Предлози за серии

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Tut

tut tv series poster.jpg

Самиот наслов кажува за што станува збор. Мини-серија од 3 епизоди по саат ипол каде што прикажан е краткиот живот и владеење на Тутанкамон. Не сум нешто премногу упатена во неговиот историјат за да можам да тврдам дека сите случки се вистинити, но мене овие 3 епизоди ми беа ептен забавни. Интересно беше прикажано се што се случувало, глумата е одлична и најмногу од се ми се допадна колку автентично изгледаа сите места, сите храмови, сите улички,... На сите љубители на историјата, археологијата и општо Египет, мислам дека ќе им се допадне оваа мини-серија.

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ice_Man and Altaïr

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
692
1,103
Finding Carter ја гледа некој? И се мислев да ја почнам, дали вреди?
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Billy & Billie

Billy & Billie poster.jpg

Полу-брат и полу-сестра кои не се крвно поврзани се среќаваат после неколку години и започнуваат романтична врска. Многу ми се допадна серијава, има посебен шарм. Кинематографијата е интересна, стилот на режија е посебен. Иако се води како комедија, нема претерано смешни моменти. Самата приказна е доста посебна, ми се допаѓаат главните ликови. Одлична за тепање време, епизоди по 20 минути, сезоната се гледа за ден-два.


Public Morals

Public Morals poster.jpg

Имам кажано повеќе пати дека обожавам серии и филмови со дејствие во 60-тите години во Америка. Во оваа серија конретно дејствието се одвива во Њујорк каде што ги пратиме сплетките помеѓу детективите и криминалците. Кинематографијата е одлична, приказната не е лоша, иако сега за сега имам изгледано само 2 епизоди, така да, морам да ја загледам подобро. Има и добра екипа на глумци, еден од главните е Edward Burns кој исто така е и креаторот на серијава, башка еден од продуцентите е Стивен Спилберг.


Impastor

Impastor poster.jpg

Закон серија! Бади разочаран од животот зошто девојката му раскинала и зошто должи огромни пари на опасни момци, една вечер кога ќе сака да се самоубие, ќе му се пружи посебна шанса за нов живот. Тој ќе го украде идентитетот на геј свештеник и ќе се пресели во мало градче каде што ќе навлезе во нови проблеми. Приказната е уникатна и интересна, Michael Rosenbaum одлично глуми, го има оној чуден хумор кој го обожавам.


Lucifer

Lucifer poster.jpg

Пилот епизодата излезе уште во јуни, не знам што се случува со останатите епизоди, но јас не можам да најдам друга. Првава и единствена епизда беше доволна за мене за да ме заинтересира серијава. Самото нејзино име кажува за што станува збор - Луцифер. Ѓаволот го напушта пеколот и доаѓа да живее во Лос Анџелес. Знам дека ова звучи малце corny и има некои клише моменти (како на пример, жена детектив која е прекрасна и ќе му го привлече вниманието), но првичната приказна беше поврзана со убиство и тој (со помош на детективката) се нафати да го пронајде убиецот. Тргни го натприродниот елемент и имаш криминална серија. Башка, Луцифер... god damn! Каков ѓаволски поглед. :zelen

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and Altaïr

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,752
2,574
1,683
Han Wavel
Billy & Billie

Отвори ја прикачената датотека 24949

Полу-брат и полу-сестра кои не се крвно поврзани се среќаваат после неколку години и започнуваат романтична врска. Многу ми се допадна серијава, има посебен шарм. Кинематографијата е интересна, стилот на режија е посебен. Иако се води како комедија, нема претерано смешни моменти. Самата приказна е доста посебна, ми се допаѓаат главните ликови. Одлична за тепање време, епизоди по 20 минути, сезоната се гледа за ден-два.


Public Morals

Отвори ја прикачената датотека 24950

Имам кажано повеќе пати дека обожавам серии и филмови со дејствие во 60-тите години во Америка. Во оваа серија конретно дејствието се одвива во Њујорк каде што ги пратиме сплетките помеѓу детективите и криминалците. Кинематографијата е одлична, приказната не е лоша, иако сега за сега имам изгледано само 2 епизоди, така да, морам да ја загледам подобро. Има и добра екипа на глумци, еден од главните е Edward Burns кој исто така е и креаторот на серијава, башка еден од продуцентите е Стивен Спилберг.


Impastor

Отвори ја прикачената датотека 24951

Закон серија! Бади разочаран од животот зошто девојката му раскинала и зошто должи огромни пари на опасни момци, една вечер кога ќе сака да се самоубие, ќе му се пружи посебна шанса за нов живот. Тој ќе го украде идентитетот на геј свештеник и ќе се пресели во мало градче каде што ќе навлезе во нови проблеми. Приказната е уникатна и интересна, Michael Rosenbaum одлично глуми, го има оној чуден хумор кој го обожавам.


Lucifer

Отвори ја прикачената датотека 24953

Пилот епизодата излезе уште во јуни, не знам што се случува со останатите епизоди, но јас не можам да најдам друга. Првава и единствена епизда беше доволна за мене за да ме заинтересира серијава. Самото нејзино име кажува за што станува збор - Луцифер. Ѓаволот го напушта пеколот и доаѓа да живее во Лос Анџелес. Знам дека ова звучи малце corny и има некои клише моменти (како на пример, жена детектив која е прекрасна и ќе му го привлече вниманието), но првичната приказна беше поврзана со убиство и тој (со помош на детективката) се нафати да го пронајде убиецот. Тргни го натприродниот елемент и имаш криминална серија. Башка, Луцифер... god damn! Каков ѓаволски поглед. :zelen

Не можеш да најдеш други епизоди од Луцифер зашто дури сега ќе почнат да ги снимаат. Јас прв пат гледам вака, пилотот да е пуштен а другите епизоди година дена подоцна.

Иначе таа Public Morals ме заинтересира, ќе си ја симнам. Ама и од неа гледам не е цела сезона завршена со снимање.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Narcos

narcos poster.jpg

Серија каде што се прикажани криминалните дела на колумбискиот шверцер на дрога Пабло Ескобар. Драматична приказна, одлична глума, многу добра кинематографија. Како се навлеков на серијава, добро е што ги пуштиле сите епизоди одеднаш!

 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Minority Report

minority report tv show poster.jpg

Постојат 3 PreCog личности кои добиваат визии поврзани со сторени убиства во иднината. Отткако ќе поминат цела деценија приклучени за машина, искористувани од PreCrime програмата за криминал, тие ќе успеат да избегаат. Едниот од нив, Деш, ќе сака да помогне да се спречат убиствата за кои добива само мали делчиња визија. Тој ќе започне да соработува со детективката Лара, а повремено ќе мора да се обрати кај својот близнак брат Артур кој наместо визуелни визии, добива имиња. Нивната постара сестра Агата е таа која ја добива целата слика од визијата, но исто така, и таа која е најповлечена и не сака да учествува во ништо поврзано со визиите. Приказната е интересна, ако се отстрани sci-fi елементот, ќе биде типична криминална детективска серија. Но, тоа што ми се допаѓа е токму sci-fi елементот, има одлични ефекти и кул саенсфикшн работи. Стивен Спилберг е еден од продуцентите.


Limitless

limitless tv show poster.jpg

Тв адаптација на филмот од 2011 со Бредли Купер. Накратко кажано, Брајан Финч човек кој сите го сметаат за лузер кој ништо не постигнал во животот, поради сплет на околности конзумира едно апче кое му овозможува 100% користење на мозокот (така некако). Серијата не е лоша, поготово ми се допаѓа екипата на глумци, Jake McDorman во главна улога, потоа Jennifer Carpenter (Deb од Dexter) и самиот Bradly Cooper.

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Неколку нови sitcoms:

Life in Pieces

life in pieces tv show poster.jpg

Четири приказни поврзани со разни членови на едно семејство. Едната приказна е центрирана на старите родители, другата на нивниот најстар 38 годишен син кој е неоженет и започнува да живее со нив, третата со нивната ќерка која има свое семејство и четвртата, со нивниот помлад син кој самошто добил детенце. Малце е поинаква од повеќето класични ситком серии, чекам да видам како ќе се развие.


Grandfathered

grandfathered tv show poster.jpg

Згоден постар ерген кој е шеф на популарен ресторан и целото свое време го посветува на неговиот успех, дознава дека има син. А неговиот син, има ќеркичка. Одеднаш не само што станува татко, туку и дедо. Првата епизода беше доста интересна, се случија многу работи. Џон Стамос е совршен за улогава.


The Grinder

the grinder tv show poster.jpg

Роб Лов конкуренција на Џон Ставос. :zelen Дин Сендерсон е актер во позната серија со адвокати, The Grinder, и откако серијата ќе биде укината, ќе дојде да живее со неговиот брат кој е вистински адвокат. Дин ќе најде начин да му се вмеша во неговата професија мислејќи дека е повеќе од способен да биде адвокат земајќи во предвид дека глумел еден.