испадне глупост ко Wayward Pines пошто ќе ги издрилам сите по ред.
