Февруари многу слабо...Само две книги.
5.
„Клубот на љубители на чоколадото“-Керол Метјуз
После сите трилери од Јануари сакав малку да си го пуштам мозокот на пасење, па затоа изборот падна на оваа книга, бидејќи и немав којзнае колкав избор во моментот.
Четири девојки кои обожаваат чоколада си формираат клуб на чокохоличарки и често се среќаваат во во Чоколадниот рај. Книгата е за авантурите и животите на Луси која е и најголем зависник од чоколадото, Надја, Отум и Шантал. сите различни карактери, секоја со свој проблем и сите со една заедничка страст кон чоколадото. Ако пишувам повеќе ќ ја откријам цела содржина, всушност за чик лит литературата не ни има многу што да се кажува. Јас вакви книги читам за време на колоквиуми, за да се насмеам и да се одморам.
6.
„Читачот“-Бернхард Шлинк
Убава книга според која е снимен и филм. ете доживеав и јас да видам филм снимен според книга, во кој нема ништо додадено ниту одземено, туку приказната си е скроз иста како што си е и во книгата.
Петнаесет годишниот Михаел Берг случајно ја запознава двојно повозрасната Хана Шмиц, меѓу нив се развива сексуална врска, можеби и нешто повеќе. Потоа Хана исчезнува и Михаел не слуша за неа ништо цели 8 години. Што се случува понатаму, која е Хана, зошто исчезнала и каде се наоѓа сега? Не сакам и нема да откријам бидејќи ќе им го уништам задоволството, на оние кои сакаат да ја прочитаат или да го гледаат филмот. Мислам дека и тоа што кажав дека меѓу нив постои сексуална врска е премногу, ова е нешто што треба да се прочита или да се гледа филмот, затоа што вреди да се доживее, да се оправда Хана или да се осуди.
Приказната е за што се правеле Германците за време на војната, колку биле свесни за она што го правеле во тој момент и дали зажалиле?
Ова е приказна која освојува, без разлика на чија страна ќе застаните. Најтопло ја препорачувам. Вие одлучете дали ќе читате книга или ќе гледате филм. Подеднакво се добри, но за филмот во друга тема.
Се извинувам што не ги напишав страните, но книгите веќе ги вратив во библиотека.