Предизвик за читање на книги - 2013

Challenge ACCEPTED - Difficulty leveL

  • easy - 25 книги

    Гласови: 8 28.6%
  • normal - 35 книги

    Гласови: 9 32.1%
  • hard core - 45 книги

    Гласови: 11 39.3%

  • Вкупно гласале
    28
Статус
Затворена за нови мислења.

Рушен

Активен Член
22 октомври 2012
181
124
43
11. Коцкар - Фјорд Достоевски - 144 страници
Едно од убавите руски класици на познатиот автор Фјорд М. Достоевски. Зошто е оваа книга напишана од Фјорд, бидејќи тој самиот бил зависник на коцкањето. Според некои информации додека ја пишувал оваа книга тој ги исплатувал своите коцкарски долгови кои ги имал. Главен лик во оваа интересна книга е Алексија млад, убав и сиромашен учител. Незнам повеќе со кои зборови да ја раскажам книгава. Мене ми се допадна,ви ја препорачувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Slims

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
8. Најголемиот трговец на светот - Ог Мандино
200 стр.

Ова на некој начин е книга која не’ учи нешто повеќе за животот. Свитоците имаат содржина полна со мудрости кои укажуваат на тоа дека секој човек има моќ да смени нешто во својот живот.
Книгата содржи библиски мотиви преку кои се пренесува пораката на писателот.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Падот на Константинопол - Стив Ранциман. Историографија за последните денови на овој велелепен град пред да падне во рацете на Турците, со нишка која провлекува додатен опис како и причини (внатрешни и надворешни) зошто токму овој неосвоив град бил освоен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Рушен

Активен Член
22 октомври 2012
181
124
43
12. Последната искра - Даниел Левин - 551 страница

Џонатан успешниот адвокат во фирмата која се наоѓа во Менхетан (и го заборавив името). Тој добро ги познава науките, класичните науки а најмногу ги сака мистериите и антиквитетите. Тој е бранител на тезата Јозеф Фљавиј на американската академија во Рим каде што ја добива и наградата за класични науки бранејќи ја гореспомнатата теза. Тој воопшто не ни знае за тоа, го дознава тоа после некое време на мистериозен начин. Во неговото место на живеење пристигниува писно за Џонатан Маркус, писмото доаѓа од Рим, од Италија. Во него беше писмо од Рим и авионска карта за главниот град на Италија.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
6. Танчерката од Храмот - Џон Спид - 394 страници
7. Во канџите на тигарот - Џон Спид - 491 страници(без белешка за авторот :sreken)

И повторно по мој вкус, сторија за далечното минато.
Субдината на една лепотица Маја која е продадена на еден буџа кој па си ја праќа како мито на еден везир. Бидејќи треба да измине огромен пат, а патуваат на слон, таа е пратена со придружба од негов внук и еден куп други војници. Цело патешествие е така убаво објаснето да ти е мерак да читаш.
(Ова е краток опис за Танчерката од Храмот)
Е сега пак, Во канџите на тигарот кој е продолжение на Танчерката од Храмот, се раскажува животот на Маја од моментот кога заврува претходната книга. Повторно патешествие, Маја повторно е само „поткуп“.
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
1. "Затоа што те љубам" - Гијом Мисо (250 стр)
2."Приспивна песна" - Чак Паланик (277 стр)


Вторава книга коа ја погледнав не беше ич по мој вкус, ама решив да ја прочитам и морам да приззнаам дека многу ми се допадна затоа што изобилуваше со хумор, неизвесност што те држи и понатаму да читаш, со некои надреални случувања, па на крај и љубовта стапува на сцена.
Во секој случај, премногу мистериозна за да ве остави рамнодушни.
Во глобала се зборува за една приспивна песна која е скриена во песна за деца и има моќ, тој што ќе ја прочита и на оној на кој му се чита, да убие.
Во секој случај моја препорака.Интересна книга.

А додека пак, "Затоа што те љубам" се работи за едно девојче на 5 годишна возраст, исчезнува мистериозно и по пет години повторно се појавува.Во книгата е опишано за тоа како луѓето се соочуваат со загубата на некој свој близок и како може да им се промени животот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: fantina

fantina

Истакнат Член
29 април 2012
112
163
343
Февруари многу слабо...Само две книги.
5. „Клубот на љубители на чоколадото“-Керол Метјуз (y)
После сите трилери од Јануари сакав малку да си го пуштам мозокот на пасење, па затоа изборот падна на оваа книга, бидејќи и немав којзнае колкав избор во моментот.
Четири девојки кои обожаваат чоколада си формираат клуб на чокохоличарки и често се среќаваат во во Чоколадниот рај. Книгата е за авантурите и животите на Луси која е и најголем зависник од чоколадото, Надја, Отум и Шантал. сите различни карактери, секоја со свој проблем и сите со една заедничка страст кон чоколадото. Ако пишувам повеќе ќ ја откријам цела содржина, всушност за чик лит литературата не ни има многу што да се кажува. Јас вакви книги читам за време на колоквиуми, за да се насмеам и да се одморам.

6. „Читачот“-Бернхард Шлинк (y)
Убава книга според која е снимен и филм. ете доживеав и јас да видам филм снимен според книга, во кој нема ништо додадено ниту одземено, туку приказната си е скроз иста како што си е и во книгата.

Петнаесет годишниот Михаел Берг случајно ја запознава двојно повозрасната Хана Шмиц, меѓу нив се развива сексуална врска, можеби и нешто повеќе. Потоа Хана исчезнува и Михаел не слуша за неа ништо цели 8 години. Што се случува понатаму, која е Хана, зошто исчезнала и каде се наоѓа сега? Не сакам и нема да откријам бидејќи ќе им го уништам задоволството, на оние кои сакаат да ја прочитаат или да го гледаат филмот. Мислам дека и тоа што кажав дека меѓу нив постои сексуална врска е премногу, ова е нешто што треба да се прочита или да се гледа филмот, затоа што вреди да се доживее, да се оправда Хана или да се осуди.
Приказната е за што се правеле Германците за време на војната, колку биле свесни за она што го правеле во тој момент и дали зажалиле?
Ова е приказна која освојува, без разлика на чија страна ќе застаните. Најтопло ја препорачувам. Вие одлучете дали ќе читате книга или ќе гледате филм. Подеднакво се добри, но за филмот во друга тема. :)

Се извинувам што не ги напишав страните, но книгите веќе ги вратив во библиотека.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Bibi@

Староседелец
Најфотограф
1 март 2012
399
743
1,103
6. "Заговорот Моцарт" -Скот Маријани (y)
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
9. Злоба - Даниела Стил
256 стр.

Грејс е несреќна девојка која многу страда откако нејзината мајка тешко се разболува. Приморана е да биде жртва на сексуално насилство кое и’ го причинува нејзинот татко кој е угледен адвокат. На денот на смртта на нејзината мајка, Грејс го убива и го признава убиството но не сака да признае дека била злоставувана. По низа околности добива 2 години во затвор каде претрпува повторно насилства, но и стекнува 2 пријателки. Откако излегува од затворот започнува да води мирен живот и конечно ја добива среќата која ја заслужува.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
10. Посакувам да си тука - Франсеск Миралјес
255 стр
Даниел е ненадејно напуштен од неговата вереница токму на неговиот 30ти роденден, на кој добива поклон музички албум со наслов „Посакувам да си тука“ од пеачката Ева Винтер. Бидејќи текстот на песните е какотој да го пишувал, заминува во Париз во потрага на пеачката. При тоа наидува на детска книга чиј главен лик е Мери и решава да ја врати книгата на сопственичката. По низа разменети мејлови сака да открие кој се крие од другата страна на интернетот и барајќи ја тајната градина го бара и своето вистинско јас и воедно неговата љубов, но открива една тајна која ќе промени се’.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed
Статус
Затворена за нови мислења.