Предлози за книги - Со кратка рецензија

magdalena2626

Нов член
26 јуни 2012
1
1
3
26
Жената на временскиот патник
од Одри Нифенегер


Крајно нетрадиционална љубовна приказна за Хенри Детембл, елегантен авантуристички библиотекар, кој не по своја желба патува низ времето, и Клер Абшир, уметник, чијшто живот има нормален тек.
Страсната врска помеѓу Клер и Хенри, го преживува морето од време и ги заробува во неверојатна романтична стапица.
Роман кој ќе го привлече вниманието на читателскиот аудиториум со неверојатната исткаеност на имагинација и романтика.



zenata na vremenskiot patnik.jpg
 

Прикачувања

  • zenata na vremenskiot patnik.jpg
    zenata na vremenskiot patnik.jpg
    51.9 KB · Прегледи: 1
  • Ми се допаѓа
Реакции: sherlocked

InnaLaurie

Истакнат Член
12 март 2012
281
322
363
31
На некој пуст остров
alibi_mala.jpg

Прекрасен трилер кој ке ве држи во неизвесност до последните страници. Недозволена љубов. Неостварена љубов.
Убиен е еден од највлијателните луге во градот, главна осомничена е жената во која е заљубен јавниот обвинител. Многу драма. Многу сплетки. И човек на кој никогаш нема да ти падне на памет е убиецот. Вреди да се прочита дефинитивно!!!
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Знам знам, Холивудските клишеа режирани како романтични комедии ги има премногу а единствена разлика меѓу нив е екипата која глуми во истите. На прв поглед ќе ви изгледа како една таква романтична комедија во која ликовите ќе треба сами да си ги создадете во својата глава. Но Џули Џејмс е повеќе е тоа, таа е писателка која има магично стапче да претвори едно такво на прв поглед клише во еден убав , комедичен, заводлив роман, кој со насмевка и страст ќе го прочитате во еден здив. (буквално)
Велат Тој не е ништо посебно, САМО НАЈСЕКСИ МАЖ КОЈ ПОСТОИ, во кој сите што ја прочитале и ќе ја прочитаат оваа книга ќе се заљубат до уши, а Таа? Таа беше првата која гордо му го кажа зборот „НЕ“!! (и тоа повеќе пати) Во оваа книга ќе го имате задоволството да видите како еден Мачо паѓа на колена, тотално маѓепсан пред најобичната и најинтригантната жена која ја запознал во животот. Добрите девојки и тоа како можат да го заведат Најсекси мажот на светот со својата уникатна обичност, интелигенција, искреност што зрачат вистинска убавина. Опуштете се со оваа најпрекрасна приказна во која ќе бидете заљубени дооолго време!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

Алекс1993

Нов член
26 јуни 2012
1
0
1
30
мој предлог е :
Калугерот што го продаде своето ферари - Робин Шарма
Робин Шарма има ретка дарба за пишување книги што се забавни за читање, а сепак вистински го менуваат животот. Овој моќен спој на длабока мудрост и практични животни лекции ќе ви ги отвори можностите за кои е предодреден вашиот живот и засекогаш ќе ги трансформира сите димензии на вашиот свет. Преку седум фази на будење, писателот не води низ непознати места на Универзумот ( кој секогаш е за нас, со нас и го прави она најдоброто за секој човек).


одлична книга модерното со исконското ... сепак нели духовноста и мирот внатрешен е нај важен за здрава еволуција на човештвото
 

Препознатлива

Истакнат Член
27 јуни 2012
119
94
328
Обожавам да читам книги. Секоја прочитана книга преставува ново задоволство за мене и секако ново културно богатство. Секоја книга си има свој посебен белег по кој што е единствена и не секоја книга може да го привлече вниманието на читателот. Затоа јас особено ги разгледаувам книгите и никогаш не сум се разочарала во својот избор. Имам прочитано доста книги, дела. Уште од својата 10 годиншна возраст јас бев голем фан на нашиот писател Горјан Петревски. Неговите книги Марта, Исти очи, Сама, Споменка се книги кои ги читам и ден денес.
Како добар предлог за книга би ги препорачала сите делови од сагата на Хари Потер. Филмот неможе да се спореди со книгата во овој случај. Предобро напишано и добро смислено. Ги имам прочитано сите дела и во сите останувам со отворена уста.
Затоа што те љубам од Гијам Мисо. За книгава од првин бев малку скептична. Но, откако седнав да ја читам јас неможев да останам рамнодушна и ја прочитав во еден здив. На крајот и доста се изненадив. Оваа книга мислам дека е една од подобрите што ја имам прочитано.
Убиство во Ориент Експрес од Агата Кристи. Значи писателкава ја обожавам. Едноставно најдоброто мислам дека го има извлечено од себе и доста добро уловено во своите книги.
Исто така како за крај би го спомнала и делото на Данте Алигиери Пеколот (Божествена комедија). Ова дело го прочитав во средно и сеуште ги паметам круговите по редослед. Едноствано фасцинантно дело. Бидејќи имам голем избор на книги кои би ги препорачала, само би наброела ги неколкуве кои навистина ми се допаднале Патека за сеќавање, Страници за нашата љубов од Николас Спаркс, Збогум мои 15 години од Клод Кампањ, Марина од Карлос Руис Зафон, Пиреј од Петре М. Андреевски и многу други :)
 

M&M

Нов член
27 јуни 2012
1
0
1
28
Доколку ги сакате книгите во кои неизвесноста расте со секоја страница и чии перипетии ве занемуваат,тогаш дефинитвно треба да прочитате некој роман од Гијом Мисо.
Особено ќе ви се допаднат доколку сте фан на драмите и романсите.
Читајќи било која од неговите книги,времето лета,едноставно не се осмелувате да ја спуштите книгата долу и да прекинете со читање.
Особен впечаток ми остави "А потоа". Jа отворив и започнав со читање уште првиот час откако ја купив.
Се работи за млад и успешен адвокат,Нејтан Дел Амико кој во името на кариерата го запоставува својот љубовен живот,се разделува со сопругата Мелори,со која се поврзани од детството,а ќеркичката Бони ја гледа повремено.
Животот на Нејтан ќе земе нов правец откако ќе биде посетен од страна на Герет Гудрич,ценет и почитуван доктор кој ќе го смени неговото видување на животот и ќе го натера да се потсети на она што е всушност најважно на овој свет : семејството.
 

девојкатаовен

Полноправен Член
12 јуни 2012
50
50
18
29
Мој предлог за оваа недела е Пеперутка од Сашо Тасевски. Доколку се прашувате зошто, еве неколку причини:
1. последна прочитана ми е и најсвежа во сеќавање :D
2. Страниците на оваа книга се исповедалница за проститутката Барбара. Раскажана на скопски сленг, нејзината животна приказна опфаќа неколку настани од нејзиниот живот (како на пр. пропаднатиот брак, халуцинациите поради користењето на дрога, останувањето без покрив над главата, почетоците со најстариот занает на светот, дружбата со Лудиот Бубуле итн) и нејзините клиенти кои се од најразличен тип: политичари-татини мази, корумпирани полицајци, сатанисти, угледни граѓани...
3. Критикувањето на излитената фраза „Без секој се може.“

Проститутката е интелектуална личност која има познавања од некои области од животот, а секој глава е како своевиден есеј на различна тема: морал, среќен брак, љубов, верност, општество.. Ги открива најмрачните катчиња на нашиот главен град, го прикажува лажниот морал и ја носи вистината на виделина.
peperutka.jpg
 

desim

Нов член
12 јуни 2012
6
5
3
31
Заборавете дека сте имале ќерка-Сандра Грегори
dauther.jpg
Станува збор за вистинска приказна за искушенијата и последиците кои следуваат потоа во животот на една млада девојка. Од тинејџерка која е незадоволна од себе и својот живот, до личност која ќе замине од дома во непознат свет, во Тајланд, па се до личност која се покорува на лесин дроги. Стенува збор за девојка која поради незадоволството во животот запаѓа во голема неволја кога ќе се согласи да пренесе дрога на аеродромот во Бангок, но судбината и поставува замка.Полицијата ја открива дрогата скриена во нејзиниот појас, и тогаш почнува сагата на нејзиниот живот.Осудена е на 25 години затвор.
Приказна за храброста и упорноста на една млада девојка. Вистинска приказна која те тера да размислиш за сопствениот живот и приказната на оваа девојка која може секому да му се случи.
 

keli96

Нов член
27 јуни 2012
1
0
1
29
Роза за балерината- Лурлин МекДениел
Приказана за две деца кои се заедно од мали нозе. Заедно ги споделуваат своите соништа.
Џес и Мелинда се најдобри другари кои поголемото време го поминуваат заедно. Но за несреќа поради разводот на мајка му и татко му Џес мора да се пресели. Но другарството не престанува, тие си прајќаат писма и мејлови долго време. Кога Мелинда Ќе добие рак нивното другарство прераснува во нешто друго, во прва љубов...
 

Sabina

Нов член
19 јуни 2012
2
6
3
36
Препорака за книга:
Затоа што те љубам - Гијом Мисо
zatoa_sto_te_ljubam.jpg


Трогателна човечка приказна во која се обединети трите најважни елементи во животот на секој човек: Љубовта на родителите кон децата, што би направиле за некого што го сакаме и неизбежното прашањето за смртта? Волшебна љубовна приказна која ве вовлекува во мистеријата и ве држи во неизвесност се до самиот крај, кој нема така лесно да го заборавите.