4. Сенка на ветрот - Карлос Руиз Зафон - број на страници: 535 „Матица“
5. Играта на ангелот - Карлос Руиз Зафон - број на страници: 501 „Матица“
И, едноставно незнам како да почнам со раскажување.
Сеуште сум под импресии.
Стилот на Зафон би било мизерно да го коментирам - затоа што никогаш не би успеал да постигнам да ја опишам неговата убавина.
Значи во „Сенка на ветрот“ се зборува за Даниел, кој случајно доаѓа до книга со наслов „Сенка на ветрот“ од некој непознат писател(не ми се лутете што го заборавив името на писателот). Книгата ја наоѓа во една антикварница за книги, која е во нивна сопственост. Даниел се воодушевува од убавината на книгата, и сака да најде уште книги од тој писател. Арно ама, тоа нема да биде возможно, затоа што дознава дека мистериозно исчезнуваат сите негови книги.
Така, Даниел ќе успее да се заплетка во мрачните тајни на Барселона.
А, да, заборавив, овој настан се случува некаде во 1945 година.
Е сега, што се случува во „Играта на ангелот“?
Значи Даниел е еден млад писател кој секогаш пишува под псевдоним. Случајно тој ќе купи нова куќа, за која се шири муабет дека е опседната од демони. Тој нема да поверува и ќе се насели во таа куќа. Набрзо потоа ќе добие понуда да напише нова книга - нешто слично на нова религија, и со таа книга да престане веќе да биде познат само по својот псевдоним туку да се појави неговото вистинско име.
Незнаејќи во што каша влегува Даниел, ќе се согласи.
Е што подоцна се случува...
Можам само да кажам дека крајот воопшто не го очекував.
Кога Даниел отиде во полициската станица да ги пријави убиствата и да каже дека убиецот е неговиот издавач, и кога го опиша на лик... добива одговор сличен на овој(не ме држете за збор, не го запамтив од збор до збор, но таа е смислата) „Извинете господине, незнам за што зборувате, само знам дека оној беџ со Ангел, што опишувате дека го носел тој човек на роверот, вие го носите откако знам за вас“.
- така и го добива книгата името „Играта на Ангелот“