Предизвик за читање на книги - 2013

Challenge ACCEPTED - Difficulty leveL

  • easy - 25 книги

    Гласови: 8 28.6%
  • normal - 35 книги

    Гласови: 9 32.1%
  • hard core - 45 книги

    Гласови: 11 39.3%

  • Вкупно гласале
    28
Статус
Затворена за нови мислења.

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
8. Полноќна Палата - Карлос Руиз Зафон - 251 страна, Клуб Матица

Овој роман има предговор кој гласи вака „Драги читателе, Јас сум од оние што редовно ги прескокнуваат предговорите и воведите, затоа што сакаат веднаш да преминат на работата. Ако е така и со тебе, прескокни ја веднаш оваа страница и зафати се директно со романот, што всушност е единственото важно. Но аки си од оној вид читател(а признавам дека и јас сум понекогаш таков) што ги мачи љубопитноста, дозволи ми да ти раскажам накратко нешто за овој роман, што се надевам ќе ти помогне да го ставиш во соодветен контекст“
- Епа драги писателе, јас не скокнав ниту една точка од книгава. Нема ни да скокнам и уште од трите што ми останаа од тебе во агендата што следи... Нема да скокнам зошто пишуваш така што ме тераш да ти ги пијам редовите.

Книгата, како и сите други на Зафон е мистерија до последната точка.
Заплетот почнува во една мрачна вечер ужасно невреме. Еден човек се обидува да спаси две бебиња од сигурна смрт. Нив ги спасува себе не.
Ги спасува носејќи ги во Полноќната палата...
Дејствието оди 16 години напред.... на еден состанок од тајно друштво.
Дејствието се случува во Индија и разбирливо како и скоро сите други книги што ги читам се случува во минатите векови. Овој пат 20ти.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: fantina and Redhead

Bibi@

Староседелец
Најфотограф
1 март 2012
399
743
1,103
8. "Рингишпил" - Јелена Б.Алимпиќ (y)(n)
 

Bibi@

Староседелец
Најфотограф
1 март 2012
399
743
1,103
10. "Илјада неверојатни срца" -Калед Хосеини
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
10. "A Dream Forever" - Megan MacDonnell - 158 страници

Случајно налетав на ова издание од пред неколку децении. Мило ми е што го прочитав. Се работи за тинејџерка и нејзиното преселување во друг град. Нејзините родители се премногу конзервативни и ја запишуваат во приватно училиште. Поради општата неприфатеност, таа постојано се крие како глувче во дупка, но не може да избега од некои работи - како на пример љубовта. Исто така, сметам дека книгава дава една вистинска слика за тоа колку само многу можат да погрешат тинејџерките и колку само избрзуваат со нивните одлуки. Преубава книга што вреди да се прочита.
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
1. Името на розата - Умберто Еко (750 стр)
2. Небеска Тимјановна - Петре М.Андреевски (435 стр)
3. Неподносливата леснотија на постоењето - Милан Кундера (387 стр)

4. Смешни љубови - Милан Кундера (240 стр)

Оваа книга е збир на седум разкази за љубовта и еротиката.
Иако навидум помала книга, воопшто не заостанува зад неговите други книги.
Кундера како и во секоја друга книга, низ призмата на "смешни" ситуации совршено ја опишува човековата психа.
Како низ љубовните "игри", потребата за љубов, потребата за пожелност од страна на другиот пол и те како е битна.
Стравот од губењето на саканиот/саканата, сексот и еротиката, доминацијата, религијата, се ама баш се, ги опишува со неговиот препознатлив стил.
Топла препорака.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
3.
Девојката од Багдад - Мишел Нури
Прекрасна и возбудлива приказна за жена која се труди да ги исполни своите соништа.
Мишел е дете на родители од две различни култури, Истокот и западот.
Мајка и и е од потекло од Прага и работи на аеродром како стујардеса и тука
го запознава нејзиниот татко кој е од Ирак.
Меѓу нив се раѓа љубов на прв поглед кој подоцна се резултатира со брак.
Мишел детството го поминува како во бајка, се додека не почнат да сметаат
културите една на друга и се додека не започне војната во Иран...
Тогаш се ќе се измени...

4.
Исповед од харемот - Бранко Миленковиќ
Вистинска приказна за една млада Белграѓанка која поради игра на судбината и желбата за подобар и поудобен живот ризикува да замине во Рим и да работи таму наводно во луксузен хотел, меѓутоа измамена од луѓето со кои го склучи договорот, таа наместо во Рим е однесена во Дубаи и таму е принудена 4 години како робинка да му служи на Господарот. Од тука ќе се изменат и испреплетат многу работи....

Во секој случај многу возбудлива приказна...


5.
Дневникот на заводникот - Сорен Кјеркегор
Во оваа книга се зборува за односот на писателот со неговата свршеница, десет години помладата Реџина Олсен.Иако на почетокот тие биле многу заљубени , тој ја прекинал свршувачката една година после нејзиното објавување.После овој настан, Олсен му станала муза и инспирација за неговото творештво...
Во оваа книга се зборува за бракот, етиката, стравот и религијата...
 

fantina

Истакнат Член
29 април 2012
112
163
343
Не сум задоволна ни од Март, но обврските не ми дозволуваат повеќе :( Само една книга...
7. „Норвешка шума“ - Харуки Мураками (мислам дека беш 355 стр.)
Тору Ватанабе е главниот лик и преку неговото раскажување за неговиот студентски живот во Токио во 20 век, ги запознаваме двете девојки Наоко и Мидори, едната го врзува за минатото, другата за иднината. Книгата е мрачна, со многу чуства и описи. Стилот на Мураками мене лично не ме воодушевува, тешко се убедувам да започнам некоја негова книга, а уште потешко да продолжам да ја читам, но кога ќе навлезам во приказната ги читам без проблем, за на крајот да се разочарам. Некако ми се мачни неговите книги. Главниот лик обавезно прави некој глупав потег што ме разочарува. И на крајот се прекорувам самата што сум се надевала дека ќе биде поинаку. :D Двете што ги имам прочитано зборуваат за една жена од минатото на главниот машки лик со која тој е опседнат и една жена која е моментално во неговиот живот. Сепак, би сакала да ја прочитам уште и „Спутник љубов“, па потоа да кажам некој збор повеќе за Мураками како автор, иако не верувам дека ќе ми се промени мислењето. И покрај се, Шумата е дефинитивно книга која ја препорачувам. Омилен лик ми беше Мидори.


Се враќам на крајот од Април со повеќе и поубави книги. Една веќе има на списочето. :)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
- Clockwork Orange - Anthony Burgess. Иако сум навлезен на втората полоцина, верувам за некој ден или два ќе ја дочитам. Приказната веќе толку пати позната и прераскажана. Интересен е стилот со мешаница на некои руски кованици као Horrorshow- хорошо - добро. Одличен опис за субјективното гледиште општо, преку т.н. Лудовиков процес. Исто една добра мисла од книгата: "Goodness is something chosen. When a man cannot choose, he ceases to be a man.
Топла препорака за оние кои го имаат читано Колекционер од Фаулс.
 
Статус
Затворена за нови мислења.