Billy & Billie
Отвори ја прикачената датотека 24949
Полу-брат и полу-сестра кои не се крвно поврзани се среќаваат после неколку години и започнуваат романтична врска. Многу ми се допадна серијава, има посебен шарм. Кинематографијата е интересна, стилот на режија е посебен. Иако се води како комедија, нема претерано смешни моменти. Самата приказна е доста посебна, ми се допаѓаат главните ликови. Одлична за тепање време, епизоди по 20 минути, сезоната се гледа за ден-два.
Public Morals
Отвори ја прикачената датотека 24950
Имам кажано повеќе пати дека обожавам серии и филмови со дејствие во 60-тите години во Америка. Во оваа серија конретно дејствието се одвива во Њујорк каде што ги пратиме сплетките помеѓу детективите и криминалците. Кинематографијата е одлична, приказната не е лоша, иако сега за сега имам изгледано само 2 епизоди, така да, морам да ја загледам подобро. Има и добра екипа на глумци, еден од главните е Edward Burns кој исто така е и креаторот на серијава, башка еден од продуцентите е Стивен Спилберг.
Impastor
Отвори ја прикачената датотека 24951
Закон серија! Бади разочаран од животот зошто девојката му раскинала и зошто должи огромни пари на опасни момци, една вечер кога ќе сака да се самоубие, ќе му се пружи посебна шанса за нов живот. Тој ќе го украде идентитетот на геј свештеник и ќе се пресели во мало градче каде што ќе навлезе во нови проблеми. Приказната е уникатна и интересна, Michael Rosenbaum одлично глуми, го има оној чуден хумор кој го обожавам.
Lucifer
Отвори ја прикачената датотека 24953
Пилот епизодата излезе уште во јуни, не знам што се случува со останатите епизоди, но јас не можам да најдам друга. Првава и единствена епизда беше доволна за мене за да ме заинтересира серијава. Самото нејзино име кажува за што станува збор - Луцифер. Ѓаволот го напушта пеколот и доаѓа да живее во Лос Анџелес. Знам дека ова звучи малце corny и има некои клише моменти (како на пример, жена детектив која е прекрасна и ќе му го привлече вниманието), но првичната приказна беше поврзана со убиство и тој (со помош на детективката) се нафати да го пронајде убиецот. Тргни го натприродниот елемент и имаш криминална серија. Башка, Луцифер... god damn! Каков ѓаволски поглед.